Либертаријанизам - Политичка Философија

Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.466
Поени од реакции
2.498
Би рекол до некаде дека сум и јас либертаријанец , колку и да ги мразам банкарите , да бидеме реални ако не се исплатеа банките во 2008 кризата ќе беше далеку поопасна , а капитализам каков и да е си има тенденции кон економски кризи , економски кризи без квантативно олеснување + фискална политика би биле геноцид.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Glavnata vrednosna baza na libertarijancite vo ramki na modernata politicka drzava e slobodniot pazar i slobodata kako individualna i egoisticka karakteristika - Mizes, Hajek, Fridman i cela bagra libertarijanci.
Tolstoj, ako si go cital, probaj so 'Voskresenie' - pretpocita razlien odnos kon etikata i politikata, da ne zboruvame za odnosot kon pravdata i odnosot kon slobodata. Kritikata na Tolstoj e kritika upatena kon pred-politickata modernisticka drzavna struktura na togasna carska rusija. Kritikite na cela tajfa libertarijanski 'misliteli' se odnesuva na modernistickata politicka ustrojba. Ima razlika. Citaj malku Ayne Rand (kako glavna inspiratorka na libertarijancite) i posle sporedi so Tolstoj i ke vidis kakvi gluposti si iznapisal. :)
Читај ти погоре и ќе видиш дека не сум. Веќе еднаш пишав и ќе пишам пак. Никаде не реков дека Толстој бил либертаријанец ако прочиташ погоре пишано е дека имале придонес што не значи и дека самите биле либертаријанци.

Во врска со другиот дел. Доста честа намерна или ненамерна заблуда е мешање на термините егоизам и самоинтерес.

Профитот се велича во пазарната економија како показател дека тоа што го произведуваш се бара на пазарот и е најхумана работа што може да постои.
Оваа работа е веќе и нашироко докажана во економските кругови т.е централна наспроти децентрализирана економија.

За да направиш едно обично пенкало треба да соработуваат илјадници луѓе ширум светот кои не знаат ништо едни за други, а профитот е тој што им кажува што и колку е потребно од една суровина, некаков дел или било каква услуга. Ова е невозможно во централизиран систем без пазарна економија.

Ayn Rand е далеку од главен инспиратор иако има и она удел. Луѓе како Мизес и посебно Eugen Böhm von Bawerk кој буквално го уништил Марксизмост со неговите критики се далеку побитни личности.
Автоматски споено мислење:

Би рекол до некаде дека сум и јас либертаријанец , колку и да ги мразам банкарите , да бидеме реални ако не се исплатеа банките во 2008 кризата ќе беше далеку поопасна , а капитализам каков и да е си има тенденции кон економски кризи , економски кризи без квантативно олеснување + фискална политика би биле геноцид.
Ако поддржуваш спасување на банки тогаш не си либертаријанец xD.

Самата криза беше како резултат на мешање на владата на УСА во работата на банките и форсирање да даваат кредити на одредени лица т.е малцинства кои не беа способни да ги враќаат. Подоцна како резултат на ова банките правеа „пакети“ каде овие пропаднати кредити се продаваа како добра инвестиција и како капак на ова федералната банка вештачки ги држеше каматите ниски што предизвика целосен крах.

Според доста економисти спасувањето на банките е лош потег и на краток и на долг период. Квантитативното олеснување или како што порано го викавме принтање пари е скриен данок т.е данок на заштеди а.к.а инфлација.(Што го плаќаме ние за некој банкар да си игра курташак т.е да се коцка на наша сметка)

Ако веќе зборуваме за некакво либертаријанско спасување тогаш би се обесштетиле колку што е можно поединците, а банката би се оставила да пропадне.
Според либертаријанската философија ниеден бизнис не е "too big to fail". Добивката е твоја, но и ризикот е твој.
Автоматски споено мислење:

П.С Мислам дека имаше предлог банките да се поделат на класични и инвестициски т.е едните би биле за луѓе што сакаат стабилност и би биле порегулирани додека другите би биле за луѓе што се спремни на поголем ризик и нормално поголема добивка.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2019
Мислења
214
Поени од реакции
466
Искрено многу имаш пишано, а кажано скоро ништо. Критикава ти е сакам кажам незнам речам. Прифаќам реални аргументи али твоево е стварно неповрзани работи туку така напишани колку ради реда.

Како може идеологија што во суштина и е слободата и човековиот избор да поддржува ропство? Одговорот е не може.

Либертаријанизмот се залага за било кои квалитетни и едноставни закони наспроти бирократија.
Не-агресијата важи за сите.(Нормално доколку се спроведува)(На пример загадување од поединци или компании се рачуна како агресија)

Наследството си е океј работа. Еве ќе кажам личен пример, татко ми работел по 2 работи или околу 15 часа на ден околу 20 години од неговиот живот.
Човекот буквално се утепал од работа за јас и моите браќа да имаме удобен живот и сега сакаш да ми кажеш дека човекот греши што си ги сакал децата?

Да, одредена група како наследство оставиле украдени пари ама тоа си е задача за правниот систем.

Било која приватна компанија за да ти земе нешто мора нешто да ти даде како размена додека владите само земаат без никаква услуга како замена.

П.С Освен сликава на крај се друго ти е и погрешно и намерно извртени „факти“.
П.С2 Еве во Македонија плаќаме данок 30 години за политичката елита да има 5 милијарди во Белизе и воедно огромен процент на пијавици во државен сектор да земаат плата со никаква работа еве ако сум грешка корегирај ме.
Ее види го се навреди :) Нее, воа беше само растегнати полемики во експанзивно расположение и со неколку графички описи на другата страна на паричката...
Слобода да секако па и на комунизмот суштината му беше еднаквост па видовме како заврши. Некои животни се поеднакви од другите, така исто некои животни се послободни од другите... Ти иста слобода ли имаш ако работиш 2 работи по 15 часа на ден притоа плаќајки секакви даноци и сметки без никакви државни субвенции/отстапки со некој што додека спие заработува $1243 на секунда а притоа неговата компанија плаќа само 1.2% данок додека јава државни агенции и лобира за заплеткани закони со кои може да се справи само нивната армија од адвокати и е за повеќе л-низам, само за нив...
Вие л-нците премногу се фокусирате на изолирани случаеви и сте без осет за неповратливите макро трендови кои ќе произлезат од вакви недоквакани универзални решенија. Не е така едноставно, еднаквост vs слобода, оти ако има премалку од една од овие тогаш се губат и двете, како што рекол Бакунин:
Political Freedom without economic equality is a pretense, a fraud, a lie; and the workers want no lying.

