Либија по Гадафи

  • Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување
М

Мартин`

Гостин
Дури и првиот човек на привремениот совет Махмуд Џибрил во изјава кажува дека многу луѓе/држави ја посакувале смртта на Гадафи поради тоа што знаел многу работи кои досега не биле достапни на јавноста. Искрено сакам да тие работи ги има некако зачувано па неговата фамилија доколку е можно да ги објави да види светот какви лидери имаат, не е ни чудно дека Гадафи и самиот ја подржувал кампањата на Саркози финансиски.. нешто подоцна истиот стана негов најголем непријател.

Инаку вчера пресметка на две племиња во градот Саба, епилог околу 20тина мртви. На добар пат се (n)
 
Член од
29 јануари 2012
Мислења
2.172
Поени од реакции
3.719
Аман бе уште ли ќе се расправаат овие,значи нема ден лудиот исток да го нема на вести.Во експлозија на бомба загинаа 5 души, 3 повредени -.-
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
475
Поени од реакции
177
Cui bono? ( за чие добро?) е славното прашање кое го поставил Lucius Cassius Longinus Ravilla, Римскиот конзул од 127 г.п.н.е.
Ти даде одговор на ова прашање. Граѓаните ќе бидат изложени на насилства, а за тоа време компаниите ќе собираат профити.
А тоа е пошто беа глупи подлегнаа на американскиот прашак за перење мозок!!Бараа демократија еве им ја!!
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.396
Поени од реакции
33.508
... и едно десетина година подоцна:



 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.396
Поени од реакции
33.508

Слободоборци, во борба до последниот слободарско-демократорски терорист.

https://off.net.mk/vesti/svet/koja-e-eu-da-zboruva-koj-e-sponzor-na-terorizmot

Која е ЕУ да зборува кој е спонзор на тероризмот?

2 декември 2022 - 11:32


Европратеничката од Ирска Клер Дали гласаше против резолуцијата на Европскиот парламент Русија да се прогласи за држава спонзор на тероризмот, затоа што нејзините не го гледаат сопствениот тероризам.



За Дали НАТО денес во Украина тврди дека се бори за заштита на слободата, демократијата и човековите права. Исто како и во Либија, каде за време на нападите на НАТО либискиот лидер беше заробен, содомизиран со бајонет и застрелан во глава.

Таа потсетува и што се случи откако НАТО, со голема помош и инсистирање од некои ЕУ членки, интервенираше во Либија во име на сите овие вредности:

„ Терор, смрт, беззаконие, силувања, сиромаштија, глад.

Либија е држава разорена од конфликт, нејзината економија е растурена, а нејзината популација, некогаш најбогата во Африка, завиена во сиромаштија.

Мигранти се купуваат и продаваат на пазари за робови.
Милион луѓе зависат до хуманитарна помош.

Ова е држава на масовни гробници и злосторства против човештвото. Тоа е оставината на НАТО. “

 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.853
Ако пред 12 години во Триполи имаше над 100.000 инженери, доктори, работници од странство за изградба на Либија, денес во центарот на Триполи има пазар за луѓе, каде за 50 евра можеш да си купиш 3 робови. Драстично зголемена стапка на убиства, криминал, кражби... Тотална анархија по улиците... За некоја година во Либија доаѓаат големи промени ама уште на полошо.
Таканаречената западна интервенција за демократија, не им ги памтам веќе имињата, Милосрден ангел, Хуманитарна мисија, итн..
Ако повлечам паралела со Македонија, не сме далеку и тука каде за 50 евра можеш да си купиш души кои ќе служат на нивните изопачени неолиберални сексистичко фашистички идеологии.
Но народите ќе се кренат, доаѓа денот кога кога ќе си го побараат своето...

И да не заборавиме дека во 80-тите во времето на Гадафи имаше илјадници наши градежници, асфалтери, заварувачи, електричари, монтери...

И тоа од гигантите градежните компании АД Пелагонија, Гранит, Бетон, Трудбеник и Акционерското друштво за истражување,проектирање производство и изградба на енергетски индустриски објекти со полна одговорност АД ЕМО Охрид.

Доста луѓе направиле пари во тоа време и ден денеска животот го живеат како господин, а тие што не направиле пари од работење во Либија причината е тоа што девизите им ги заплениле ШТЕДИЛНИЦИТЕ "ТАТ" БИТОЛА, "АЛФА С" СКОПЈЕ, "ЛАВЦИ" ОХРИД и АД Љубљанска Банка...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom