Либертаријанизам - Политичка Философија

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Либертаријанизам a.k.a Слободарство (од француски: libertaire, „слободарски“; од латински: libertas, „слобода“) е политичка филозофија и движење што ја поддржува слободата како основен/суштински принцип.

Либертаријанците настојуваат да ја зголемат автономијата и политичката слобода, нагласувајќи го слободното здружување, слободата на избор, индивидуализмот и доброволнота соработка.

Познати либертаријанци низ историјата т.е луѓе кои придонесле за развој на слободарството - https://principledlibertarian.com/2019/04/10/libertarian-thinkers/

Неколку примери тука: Ludwig von Mises, Friedrich von Hayek, Eugen Böhm von Bawerk, Voltaire, Immanuel Kant, Leo Tolstoy и др.

Мото: Слобода или смрт

Клучни Зборови: Принцип на не-агресија, индивидуална одговорност, слободен пазар, данок без репрезентација е кражба, тиранија на мнозинството, влада со ограничена моќ.

Искрено има многу што да се пише на оваа тема. На кратко либертаријанците се социјални либерали, а економски/фискални конзервативци.

Дали во Македонија има познати луѓе кои се декларираат како либертаријанци? Дали имаме либертаријански елементи во нашето право и устав?

На темава може да се пишува и дискутира за либертаријански политики и идеали, да се споделуваат мисли и цитати од антички и модерни мислители.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.504
Поени од реакции
62.309
Eдно 5 пати пробав да го изговорам ова на глас.
 
Член од
21 јануари 2018
Мислења
142
Поени од реакции
148
Одлична тема

Најпознат македонски либер...нец е Виктор Трифуновски. Мислам моментално живее во Чикаго. Неколку пати беше гостин кај Јанко во Јади бурек. Човекот е неверојатен. Енциклопедија е, начитан, поткован со знаење и спремен слободно да ги исшамари скоро сите економисти. На јутуб има неколку гостувања кај Јанко. Сите ги имам гледано по неколку пати. Препорачувам.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
@Bafra што мислиш за оваа политичка филозофија? :)
Мене повеќе ми е економска теорија отколку идеологија.
Можеби ваквиот вид на егзистирање на економијата би имал успех во земји како Австрија или Холандија но на црни Балкан ништо не успева за жал. Проблемот кај либертаријанизмот е реалната стартна позиција на луѓето. Некој лик кому татко му политичар му оставил 20 милиони евра ќе има недофатлива предност пред некој лик чии чесни родители му оставиле 50м2 станче да го дели со брата си.
Друг проблем е race to the bottom како кај платите така и кај производите и услугите. Каква би била фармацијата во еден таков систем.
Дали пазарот ќе може да спречи појава на картели и монополи и олигополи? Ја има ли навистина таа моќ пазарот или тоа е илузија?
 
Јас би рекол дека веќе има. Пошто светот е комплексен одредени земји се либертаријанци во одредени области, а во други не се.

На пример Шведска која важи за социјална/левичарска земја има зачудувачки доста либертаријански елементи. На пример пензискиот фонд им е приватизиран и базиран на придонеси, а не како ќе им текне на политичарите и како резултат на ова не може да се купуваат гласови, школството им е исто приватизирано т.е така наречен ваучер систем.

Инаку реалната стартна позиција не е проблем на либертаријанизмот туку на било кој систем. Либертаријанизмот се залага за еднаквост на можности наспроти одредени други идеологии кои се залагаат за еднаквост на резултати.

Или што би рекол Milton Friedman:

“A society that puts equality before freedom will get neither. A society that puts freedom before equality will get a high degree of both.”

Што значи race to the bottom? Пазарот дава сигнали кога одредена работна сила е премногу застапена во него. На пример дали пазарот е крив што водоинсталатер зема 800 евра плата со 1 година стаж, а дипломиран адвокат или економиста или филолог со 8 години факултет зема 300 евра.

Дали пазарот е крив што одреден youtuber од Скопје што нема 20 години веќе има повеќе од милион чесно заработени пари на сметка? Дали ова е твојот пример за race to the bottom?

Фармацијата и било која друга гранка има бенефит од конкуренција и кратка и јасна регулатива, а не илјадници страници бирократија.

Монополите се и одсекогаш биле проблем за кој нема магично решение, а најдобар лек е конкуренцијата.

Историски со мали исклучоци повеќето монополи со време се распаднуваат освен ако немаат помош од локалната бирократија.

