Вахабизмот е Исламско-Сунитска фракција (секта или учење), кое што се појавува во првите векови од конституирањето на Исламот како државна религија, и откако завладеаните-освоени простори влегуваат во тоа теократско уредување, во Саудиска Арабија се појавуваат овие практикувачи на Исламот.
Ова нешто не произлегло во Албанија и кај Албанците, и до ден денес меѓу албанците најслабо суштествуваат ваквите идеи.
Досега неколку пати е фрлена мрежа на тренинг кампови во Србија (Нови Пазар), Босна и Херцеговина (СанџаК) идр.
Досега во Албанија, Косово, Западна Македонија, сеуште не се појавил сомнеж за такво до крајно ексремистичко учење и заговарање на една толпа цел народ.
Во 2006 година (кога јас последен пат го барав Бог), во една Битолска Џамија дојдоа десетина пакистанци. Истите тие, бараа млади деца, желни за "учење" на Ислам, некаде во пустините на Пакистан. Неколку души, беа пратени, истите тие беа Роми. Истите десетина Пакистанци престојуваа во домовите на Ромите во Битолскиот Баир. Ромите се таргет група со која што лесно манипулираат, пред се поради финансиски причини.
Кај албанците, тогаш и сега, постои голема аверзија према таквите појави, и Битолскиот муфтија, им забранува влез по Битолските џамии.
Прашање е што ли тие беа? Каде ли тие потекнуваа? Дали беа Вахабисти? Дали беа припадници на Ал Каеда (овие две структури и учења се разликуваат и се косат меѓусебно, до некаде)? Дали беа обични и искрени Исламо-љубци? Никој не знае.