Не сум против л-низмот како таков, сум против кога тој се нуди како единствен пат и решение за сите проблеми на светот. Или пак кога станува синоним за административни реформи... еве читај се самиот:
„Се залага за квалитетни и едноставни закони наспроти бирократија“. Има некој што не се залага за тоа? Си сретнал некој што се залага за бирократија и лавиринт држава?
Не сакам неагресија кога се работи за загадување, тука агресивна држава која ќе казнува, апси и камшикува се додека не се сфати сериозно ова. Неагресијата нема да се справи со глобалното затоплување, туку само агресивна политика која ќе оданочува, регулира, субвенционира и редистрибутира се додека светот на економскиот раст не се врати назад во реалниот свет на планета во самоуништување...

Наследството си е океј, како што кастите се океј... скоро сите цивилизирани држави имат данок на наследство, за милионери, за потомците кои и онака ќе станат милјардери, и нивните потомци милјардери x10... you get the point. Зошто да не одат тие пари во субвенционирање фамилии кои не можат да си дозволат сопствен стан, поради надуените цени на нерегулираниот пазар на имоти?
Дали навистина мислиш правниот систем во искрадена држава без никакви вредности може да се справи со лицата кои ќе понудат 10x лесе фер плата спрема нивната државна плата за „правда“?

П.С1 Не ме изненадува овој коментар.
П.С2 И претпоставувам решението за ова е л-низам, така? Што со корумпираното судство, со последиците од комунизмот, со нереформирана бирократија, со партиските потрчковци, со пародијата од медии, со централизацијата, со нетранспарентност и немање мониторинг, со отепаниот народ кој живее од денес за утре?
Еве и Шведска има 26% што работат во јавен сектор и каде јавните трошоци се 49% од БДП, спрема 23% и 28% во СМКД респективно, во другите нордиски држави уште повеќе, и сеуште нордискиот модел е славен низ светот. Не сум чул за шведските круни во Белизе и за вампирската администрација... Недостаток на корупција и морална и ефективна држава, ваљда...
 
[/QUOTE]

Донекаде ти го разбирам првиот дел, ДА одредено нешто може да се декларира како такво, но не значи дека самото е тоа. Ова беше случај со комунизмот како идеја и комунизмот како реалност.

Да фразата што ја употребив „Се залага за квалитетни и едноставни закони наспроти бирократија“ е прилично широка меѓутоа се додека не се дискутира за одредени прашања нема потреба бидам специфичен.

Па јас би рекол дека да, одредени т.е повеќето левичарски идеологии се залагаат за бирократија. Доколку сакаш државата да извршува едукација, здравство и ред други работи кои може да ги извршува приватниот сектор ти по дифолт сакаш бирократија.

Со цитатов се согласувам премногу
Бакунин:

Ова е уствари една од клучните поенти на Milton Fridman познат либертаријанец. Само клучното прашање е како би се постигнало ова.

Не би рекол дека било кој либертаријанец мисли дека либертаријанизмот е виша сила и лек за сите болести, но суштински сите политики што ја унапредуваат слободата по дифолт се корисни.

„Не сакам неагресија кога се работи за загадување, тука агресивна држава која ќе казнува, апси и камшикува се додека не се сфати сериозно ова.“

Овој дел ти е целосно промашена интерпретација на принципот на не-агресија. Кога некој загадува т.е прави агресија врз мене и многу други особи, државата по дифолт има дозвола за агресија се додека ситуацијата не дојде до еквилибриум т.е се додека агресијата не престане т.е загадувањето не престане и нормално поединецот или корпорацијата мора да плати за таа агресија(Дали затвор или парична казна или двете си е веќе задача на правниот систем)

Шведска и Норвешка немаат данок на наследство. Ред други напредни земји или немаат или тој е многу низок. И воедно тие што имале па го тргнале се согласуваат дека прави повеќе штета отколку корист.

Искрено зошто данок на наследство е глупа идеја причини има повеќе. Една причина е зошто веќе оданочени пари не треба да се даночат пак т.е кражбата е морално зло.
Друга работа е што наместо да ги мотивираш родителите да штедат за фамилијата ти ги мотивираш да живеат расипнички живот и да ги сјебат сите пари додека се живи.
Трето имаш глупи ситуации како во Јужна Кореја каде имаш живи мртовци т.е човекот што е на чело на Самсунг не го декларира татко си како мртов пошто ќе треба да плати 50% данок.

Јас би рекол дека надуените цени се главно поради регулација и политика. Посебно ако ја земеме Македонија за пример.

Додека во било кој периферен дел на Македонија за 20000 евра ќе изградиш или купиш палата во Скопје за 60000 евра дали 50 квадрати можеш да купиш.
Ова е буквално резултат на повеќе од 30 години централизација на ресусрси и моќ.

Денес е толку исплатливо да градиш во Скопје што не ти прави разлика дали ќе платиш мито или не.

Решението за нашиов проблем е далеку од лесно, но според мене либертаријанизмот е чекор напред.

П.С Во постот погоре имам напишано неколку примери какви реформи би требало да се направат прочитај и сподели мислења.
П.С2 Интересно е што земји како Шведска пробале да воведат масовно оданочување во 60-тите и 70-тите и сфатиле дека ова не функционира и од 95-та наваму имаат прилично либертаријанска политика.
П.С3 За да ја редистрибуираш тортата треба да бидеш сигурен дека некој прво ја испекол.
 
Последно уредено:
Член од
14 октомври 2018
Мислења
347
Поени од реакции
429
Дали пазарот ќе може да спречи појава на картели и монополи и олигополи? Ја има ли навистина таа моќ пазарот или тоа е илузија?
Мора државата да интервенира. Кога на пазарот ќе исплива некој доволно моќен (а секогаш е тоа случај) тој на секаков можен начин ќе ја елиминира или барем ќе се обиде да ја елиминира конкуренцијата со легални полулегални и криминални активности. Се разбира зависи колку државарта ќе му остави простор. Тоа најмногу во утепани држави владеат монополите кои ги корумпираат политичарите, оние понапредни имаат силно антимонополско законодавство, па и тие не секогаш се имуни.

Нерегулиран пазар освен монополи генерира и екстермна сиромаштија, ќе ти кажат кога се некои поединци неспособни можеби истата и ја заслужуваат, но тоа не е само нивни проблем, таква сиромаштија е причина за нестабилност и криминал што пак од своја страна повторно бара потреба од државна интервенција дали преку социјална политика од една страна или преку органите на прогон да воспостави ред, а каде е присутна државата таму е и бирократијата - државен интервенционизам е дефиниција за бирократија - значи повторно кругот се затвара.

Мене ми изгледа дека е сето ова само илузија дека овие либерт... - го имаат рецептот за сите проблеми. Еднаквост на можности vs еднаквост на резултати на хартија убаво звучи, проблем е човековата природа - човек на човек е волк, секој човек е потенцијален непријател на другите луѓе. Нешто слично како и онаа многу позната флоскула на комунистите која исто не успеа поради човековата природа-- - секој според можностите - секому според потребите.
Останува сегашниов систем на постојано балансирање, лево - десно без некои преголеми отклонувања во екстреми, изгледа засега не може подобро, а полошо секогаш може - но тоа кога се оди во крајности завршува со диктатура.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.862

Не се само отепани држави, во САД е најславниот случај со Стандард Оил на првиот Рокфелер кој на секој чекор ја уништувал конкуренцијата за да направи левијатански монопол, тек после пола век некако бил изгуран закон за да се раздели Стандард Оил на 20-30 помали компании. Competition is a sin е изјава на Рокфелер :)
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Мора државата да интервенира. Кога на пазарот ќе исплива некој доволно моќен (а секогаш е тоа случај) тој на секаков можен начин ќе ја елиминира или барем ќе се обиде да ја елиминира конкуренцијата со легални полулегални и криминални активности. Се разбира зависи колку државарта ќе му остави простор. Тоа најмногу во утепани држави владеат монополите кои ги корумпираат политичарите, оние понапредни имаат силно антимонополско законодавство, па и тие не секогаш се имуни.

Нерегулиран пазар освен монополи генерира и екстермна сиромаштија, ќе ти кажат кога се некои поединци неспособни можеби истата и ја заслужуваат, но тоа не е само нивни проблем, таква сиромаштија е причина за нестабилност и криминал што пак од своја страна повторно бара потреба од државна интервенција дали преку социјална политика од една страна или преку органите на прогон да воспостави ред, а каде е присутна државата таму е и бирократијата - државен интервенционизам е дефиниција за бирократија - значи повторно кругот се затвара.

Мене ми изгледа дека е сето ова само илузија дека овие либерт... - го имаат рецептот за сите проблеми. Еднаквост на можности vs еднаквост на резултати на хартија убаво звучи, проблем е човековата природа - човек на човек е волк, секој човек е потенцијален непријател на другите луѓе. Нешто слично како и онаа многу позната флоскула на комунистите која исто не успеа поради човековата природа-- - секој според можностите - секому според потребите.
Останува сегашниов систем на постојано балансирање, лево - десно без некои преголеми отклонувања во екстреми, изгледа засега не може подобро, а полошо секогаш може - но тоа кога се оди во крајности завршува со диктатура.
Цел муабет е дека идејата и желбите се едно, а реалноста е сосем друго. Убаво звучи тоа ќе ги регулираме монополите и се ќе се реши, а во реалноста најголемите монополи се овозможени и опстојуваат со покровителство на државата и тоа не само во крш држави туку и во најнапредните држави.

Дали е случајност што во земји како Шведска и Данска се приватизираа претпријатија кои беа подолго време под државна капа.(Аеродромот во Копенхаген и др)

Слободен пазар не значи како живот на дивиот запад. Слободен пазар значи постоење на регулации како рамка која би важела за сите и би немало исклучоци за одредени играчи на пазарот пошто ако почнеш со еден исклучок за две три пет години ќе имаш 1000 од кои бенефит ќе имаат најголемите компании.

Единствен реален лек за монополите е конкуренцијата, а задача на државата е да обезбеди услови каде малите компании нема да бидат задушени пред да успеат да го понудат своето решение на пазарот.

Equality of outcome е едно од најголемите зла што постојат, поради повеќе причини, а воедно и главна причина зошто комунизмот е мртва идеја.

Што дека во Венецуела сите се еднакви кога сите се еднакво мизерни?

Од еднаквост очекувам само еднаквост пред законот.
 
Член од
28 декември 2019
Мислења
214
Поени од реакции
466
Донекаде ти го разбирам првиот дел, ДА одредено нешто може да се декларира како такво, но не значи дека самото е тоа. Ова беше случај со комунизмот како идеја и комунизмот како реалност.

Да фразата што ја употребив „Се залага за квалитетни и едноставни закони наспроти бирократија“ е прилично широка меѓутоа се додека не се дискутира за одредени прашања нема потреба бидам специфичен.

Па јас би рекол дека да, одредени т.е повеќето левичарски идеологии се залагаат за бирократија. Доколку сакаш државата да извршува едукација, здравство и ред други работи кои може да ги извршува приватниот сектор ти по дифолт сакаш бирократија.

Со цитатов се согласувам премногу
Бакунин:
Political Freedom without economic equality is a pretense, a fraud, a lie; and the workers want no lying.

