eMilanist
Ursus domesticus
- Член од
- 27 септември 2007
- Мислења
- 2.401
- Поени од реакции
- 1.828
Јас зборам за Срните, свињите сега ти ги спомна, а патем...... кај нас свињите се во голем пораст последниве 5 години, ова се инфромации од терен, а не лупање празни теории. Ај кажи како тоа срните копаат по храна? Какво собирање желади под метар и пол снег бе друже?? Немаат екстремитет за копање, а ниту за движење по снег....отежнато се движат по зима поради нивните тенки нозе.Ааа, си присуствувал на прехранааа...! Колку пати годишно? На колку места? Може ли да не информираш како стојат работите низ другите ловишта во Македонија?
Јас, пак, сум присуствувал на апсења на ловци фатени во криволов, со по две-три срни у багаж. И сега?
Па се чудиме после, волци шетале по градовите. Па кога сотреа и зајак и срна, што да праат, да завиваат во планините?
И да, срните преживувале и преживуваат во зима со брстење грмушки, дабова шума, копање под снегот за да најдат сува трева, собирање желади... како што преживувале стотици илјади години нанзад. Тоа што некој им однел еднаш во годината сено, не му дава право ги убива.
А дивите свињи како ги прехрануваат во зима?
И да.... збориме овде за лов, не за криволов, секој што има уловено срна (а нема платено глоба за дозвола на лов на истата) е криволовец, за таквите не сакам да праам муабет.
Лов што го почитувам е лов со еднометка, значи имаш една шанса за отсрел, тука животното (не збориме за Срни) има големи шанси за бегство, и во реални услови се лови на 50-ина метри, а не 500.