Human, насловот создава забуна, бидејќи темава е отворена пред да ескалира ситуацијата (а некој го мрзи да провери кој датум). Кога би се променил насловот во Граѓанска војна во Либија, нема да има вакви коментари.
Туку... како поминува времето, се повеќе ми станува сомн ителна целава оваа ситуација. Се манипулира со бројката на бунтовници, се манипулира со заземени градови, се манипулира со информации за оружејто на двете страни... Работава не е чиста. А мене се повеќе ми заличува дека анти-Гадафи луѓето се... изманипулирани и подготвувани за ова.
Значи, настрана пребеганите специјалци на страната на бунтовниците, оружјето кои го користат не се запленува за толку кратко.
Од друга страна... нафтата. 2% од светската нафта ја произведува Либија, а неискористени стојат уште 4% од светските потенцијали, на нејзина почва.
Во последните 5 години, Либија започнала со зголемување на извозот кон Кина и други помали европски држави, а за сметка на тоа драстично ја намалила испораката кон Италија и големите европски земји, а кон САД од 7 на 3%.
--- надополнето ---
Нешто друго интересно по нетот:
-Со сегашниот просек на експлоатација (1.8 милиони барели на ден), Либија ќе произведува нафта во наредните 63 години.
-Либиската нафта е меѓу најквалитетната во светот, со низок степен на сол, што ја прави и полесна за обработка.
-Порастот на БДП во 2010 година во Либија бил 10,6%, со инфлација од 1%.
-Еве и некоја споредба за
невработеноста.
Да потсетам за погоре, извозот на нафта за Кина од 5% во 2006 се зголемил на 11% во 2010; кон Италија паднал од 38 на 28%; кон САД од 7 на 3%.