Ова е уствари една од клучните поенти на Milton Fridman познат либертаријанец. Само клучното прашање е како би се постигнало ова.

Не би рекол дека било кој либертаријанец мисли дека либертаријанизмот е виша сила и лек за сите болести, но суштински сите политики што ја унапредуваат слободата по дифолт се корисни.

„Не сакам неагресија кога се работи за загадување, тука агресивна држава која ќе казнува, апси и камшикува се додека не се сфати сериозно ова.“

Овој дел ти е целосно промашена интерпретација на принципот на не-агресија. Кога некој загадува т.е прави агресија врз мене и многу други особи, државата по дифолт има дозвола за агресија се додека ситуацијата не дојде до еквилибриум т.е се додека агресијата не престане т.е загадувањето не престане и нормално поединецот или корпорацијата мора да плати за таа агресија(Дали затвор или парична казна или двете си е веќе задача на правниот систем)

Шведска и Норвешка немаат данок на наследство. Ред други напредни земји или немаат или тој е многу низок. И воедно тие што имале па го тргнале се согласуваат дека прави повеќе штета отколку корист.

Искрено зошто данок на наследство е глупа идеја причини има повеќе. Една причина е зошто веќе оданочени пари не треба да се даночат пак т.е кражбата е морално зло.
Друга работа е што наместо да ги мотивираш родителите да штедат за фамилијата ти ги мотивираш да живеат расипнички живот и да ги сјебат сите пари додека се живи.
Трето имаш глупи ситуации како во Јужна Кореја каде имаш живи мртовци т.е човекот што е на чело на Самсунг не го декларира татко си како мртов пошто ќе треба да плати 50% данок.

Јас би рекол дека надуените цени се главно поради регулација и политика. Посебно ако ја земеме Македонија за пример.

Додека во било кој периферен дел на Македонија за 20000 евра ќе изградиш или купиш палата во Скопје за 60000 евра дали 50 квадрати можеш да купиш.
Ова е буквално резултат на повеќе од 30 години централизација на ресусрси и моќ.

Денес е толку исплатливо да градиш во Скопје што не ти прави разлика дали ќе платиш мито или не.

Решението за нашиов проблем е далеку од лесно, но според мене либертаријанизмот е чекор напред.

П.С Во постот погоре имам напишано неколку примери какви реформи би требало да се направат прочитај и сподели мислења.
П.С2 Интересно е што земји како Шведска пробале да воведат масовно оданочување во 60-тите и 70-тите и сфатиле дека ова не функционира и од 95-та наваму имаат прилично либертаријанска политика.
П.С3 За да ја редистрибуираш тортата треба да бидеш сигурен дека некој прво ја испекол.
Ок како прво неможеш Шведска и либертаријанизам да ставаш во иста реченица. Шведска има државен монопол за проджба на алкохол и до скоро имаше исто монопол во фармацијата. Таму имаш огромна држава со огромни даноци со огромен „егалитарен либерализам“. Нордискиот модел најдобро може да се опише како „социјално-демократски државен индивидуализам“.

Повторно ја правиш истата грешка, поистоветуваш реформи со л-низам и бирократија со левичарство. Левичарството се залага за еднаквост пред се, л-низмот се залага за слобода во форма на индивидуални права со дерелгулиран лесе-фер капитализам и минимална влада која единствено гарантира "life, liberty and property" и неќе ни да чуе за еднаквост или велфер стејт...

Пак ги гледаш работите од гледна точка на средна класа, на штедачи и вредни работници... Данокот на наследство обично важи исклучиво за супер ботатите, милионерите и милјардерите, каде што парите сами се размножуваат. Зошто да не биде ова мотивација да се донира повеќе пари во добротворни цели?

За Македонија незнам каков е случајот, но во повеќето држави беше баш поради нерегулираните инвестициски банки и хеџ фондови, виртуелниот финансиски шпекулациски капитализам и заспаните бескорисни државни регулатори се дојде и до светска криза која пак подебелиот крај го извлекоа даночните обврзници... Еве за дерегулациите и кризата.

А тоа дека државата не нудела никакви услуги е апсурд. Баш би сакал еден ден да прекинат сите јавни и државни услуги и придонеси и државата да остане без авторитет, да видам колку либертаријанци ќе останат тогаш во новата аранхо-капиталистичка дистопија...

ПС1 - Во малите богати скандинавските земји има и социјална кохезија и совесни граѓани, не следува дека истите реформи таму можат да емулирани и на Балканот и насекаде околу светот...
ПС2 - Каде е шведскиот л-низам овде?
ПС3 - За да ја редистрибутираш тортата треба прво да ја контролираш температурата и времето на печење за да не изгори и да се погрижиш да не ја грабне некој крупен ненаситник пред да ја вкусат и малите гладни деца...

ПС4 - Чини ли компасов:

p42r2jjri3u31.jpg
 
Прегледај го приврзокот 272627
Океј само не е фер било која држава да ја фиксираш на една позиција. Повеќето нордиски земји имаат доста лез-фер слободен пазар во овие земји имаш многу лесна процедура да отвориш бизнис и си ослободен од данови во првите две години ако не се лажам.

Пак ќе кажам нордиските народи вклучително и Шведска сфатија дека некои екстремности со даночење на богатите не функционираат па тргнаа во спротивен правец.

Да, во глобала левичарството го поистоветувам со бирократија иако технички левичарското-либертаријанство не мора да биде.

Лично неам толку проблем државата да плаќа за нешто, ама не и самата да го изведува е овде веќе имаш бирократија.

На пример ваучер систем за едукација каде државата плаќа, а приватни бизниси нудат услуга е океј според мене. Од друга страна во Македонија имаш ситуација каде во последниве 30 години имаш 60 илјади деца помалку, а 5000 наставници повеќе.

Не сакам глупави даноци како inheritance tax како што кажав самиот данок има многу мани. Исто не се согласувам со високи даноци па дури ни за богатите барем според мене 35% данок е повеќе од доволно ако нема избегнување и специјални отпишувања.

