dragonsky
Hate leads to suffering
- Член од
- 25 декември 2010
- Мислења
- 43.407
- Поени од реакции
- 85.359
Па до душа не го мислев тоа за АПОЕЛ пошто играат добар фудбал плус имаа лесна група ама нема врска сега тоа.Па никој не ни очекува дека ќе пројдат групи. Не можеш да споредиш Клуж со еден Манчестер Јунајтед. Тоа што им се посреќи на Апоел лани е друга работа. Верувам дека и пред почетокот на ланската ЛШ си мислел, дека Апоел е отепана екипа или не?
Стигнавме до муабетот „деца од улица да собереа“ или „ние тука од форумов да се соберевме“ немаше да примиме толку голови.
Па не дека јас ги имам гледано Нордсјаленд, ама кога доаѓаат како шампиони од земја, која има еден директен претставник во ЛШ, секако не треба да им се суди пред време. Нема потреба од глупирање, јасно е дека ќе завршат на 4. место, затоа што имаат доста јака група.
Не знам вие што сакате. 10 тимови од Англија, 5 од Шпанија, Италија, Германија и Франција и некои посилни тимови како Зенит, Порто, Шахтар. Само ваљда и тогаш ќе најдете мана.
Не знам што толку ви сметаат тимовите од послабите лига, кога на крај се се сведува на 5-6 тима.
Епа такви се де Шпанците, мисли дека нема потреба да учи англиски. Ете и Канаваро ваљда не знаеше англиски, кога веќе зборуваше на италијански. Ама тоа не значи дека се глупи и заостанати.
Нордсјеланд можеби се шампиони во Данска ама сепак тоа не значи дека се квалитетна екипа за во ЛШ. Еве и Монпеље се шампиони во Франција па не ми се верува дека ќе продолжат понатаму во ЛШ.
Сега читам РДМ кажал дека Нордсјеланд се најслаби во групата. Добро до душа не треба да си научник за тоа да го утврдиш ама како стигнал до тоа мислење? Сигурно многу ги гледал Нордсјеланд лани.
Реални да бидеме и Нордсјеланд да беа во група со БАТЕ,Динамо М. и Порто ќе беа последни.
Зошто? Затоа што СПОРЕД МЕНЕ тие се едни од отепаните екипи.
Според мене. Што не значи дека сум во право. Еве имаат 6 меча нека ме демантираат. Истото важи и за Динамо. Јас викам дека двете екипи комбинирано ќе имаат 2 бода максимум.
Клуж можеби ќе освојат повеќе бодови и можеби и ќе имаат шанса да играат во 1/16 финале во ЛЕ зависи како ќе одат работите.