Па вака, на клиника мораат прво да те прегледаат, па да ти фукнат цена, затоа што зависи од аномалијата пред се`, кои методи ќе треба да ги употребат. Само сигурно е дека се плаќа контрола 20 евра, еднаш месечно и ако ти се откачи некое делче од протезата и го изгубиш/голтнеш, ќе мораш да си го платиш.
Е кај приватните е различно, зависи од лекарот каква тарифа си одредил. Обичните фиксни се скоро секаде најмалку 300 евра, а има ординации кои си работат со свои материјали, некои ординации ќе ти дадат список и ќе те натераат во некоја од продавниците за медицинска опрема да си ги купиш материјалите. Некои ординации ќе ти наплаќаат и контроли, некои ординации ќе те остават на рати да платиш.
Има секакви акробации, така да најдобро прво да се советуваш со вработените од избраната ординација и убаво да се распрашаш пред да ставиш протези