Конкретно ако збориме за ефикасен данок насочен кон богатите тогаш ова е добра идеја. https://en.wikipedia.org/wiki/Land_value_tax

Инаку немам ништо против богатите да ги донираат своите пари дали на државата дали на приватни добротворни организации. Ама ако зборуваме за даночење има разлика помеѓу богати луѓе кои нудат услуга или производ кој го бара пазарот и како резултат на ова се богати и било каков вид на олигарси кои створиле капитал преку крадење.

Во врска со светската криза како што пишав погоре главната вина е кај владите посебно владата на УСА кои од една страна ги приморувале банките да даваат кредити на одредени малцинства за кои се знаело дека не можат да ги вратат. а од друга страна каматите од централната банка се држеа вештачки ниско што придонесе за дополнително влошување на кризата.

И на крај наместо да се спасат индивидуалните особи се земаа пари од даночните обврзници да се спасат банките. :facepalm:

Во Македонија би рекол имаме солидно банкарство и во 2008 барем поминавме добро. Сега единствена црна точка е Еуростандард банка која доста веројатно пропадна заради мешање на државата(барем според Трифун Костовски) колку е ова вистина не знам. Дали он и неговиот тим нешто сјебале или беа на пик на владејачката гарнитура не знам.

Факт е дека повеќето услуги што ги нуди државата може да ги нуди приватниот сектор. Ако јас плаќам за осветлување секој месец, а тоа не функционира со месеци некој ги пика тие пари во џеб, а јас не добивам услуга. Ако наместо еднаш неделно ѓубрето се собира еднаш месечно јас не добивам услуга.

Ако за еден ебан потпис треба да чекам 2 месеци јас не добивам услуга.

Единствено од локалнава полиција сум задоволен дечките се горе доле коректни и си ја работат работата иако технички нема криминал. хахахаха

Дискутабилно во УСА плаќаат и повеќе данок од нордиските земји.

Една работа што научив во блиско минато е дека тешко е да споредуваш статистики од различни земји со значителна сигурност.

Во богатите земји има кохезија пошто се богати, а богати се пошто има кохезија. Прашањето е како да се стигне до таму? Да можеби некој ненаситник ќе грабне од тортата, но се е џабе ако нема торта.

На пример во Македонија немаме торта како прв проблем.

За мене логичен предлог е даноците да се ниски се додека кохезијата е ниска и се додека вербата во државниот апарат е ниска во спротивно имаш само фрлање на народни пари во вода или ако си политичар фрлање на народни пари во Белизе.

П.С Ако не се лажам во Шведска имаат направено масивни реформи за поедноставување во даночниот систем каде е многу едноставно да платиш данок што е според мене чекор напред.

П.С2 И со таква кохезија сум против превисоки даноци пошто таквиот пристап си има и негативни страни.

П.С3 За да биде јасно не велам дека Нордиските земји се либертаријански туку дека низ годиниве имаат имплементирано доста либертаријански политики што има допринесено за значителен раст.

Ако погледнеш историски економски податоци ќе видиш дека со екстремно даночење во 70-те и 80-те имаш стагнација па со реформите од 90-та па наваму имаш значителен раст т.е не значителен туку огромен раст.
 
Последно уредено:
Член од
12 април 2020
Мислења
468
Поени од реакции
866
Либертаријанизмот е одлична филозофија. Слободарство ми е чини на македонски се вика.

Во основа една од најдобрите досега, ама никаде не е спроведена како што треба. Рон Пол е политичарот во Америка кој доста долго беше медиумски познат. Идеите не му беа лоши.

Кај нас во Македонија тешко дека би можеле да воведиме слободарство, менталитетот не ни е таков.
 
Член од
14 октомври 2018
Мислења
347
Поени од реакции
429
Цел муабет е дека идејата и желбите се едно, а реалноста е сосем друго. Убаво звучи тоа ќе ги регулираме монополите и се ќе се реши, а во реалноста најголемите монополи се овозможени и опстојуваат со покровителство на државата и тоа не само во крш држави туку и во најнапредните држави.

Дали е случајност што во земји како Шведска и Данска се приватизираа претпријатија кои беа подолго време под државна капа.(Аеродромот во Копенхаген и др)

Слободен пазар не значи како живот на дивиот запад. Слободен пазар значи постоење на регулации како рамка која би важела за сите и би немало исклучоци за одредени играчи на пазарот пошто ако почнеш со еден исклучок за две три пет години ќе имаш 1000 од кои бенефит ќе имаат најголемите компании.

Единствен реален лек за монополите е конкуренцијата, а задача на државата е да обезбеди услови каде малите компании нема да бидат задушени пред да успеат да го понудат своето решение на пазарот.

Equality of outcome е едно од најголемите зла што постојат, поради повеќе причини, а воедно и главна причина зошто комунизмот е мртва идеја.

Што дека во Венецуела сите се еднакви кога сите се еднакво мизерни?

Од еднаквост очекувам само еднаквост пред законот.
Дали не се разбираме или што е проблемот.

Значи идеите се супер, само колку можат да се спроведат во пракса. Јас сум за само не ќе да е работава баш толку розова и сега ќе дискутиравме за такви либертаријански држави а не која држава или партија е поблиска до оваа идеологија.

Зборев за приватни, а ти дискутираш за државните монополи. Сигурно знаеш дека многу полошо од државен монопол е приватен монопол.
Свесен ли си дека самиот пазар создава монополи, не му е потребна држава, а и покрај антимонополското законодавство тие пак се создаваат и го корумпираат системот.
Би рекол и дека успешноста на државите зависи од тоа како се справуваат со ова.

Не див запад но тоа да има "регулации како рамка која би важела за сите и би немало исклучоци за одредени играчи на пазарот" е неспроведливово целст и обично важи за обични смртници, за оние етаблираните важат некои други закони и тоа не само кај нас,(најмалку кај нас), него и кај најнапредните западни држави. Ете кај нив е можен дури и преседан, како позитивен пример е погоре беше спомнато разбивањето на монополот на СтандардОил на Рокфелер, но и за тоа им требало 30 - 40 год...
 
Државните монополи се далеку полоши од приватните, а и тие што се приватни опстојуваат во соработка со локалната влада.

Нормално е одредена компанија да има одреден период монопол, но со време ова се решава со конкурентски производи, а наспроти ова за државните монополи немаш решение.

П.С Кажи ми од кои приватни монополи патиш чисто информативно. Еве јас ќе се пожалам дека буквално од сите државни монополи патам.(Струја, вода, администрација, патишта, пошта, возови и се по ред)
 
Член од
28 декември 2019
Мислења
214
Поени од реакции
466
Океј само не е фер било која држава да ја фиксираш на една позиција. Повеќето нордиски земји имаат доста лез-фер слободен пазар во овие земји имаш многу лесна процедура да отвориш бизнис и си ослободен од данови во првите две години ако не се лажам.

Пак ќе кажам нордиските народи вклучително и Шведска сфатија дека некои екстремности со даночење на богатите не функционираат па тргнаа во спротивен правец.

Да, во глобала левичарството го поистоветувам со бирократија иако технички левичарското-либертаријанство не мора да биде.

Лично неам толку проблем државата да плаќа за нешто, ама не и самата да го изведува е овде веќе имаш бирократија.

На пример ваучер систем за едукација каде државата плаќа, а приватни бизниси нудат услуга е океј според мене. Од друга страна во Македонија имаш ситуација каде во последниве 30 години имаш 60 илјади деца помалку, а 5000 наставници повеќе.

Не сакам глупави даноци како inheritance tax како што кажав самиот данок има многу мани. Исто не се согласувам со високи даноци па дури ни за богатите барем според мене 35% данок е повеќе од доволно ако нема избегнување и специјални отпишувања.

Конкретно ако збориме за ефикасен данок насочен кон богатите тогаш ова е добра идеја. https://en.wikipedia.org/wiki/Land_value_tax

Инаку немам ништо против богатите да ги донираат своите пари дали на државата дали на приватни добротворни организации. Ама ако зборуваме за даночење има разлика помеѓу богати луѓе кои нудат услуга или производ кој го бара пазарот и како резултат на ова се богати и било каков вид на олигарси кои створиле капитал преку крадење.

Во врска со светската криза како што пишав погоре главната вина е кај владите посебно владата на УСА кои од една страна ги приморувале банките да даваат кредити на одредени малцинства за кои се знаело дека не можат да ги вратат. а од друга страна каматите од централната банка се држеа вештачки ниско што придонесе за дополнително влошување на кризата.

И на крај наместо да се спасат индивидуалните особи се земаа пари од даночните обврзници да се спасат банките. :facepalm:

Во Македонија би рекол имаме солидно банкарство и во 2008 барем поминавме добро. Сега единствена црна точка е Еуростандард банка која доста веројатно пропадна заради мешање на државата(барем според Трифун Костовски) колку е ова вистина не знам. Дали он и неговиот тим нешто сјебале или беа на пик на владејачката гарнитура не знам.

Факт е дека повеќето услуги што ги нуди државата може да ги нуди приватниот сектор. Ако јас плаќам за осветлување секој месец, а тоа не функционира со месеци некој ги пика тие пари во џеб, а јас не добивам услуга. Ако наместо еднаш неделно ѓубрето се собира еднаш месечно јас не добивам услуга.

Ако за еден ебан потпис треба да чекам 2 месеци јас не добивам услуга.

Единствено од локалнава полиција сум задоволен дечките се горе доле коректни и си ја работат работата иако технички нема криминал. хахахаха

Дискутабилно во УСА плаќаат и повеќе данок од нордиските земји.

Една работа што научив во блиско минато е дека тешко е да споредуваш статистики од различни земји со значителна сигурност.

Во богатите земји има кохезија пошто се богати, а богати се пошто има кохезија. Прашањето е како да се стигне до таму? Да можеби некој ненаситник ќе грабне од тортата, но се е џабе ако нема торта.

На пример во Македонија немаме торта како прв проблем.

За мене логичен предлог е даноците да се ниски се додека кохезијата е ниска и се додека вербата во државниот апарат е ниска во спротивно имаш само фрлање на народни пари во вода или ако си политичар фрлање на народни пари во Белизе.

П.С Ако не се лажам во Шведска имаат направено масивни реформи за поедноставување во даночниот систем каде е многу едноставно да платиш данок што е според мене чекор напред.

П.С2 И со таква кохезија сум против превисоки даноци пошто таквиот пристап си има и негативни страни.

П.С3 За да биде јасно не велам дека Нордиските земји се либертаријански туку дека низ годиниве имаат имплементирано доста либертаријански политики што има допринесено за значителен раст.

Ако погледнеш историски економски податоци ќе видиш дека со екстремно даночење во 70-те и 80-те имаш стагнација па со реформите од 90-та па наваму имаш значителен раст т.е не значителен туку огромен раст.
Не фиксирам ништо, велам дека не можеш секоја реформа во светот да ја препишеш на либертаријанизмот, особено на места како Скандинавија каде државата е мајка татко и вујко, нема никаков лесе фер таму, туку моќна и ефективна држава со ефикасно оданочување која отстранува непотребни регулативи, промовира претприемаштво, образува граѓанини, ги штити од негативните ефекти на слободниот пазар и се прилагодува на сегашниов глобален економски систем. Толку.

За приватни школи се слагам, се додека се непрофитни и независни може државата да ги финансира но пак ќе треба да регулира и да промовира компететивност за да не станат школите бескорисни цицачи на државно млеко... Исто може и со приватно здравство, нека биде и со профит, но нека трошоците бидат сразмерни со примањата, секој да си плаќа од џебот at point of service, но например доколку здравствените трошоци надминуваат 10% од годишните примања на граѓанинот/семејството, државата да дополнува тогаш. Ем индивидуална одговорност, ем достапно квалитетно здравство за сите... Што ќе речете?

За LVT исто се слагам, личи на ефикасен и ефективен данок, иако сам по себе мислам не е доволен, само чудно е зошто е толку малку распространет низ светот и со толку скромен процент...

Проблемот со богатите е самата концентрација на моќ, еве ќе ја искористам дебилната аналогија на Bafra (ништо персонално Бафра, џаст бизнис :)) но овојпат со растечки планети кои како стануваат покрупни така расте и тежината, силината на гравитационото поле и така наместо планетите да се вртат околу Сонцето во стабилна орбита, најголемата планета почнува да им ги изместува орбитите оние помалите и тие почнуваат да се вртат околу алфа-планетата и настанува таков неред и судири и уште поголеми окрупнувања и целиот систем накрај имплодира и завршува како супермасивна црна дупка...

За монополите, наместо приватизација или национализација, мислам подобра би била граѓанизација, секој граѓанин да добие 1 акција и 1 глас, да се почне со демократизација на капитализмот и да не остане никаков меанс оф продакшн во рацете на политичарите или олигарсите...

Бидејќи во денешната форма капитализмот очигледно работи само за најбогатите, мислам дека треба да се смисли некаков систем за рециркулација на богатството, да се има отворен пат и јасна прогресија од работник на минимална плата до богат инвеститор, државата да финансира квалитетно образование, професионална надградба и вештини за тие што работат на минимална, за да можат да се протнат во средната класа, потоа да се намалат даноците на приход за плати и да се воведе данок на богатство, да се збогати и поттикне средната класа да премине во инвеститорската класа, да се зголемат даноците на конзумеризам, пороци и луксуз, но мора тука малку Робин Худ држава и еден добар прогресивен данок на богатство кај инвеститорската класа, и нормално за сето ова е потребно човечен народ кој го има на ум и општото добро а не само сопствените предаторски животински нагони...

А за паразитите решението е да распишете тендер за изградба на концентрационен логор и да ги фрлете сите паразити таму, вклучително и одредени малцинства со паразитски преференции, исто ставете натпис „Работата може да ослободи“, онака во духот на либертаријанизмот и екуалити оф апарчјунити нели...
ОК да не претерувам но со нив треба некои специјални мерки... Една би била Христијанизација, на пример во Библијата пише - кој не работи, нема да јаде :gjavol:
Искрено не е едноставен проблем, за тоа е потребно лична психолошка и опшествена културна преобразба, но дотогаш сепак се нужни некакви мерки за отчетност, малку страв и намалена сигурност на работно место и некакви бенчмаркови и мерила за ефикасност на администрација... Сепак фокусот треба да биде декомунификација, не либертаријанизам.

За социјалната кохезија таму мислам сепак најзаслужна е религијата, Лутеранизмот, можеби донекаде и климата, ги сплотува ко пингвини на Антарктик :D Либертаријанизмот можеби е само симптом на недостаток на социјална кохезија... За успешниот капитализам пак најголема заслуга најверојатно има протестантската етика. Еве за религијата и нордискиот модел:

Some academics have theorized that Lutheranism, the dominant religious tradition of the Nordic countries, had an effect on the development of social democracy there. Schröder argues that Lutheranism promoted the idea of a nationwide community of believers and therefore led to increased state involvement in economic and social life, allowing for nationwide welfare solidarity and economic co-ordination.[48][49][50] Esa Mangeloja claims that the revival movements helped to pave the way for the modern Finnish welfare state. During that process, the church lost some of its most important social responsibilities (health care, education and social work) as these tasks were assumed by the secular Finnish state.[51] Pauli Kettunen presents the Nordic model as the outcome of a sort of mythical "Lutheran peasant enlightenment", portraying the Nordic model as the end result of a sort of "secularized Lutheranism".[50][52] However, mainstream academic discourse on the subject focuses on "historical specificity", with the centralized structure of the Lutheran church being but one aspect of the cultural values and state structures that led to the development of the welfare state in Scandinavia.[53]

Туку остај Шведска не е толку интересна она, кажи нешто за Норвешка и статизмот таму:

The state of Norway has ownership stakes in many of the country's largest publicly listed companies, owning 37% of the Oslo stock market[45] and operating the country's largest non-listed companies including Equinor and Statkraft. The Economist reports that "after the second world war the government nationalised all German business interests in Norway and ended up owning 44% of Norsk Hydro's shares. The formula of controlling business through shares rather than regulation seemed to work well, so the government used it wherever possible. 'We invented the Chinese way of doing things before the Chinese', says Torger Reve of the Norwegian Business School".[45]
The government also operates a sovereign wealth fund, the Government Pension Fund of Norway—whose partial objective is to prepare Norway for a post-oil future, but "unusually among oil-producing nations, it is also a big advocate of human rights—and a powerful one, thanks to its control of the Nobel peace prize".[46]
Norway is the only major economy in the West where younger generations are getting richer, with a 13% increase in disposable income for 2018, bucking the trend seen in other Western nations of Millennials becoming poorer than the generations which came before.[47]

Еве за споредба со миленијалците во либертаријанската Америка:

The boomer takes it all...

Вака значи ќе почнам со одговор на последново пошто ептен ме погоди во срце. Америка либертаријанска држава :pos: :pos: :pos: :facepalm:

Од оваа реченица можам да заклучам дека или имаш погрешна дефиниција или немаш појма што е либертаријанизам. Како може земја која има политика на затворени граници, води војна со туѓи земји, поставува тарифи и ембаргоа, дава bailout(спасување) и субвенции на корпорации, и тоне во бирократија(целиот федерален систем) да биде либертаријанска?

Буквално по сите дефиниции и на сите полиња Америка е анти-либертаријанска држава. Можеби пред 50 години на поле на бизнис имаше места како Silicon Valley каде цветаше бизнисот, но тоа е минато, денес имаш само бирократија и регулации.

Холивуд за ова е најдобар пример не ми текнува името пред да биде Холивуд имало друга локација кај што се правеле филмови ама уметниците почнале да бегаат во Холивуд поради ниски даноци и мали регулации и денес Холивуд доминира во филмската индустрија.

Е сега во новава Америка патентите кои требало да траат 20 години се продолжени на 120 години со лобирање на одредени филмски студија.

П.С Либертаријанската партија во УСА едвај 1% има на последниве избори(што е делумно резултат на дво партискиот систем во УСА, а делумно имаат и некои глупи идеи)

Да не должам ќе се навратам на почеток па ќе ти одговорам по ред.

Не ја припишувам секоја реформа на либертаријанизмот туку одредени реформи ги гледам како либертаријански, а други како не. Реално либертаријанизмот е многу едноставана философија, суштински ако била која политика го максимизира правото на избор(т.е ја зголемува слободата) тогаш таа е либертаријанска политика.

Еве да го земеме школувањето како пример, ако имаш државен монопол како што е во повеќето земји тогаш ти го кратиш правото на избор и ова е анти-либертаријанска политика.(Ова важи и доколку се работи за приватен монопол поддржан од државата. Како пример за ова во Македонија се испитните центри за возење кои на големо го крадат народот)

Либертаријанизмот поддржува ефективност и ефикасност на секое поле, а посебно за даночењето. Затоа и всушност либертаријанците се залагаат за мала суштински потребна администрација.

За слободниот пазар можам да кажам дека е подобро да го преведуваш како отворен пазар. Не знам точно за какви негативни ефекти зборуваш ако постојат такви или ако ти и одредени лица припишувате одредени ситуации/настани како негативни ефекти.

Монополите на пример не се предизвикани од слободниот пазар туку се природна појава во било кој систем. Тука суштинското прашање е колку долго ќе траат и што можеме да направиме за да тој период биде пократок.

Вообичаено приватните монополи имаат (релативно) краток рок бидејќи конкурецијата(т.е конкурентските производи) како најефикасно средство за сузбивање на монополи ги приморуваат на ова.

Друга доста битна работа е што т.н само-корекција на пазарот од време на време значи дека одредени компании ќе пропаднат и воедно работниците ќе ги изгубат работните места, но ова на долг рок е многу позитивна работа пошто не местото на овие „трули“ компании имаш нови финансиски здрави фирми кои го нудат тоа што го бара пазарот.

Ќе прекинам тука пошто ова е долга тема.

т.е уште една реченица, доста луѓе што не знаат „Е“ од економија го сметаат профитот како нешто злобно или како алчност, а всушност профитот е показател дека тоа што го нудиш на пазарот се бара или пак обратно доколку платата ти е мала тоа значи дека она што го работиш е нешто од кое пазарот е презаситен и треба да размислиш да понудиш нешто.(причини за ниска плата може да има и други, но генерално земено ова е вистина)

Во врска со здравството многу ме израдува тоа што си го напишал. Тука има една суштинска идеја што е многу битна да се сфати. Џабе ми „бесплатно“ здравство ако треба да чекам една година за рентген(како дечкото во ново напишаната тема за М.З).

Отворениот пазар е оној што ствара конкуренција, иновативност и како резултат на ова ниски цени.

Не сакам бесплатно здравство или бесплатно било што,(оти немит платно :pos::tapp:) туку прифатливи цени. Во УСА на пример имаат комбинација од глупи регулации, глуп правен систем и некој делумен монопол во фармациската индустрија што ги прави цените во здраството астрономски.

(Како интересен податок во УСА сам си го плаќаш адвокатот т.е дури и ако победиш во спорот наместо тој што изгубил да ги плати трошоците сам ги плаќаш и доста често има ситуации каде и кога победуваш губиш)

Во Шведска ми се чини дека покрај државното здраство еден куп луѓе си купуваат и приватно здраствено осигурување од очигледни причини.

LVT за жал не е распостранет(Шведска и Естонија се како примери), а ваков данок би решил доста проблеми од кои еден е доста горчлив за многу луѓе т.е цената пристапноста за домување.

Во главно цените на недвижните се толку напумпани поради цената на земјиштето и некои регулативи иако технологијата што ја имаме денес ни овозможува да градиме поефтини и поквалитетни домови.

За редистрибуција сум против иако го разбирам сентиментот поготово со нашава ситуација со ебаниве(прости на јазик) олигарси.

Мислам дека на долг рок ова би било негативно пошто ствара преседан државата да биде над поединецот и над законот и наместо генерално правило кое важи за сите имаш специфично правило кое може да биде злоупотребувано.(и од владата и од поединци)

Не сум против повисоки даноци ако важат за сите.

Естонциве ако не се лажам имаа најдобра формула. Комбинација од LVT, стандарден ДДВ, и рамен данок на приход од 20% за сите(кој технички е прогресивен пошто за доста работи има исклучоци т.е луѓето со ниски примања не плаќаат данок за есенцијални потреби како рента, имање деца, доприноси за пензија, учење/професионално надградување и др)

Во врска со монополите јас сум за било кое решение што ќе се покаже како ефикасно вклучително и твоево.

За религијата и дека имала влијание ваљда е вистина ама според мене што помалку толку подобро. Денес Швеѓаниве се во голема мера атеисти.

Норвешка е интересен пример. Иако и покрај ова што го имаш пишано целиот удел се сведува на 35% од целата економија.(Што за мене е премногу)

Во глобала не сакам да земам за пример економии кои се базирани на одредени вредни ресурси затоа Норвешка не ја спомнувам многу во дебати.

Лично ми е драго што Норвежаните се толку успешни поготово приказната за заедничкиот фонд. Само битно е и да се напомене дека еден куп земји со ресурси т.е нафта, руди и ред други работи се во некој политички/воен хаос и само мала група на луѓе има бенефит од нив.

Друга интересна работа е што од нафтениот фонд не смеат да користат повеќе од 4% годишно што би рекол дека е суштински либертаријанска идеја.

Инаку како држава Норвешка со исклучок на отворениот пазар не е либертаријанска.

П.С Не знам дали на се одговорив долг беше текстот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom