Ок !!! Не сум запознаен , признавам ! Инаку мојата мисла беше прогласување на да речеме Стоби, Хераклеа , Виничко кале , Скупи , Вардарски рид и ..... локалитети како археолошки резервати , каде на ненаучни институции ке им биде забрането и прашина да собираат . После секоја година да се отвара по едно подрачје , да речеме 1000 хектари во струмичко , 1000 во светиниколско како археолошка сафари зона со строго регулирани правила на истражување . Архелогот аматер или нетолку аматер плаќа дозвола за 10 , 20 или 30 дневно истражување , копа и се што ке ископа ке го пријави на службата на реонот, ископаните работи ке се изложат во посебен музеј на реонот , каде ќе биде формиран оддел на за секој позначаен ископувач со неговите откритија , со фотографии и историја на ископаниот материјал . Тој треба да добие сертификат дека е пронаоѓач на предметот,реплика на пронајдокот , место во енциклопедија , која ке се формира за секој локалитет и за Македонија целокупно !!! за интерес нема страв , дури може да се случи со години да биде чекањето , не е за подценување Македонија е ова , бренд во светот !!!!! Е сега од моето досегашно искуство се плашам дека одредени сурати ке го саботираат проектот , заради тоа што ке го изгубат ексклузивитетот и можноста да ловат во матно!!! Да не ни се случи како во блиското ни комунистичко време абдалите да ловат низ поле а оние со дебели газови во резервати , критериумите мора да важат за сите !!!! Ако ова работа се спроведе како што треба , не треба многу ум да се види , дека таквиот вид на туризам ке ги надмине сите досегашни обиди да се биде актуелен во светот на туризмот !!!!