Многу интересно ова што излезе со допингот кој УСАДА го дозволувала,не дека досега не се знаеше, не постои врвен олимпиец што не зема допинг, без разлика на државата од која што потекнува:
https://www.reuters.com/sports/athletes-undercover-global-us-anti-doping-agencies-clash-over-tactics-2024-08-07/
Ама сепак, наративот досега беше дека УСАДА има огромен удел во одлуките на ВАДА и во одземањето на медали од кинески и руски спортисти. САД ако не грешам е и единствената земја која што не дозволува ВАДА да ги тестира нивните спортисти, туку целиот процес оди преку УСАДА. Дали е на повидок смена на наративот, ќе видиме. За џабе не го извадија Фелпс од хибернација со вакви изјави:
https://www.espn.com/olympics/story/_/id/40734204/one-done-michael-phelps-calls-life-doping-bans
А нешто интересно што забележаа кај пливачите на западните земји (САД, Британија, Франција) е дека значително им помодруваат лицата после секоја трка:
Прегледај го приврзокот 426078
Најпрво мислеа дека е нешто од водата, кожна реакција кај бели лица, ама нема логика. Првата на сликата е азијатка која плива за САД и таа помодрува, за разлика од кинескиот пливач. Не сум експерт, ама најверојатно е некое лекарство од типот кое ја подобрува ткивната оксигенација во мускулите и го зголемува согорувањето на глукоза. Колку повеќе согорува глукоза во мускулите, толку е потребна поголема количина на кислород во нив. Најверојатно поради тоа голем процент од кислородот од крвта им оди во мускулите и по завршетокот на трката се во екстремна хипоксија.
Иначе како капак на се, Французинот ја пропуштил утринската допинг контрола непосредно по освоеното трето или четврто злато, не сум сигурен кое.