Како најпроблематични монополи се уствари било која влада на било која држава и се што менаџираат они е горе доле катастрофален неуспех. Еве земи ја Македонија како пример и било кое државно претпријатие.(Пошти, Железници, Јавни Патишта, Локални претпријатија за вода и смет итн итн)
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.867
Поени од реакции
7.254
@Bafra што мислиш за оваа политичка филозофија? :)
Мене повеќе ми е економска теорија отколку идеологија.
Можеби ваквиот вид на егзистирање на економијата би имал успех во земји како Австрија или Холандија но на црни Балкан ништо не успева за жал. Проблемот кај либертаријанизмот е реалната стартна позиција на луѓето. Некој лик кому татко му политичар му оставил 20 милиони евра ќе има недофатлива предност пред некој лик чии чесни родители му оставиле 50м2 станче да го дели со брата си.
Друг проблем е race to the bottom како кај платите така и кај производите и услугите. Каква би била фармацијата во еден таков систем.
Дали пазарот ќе може да спречи појава на картели и монополи и олигополи? Ја има ли навистина таа моќ пазарот или тоа е илузија?
Не заборавај дека и во Австрија и Холандија имаш истото милионери и милијардери, кои дошле до тие пари на нечесен начин, а и сеуште трае тоа.:D
Зашто гледаш проблем ако некој има почетен капитал повеќе од тебе ...:toe:
Проблемот е во свеста, сфаќањето кај луѓето. Со сегашнава свест и сфаќање, единствен пат е надоле, т.е. мора да "изгориме". Битното е што после пустошењето, кое семе ќе проникне.

Историски факт е дека колку помала моќ имал системот, колку помалку се мешал во економијата, толку побрзо се развивала земјата (не само на економско поле). Шведска, Германија, УК, САД, сите се развиле кога системот најмалку се мешал, најмала моќ имал. После тоа дозволиле системот да превзема се поголема контрола и затоа сме сведоци на распад на западната цивилизација.

Се додека народ се залажува, бара и сака сите исто да имаат, ќе си страда. Треба да бараме еднаквост пред законот, правилата за сите исто да важат. Сите планети се различни (помали, поголеми) ама по исти правила на игра се однесуваат. Целиот растителен и животински свет се разликува, ама по исти правила на игра се однесуваат. Кој не игра по тие правила, на крајот секогаш наебува.

Има трилогија направена според Ајн Ранд - Atlas Shrugged. Првиот дел добри се глумците, другите делови лош избор на глумци, ама содржината е битна. Така и ќе заврши оваа цивилизација.

Libertarijanizam ili so drugi zborovi, sedenje na dva stola.
Кои се тие два стола и на кого тоа мислиш дека седи на два стола...
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.460
Поени од реакции
2.464
Libertarijanizam ili so drugi zborovi, sedenje na dva stola.
Просветлен центрист си?

Либертаријанизмот немора да значи дека е десничарски , може и да биде левичарски.

Иначе ја имам играно Bioshock :pos::pos:
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.460
Поени од реакции
2.464
Vakvite labeli mi se mnogu ugushuvacki. Lugevo mnogu se zamaraat za politicki etiketi.

Ne moze li covek da ima liberalni sfakanja za nesto i konzervativni sfakanja za nesto?
Може како не , ме интересира каде си ти од прилика на политичкиот спектар? :D
 
Член од
28 декември 2019
Мислења
214
Поени од реакции
466
Ахх Либертаријанизам, најголемиот американски експорт на денешницава и идеолошки малвер кој веќе 40 години го ботифицира цел Запад, каде ја раствори социјалната кохезија ко повеќеклеточен организам во солна киселина и од државните институции направи секс-работнички у фри трејд јавна куќа...

Во пантеонот на Либертаријанизмот врховен бог е:
Слободарството (или Свет без закони, освен оние што ми ги штитат поседите и извозот на капитал и малолетници кон приватни острови)
Други клучни богови се:
Неагресијата (или Агресија е кога државата сака да ми ги ослободи робовите)
Индивидуалната Одговорност (или Ти си растел на улица и твојата сиромаштија е твоја заслуга, а мојата палата и наследени милиони се моја заслуга)
Слободниот Пазар (или Пазарот е слободен кога 85% од финансискиот пазар слободно работи за слободно полнење офшор акаунти)
Неплаќање данок со преку-репрезентација е правда
Тиранија на малцинството <1%
Корпорација со неограничена моќ

