Одлични Србинките во одбојка, страшно доминантни, посебно Бошковиќ, но и Францизинките се некоја класа подолу. Инаку, според мое мислење, да се надоврзам на претходната дискусија, а истото го зборевме и во темата за Токио, ние како нација, нема што да бараме во пливање, гимнастика, или пак некој од тркачките дисциплини. Ние мора да се фокусираме таму каде што имаме шанси, тоа се пред се тепачките дисциплини, Џудо, Теквондо, Борење итн, или пак во некои од овие небитните спортови, медал е медал, не битно дали си го освоил на 100 метри трка или си се изборил со 3 меча во џудо, или пак пукал со пушка/пиштол.