Мото: Слобода за мојот капитал, смрт за демократијата

Идеологија од 18 век, време кога трговијата со луѓе беше легална, кога корпорации имаа приватни армии со 260000 војници и владееа со цели подконтиненти, кога царуваа кралеви без смисла за хумор и со тенденции кон бесење опозиција, кога протестантски колонисти неќеа да плаќат даноци, чунки немале репрезентација...
Во денешно време тоа се манифестира како:
download (2).jpg

Искрено мислев дека Ковидот ќе разбуди некаков антиботвер систем кај домаќините, но нејсе... Мој предлог за критичен упдејт би било да се почне со нешто едноставно, на пример The Ricklantis Mixup, не бара многу IQ, нели фридом оф опорчјунити...

Него, што би рекол првосвештеникот-неолиберал Фридман за, let's say, еднаква слобода или слободна еднаквост?
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Tolstoj i Mizes vo ista recenica. Treba da citas poveke knigi decko.
Луѓето се комплексни така да не знам што е проблемот со реченицата. Тојлстој е еден од најголемите критичари на тогашната бирократија така да и он си има значителен придонес.
Автоматски споено мислење:

Ахх Либертаријанизам, најголемиот американски експорт на денешницава и идеолошки малвер кој веќе 40 години го ботифицира цел Запад, каде ја раствори социјалната кохезија ко повеќеклеточен организам во солна киселина и од државните институции направи секс-работнички у фри трејд јавна куќа...

Во пантеонот на Либертаријанизмот врховен бог е:
Слободарството (или Свет без закони, освен оние што ми ги штитат поседите и извозот на капитал и малолетници кон приватни острови)
Други клучни богови се:
Неагресијата (или Агресија е кога државата сака да ми ги ослободи робовите)
Индивидуалната Одговорност (или Ти си растел на улица и твојата сиромаштија е твоја заслуга, а мојата палата и наследени милиони се моја заслуга)
Слободниот Пазар (или Пазарот е слободен кога 85% од финансискиот пазар слободно работи за слободно полнење офшор акаунти)
Неплаќање данок со преку-репрезентација е правда
Тиранија на малцинството <1%
Корпорација со неограничена моќ

Мото: Слобода за мојот капитал, смрт за демократијата

Идеологија од 18 век, време кога трговијата со луѓе беше легална, кога корпорации имаа приватни армии со 260000 војници и владееа со цели подконтиненти, кога царуваа кралеви без смисла за хумор и со тенденции кон бесење опозиција, кога протестантски колонисти неќеа да плаќат даноци, чунки немале репрезентација...
Во денешно време тоа се манифестира како:
Прегледај го приврзокот 272177

Искрено мислев дека Ковидот ќе разбуди некаков антиботвер систем кај домаќините, но нејсе... Мој предлог за критичен упдејт би било да се почне со нешто едноставно, на пример The Ricklantis Mixup, не бара многу IQ, нели фридом оф опорчјунити...

Него, што би рекол првосвештеникот-неолиберал Фридман за, let's say, еднаква слобода или слободна еднаквост?
Искрено многу имаш пишано, а кажано скоро ништо. Критикава ти е сакам кажам незнам речам. Прифаќам реални аргументи али твоево е стварно неповрзани работи туку така напишани колку ради реда.

Како може идеологија што во суштина и е слободата и човековиот избор да поддржува ропство? Одговорот е не може.

Либертаријанизмот се залага за било кои квалитетни и едноставни закони наспроти бирократија.
Не-агресијата важи за сите.(Нормално доколку се спроведува)(На пример загадување од поединци или компании се рачуна како агресија)

Наследството си е океј работа. Еве ќе кажам личен пример, татко ми работел по 2 работи или околу 15 часа на ден околу 20 години од неговиот живот.
Човекот буквално се утепал од работа за јас и моите браќа да имаме удобен живот и сега сакаш да ми кажеш дека човекот греши што си ги сакал децата?

Да, одредена група како наследство оставиле украдени пари ама тоа си е задача за правниот систем.

Било која приватна компанија за да ти земе нешто мора нешто да ти даде како размена додека владите само земаат без никаква услуга како замена.

П.С Освен сликава на крај се друго ти е и погрешно и намерно извртени „факти“.
П.С2 Еве во Македонија плаќаме данок 30 години за политичката елита да има 5 милијарди во Белизе и воедно огромен процент на пијавици во државен сектор да земаат плата со никаква работа еве ако сум грешка корегирај ме.
Автоматски споено мислење:

Во овој пост ќе напишам малку подетално што би вклучувале т.н либертаријански политики.(Барем според мене)

Со устав би се забраниле било какви субвенции. Проблемот со нив е бирократија, селективност и општа неефикасност.
Тука спаѓаат и било каков bailout/спасување на приватни компании од страна на владата.

Ова е доста позната практика во УСА т.е популарно наречено капитализам за сиромашните, а социјализам за богатите каде одредени приватни фирми ризикот го префрлаат на даночните обврзници.

Школството би се реструктуирало по ваучер систем. Ваков пример има во Шведска и Естонија. На кратко школстово би се финансирало од данок, но наместо неефикасен систем кој го работи државата би се издавале ваучери за школство и приватни лица би управувале со школите за профит.

Пензискиот систем исто би се приватизирал и би се сменил во формат базиран на придонеси т.е колку внесуваш толку земаш. Ова е моментално реалност во Шведска каде базирано на одредена формула пензиите растат или се намалуваат во однос на тоа како се развива Шведската економија, а не дали одреден политичар сака да купи гласови или не.

Друга опција е целосно да се укине пензискиот систем или да се има избор дали поединецот сака или не сака осигурување. На пример особа болна од рак нема потреба да чува за старост ако умре во следните 5 години.(или било која друга рандом терминална болест)

Минималната плата би се укинала.(Минималната плата е добро познат мит кој сака може да гугла)
Ова е веќе реалност во Нордиските земји и ред други европски земји каде непостои минимална плата регулирана со закон. Наспроти ова има договор од страна на унија на работодавци и унија на работници и одредена сума се одлучува да биде минималец меѓутоа ова не е обврзувачки со закон.

Социјалниот систем би се заменил со NIT(negative index tax) или UBI(Universal basic income) тука има простор за континуирана дебата меѓутоа целта е да се има систем каде би се минимизирала бирократија, а би се зголемил изборот.

На пример и кај нас има ситуации каде на крајно сиромашни особи им се крати социјална помош бидејќи собираат пластика или било која друга глупа причина.

Во фокус на државата би биле правниот систем т.е судството, финансии т.е собирање даноци и војска/полиција/пожарникари т.е ред и мир.

Значително би се работело на намалување на бирократската регулатива и разни лавиринти од кои корист имаат само влијателни политичари и добро поврзани олигарси.

Не може X политичар за проневера од милиони евра да иде 2 години условно, а дечко од Велес за 100 ќебапи да иде 3 години затвор.

Идејата е за концизни и квалитетни закони наспроти илјадници страници бирократија полна со дупки.

Даноците би се намалиле и би останале ниски се додека вербата на јавноста во државниот апарат не се зголеми.

Би се укинало било какво вработување кое не е базирано на меритократија т.е нема вработувања на база на пол, етникум или било која политичка мотивација.

На воено поле би имале политика како Швајцарија т.е без воено мешање во други земји.

Геј бракот е ок. Користење на сите дроги се декриминиализира, за производство си има посебни закони.

Се укинуваат глупави hate-speech закони и се што се коси со слобода на говор.

П.С Ќе допрам тука ако сака некој друг нека дополни со предлози и/или критики.
 
Последно уредено:
Член од
5 март 2020
Мислења
47
Поени од реакции
24
Луѓето се комплексни така да не знам што е проблемот со реченицата. Тојлстој е еден од најголемите критичари на тогашната бирократија така да и он си има значителен придонес.
Автоматски споено мислење:
Glavnata vrednosna baza na libertarijancite vo ramki na modernata politicka drzava e slobodniot pazar i slobodata kako individualna i egoisticka karakteristika - Mizes, Hajek, Fridman i cela bagra libertarijanci.
Tolstoj, ako si go cital, probaj so 'Voskresenie' - pretpocita razlien odnos kon etikata i politikata, da ne zboruvame za odnosot kon pravdata i odnosot kon slobodata. Kritikata na Tolstoj e kritika upatena kon pred-politickata modernisticka drzavna struktura na togasna carska rusija. Kritikite na cela tajfa libertarijanski 'misliteli' se odnesuva na modernistickata politicka ustrojba. Ima razlika. Citaj malku Ayne Rand (kako glavna inspiratorka na libertarijancite) i posle sporedi so Tolstoj i ke vidis kakvi gluposti si iznapisal. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom