Летна олимпијада - Париз 2024

  • Креатор на темата Креатор на темата Steff58
  • Време на започнување Време на започнување
Канаѓанката на 14 години прв пат беше на Олимпијада и потекнува од спортско семејство каде сигурно и се овозможени сите услови за тренинг а и подруго е кога мајка ти била професионален пливач...нема споредба, далеку е Македонија од Канада у пливање, имаш градови без градски базени и тоа во лето а да не правиме муабет за затворени базени со некои минимални услови за тренинг.
Како нација немаме спортска "култура" ни пак некој долгорочен план, едино шо тренинираме е одење од кафич до кладилница.
Okej togas cim nema bazen da bideme srekjni sto deckovo go prezivea svoeto debi na olimpiskite igri.
 
Кинезиве цело време паѓаат во последните метри, многу медали изгубија вака.
 
Spektakularno glup argument. Inaku da, verojatno i jas kje preziveam i nema da se udavam. Ist bi bil ishodot.
Нема да се удавиш, секако има спасувачи, дали ќе испливаш за подобро време е прашањето.
 
Сеа ќе те праша и тебе дали би испливал побрзо од тоа време? Браво @Riken не убеди со овој аргумент. Сигурно секој викенд се воодушевуваш на фудбалската магија во трета македонска фудбалска лига, знаејќи дека ни ти ни јас не можеме да изиграме подобро од момците на зелениот терен.
 
Spektakularno glup argument. Inaku da, verojatno i jas kje preziveam i nema da se udavam. Ist bi bil ishodot.
А која ти е тебе тезава, дека детево ради менталитет е последно? Или неш исти услови имаме со останатиов свет ама не не бива?
 
Сеа ќе те праша и тебе дали би испливал побрзо од тоа време? Браво @Riken не убеди со овој аргумент. Сигурно секој викенд се воодушевуваш на фудбалската магија во трета македонска фудбалска лига, знаејќи дека ни ти ни јас не можеме да изиграме подобро од момците на зелениот терен.
Споредуваш баби и жаби, во иста категорија ги ставаш нашиот пливач и пливачката од Канада ради годините, кога ти направив разлика јакиот твој аргумент беше абе и јас нема да се удавам наместо да сфатиш дека толку ни е капацитетот.
Кај нас попрво ќе видиш академија на Албанците наместо пример затворен базен во Штип...и после пливал за 5 минути, епа ќе плива.
 
...100 м грбно пливање мажи, Men's 100m Backstroke·Swimming, злато за италијанецот Thomas Ceccon (23 години).

1190x744.jpg
 
А која ти е тебе тезава, дека детево ради менталитет е последно? Или неш исти услови имаме со останатиов свет ама не не бива?
Споредуваш баби и жаби, во иста категорија ги ставаш нашиот пливач и пливачката од Канада ради годините, кога ти направив разлика јакиот твој аргумент беше абе и јас нема да се удавам наместо да сфатиш дека толку ни е капацитетот.
Кај нас попрво ќе видиш академија на Албанците наместо пример затворен базен во Штип...и после пливал за 5 минути, епа ќе плива.
Тезата е едноставна: дечкото е последен дека толку е квалитетен. Ништо повеќе ништо помалку.

Е сега која е причината што ние како држава не успеаваме да „произведеме“ ниту еден спортист кој би бил барем во горната половина на ранкинзите е сосема друго прашање. Тука голема улога си има и системот, условите, а и менталитетот и начинот на живот. На долго и широко сигурно нема сега да разглабаме. Мене само ми е многу патетично што секогаш се водат истите приказни за македонските спортисти, како тие се млади, надежни и талентирани, а во реалноста кога ќе се споредат со своите врсници не им се ни до колена. Истото е и во групните спортови, само македонските спортисти се надежи во своите доцни дваесетти.
 
Одлични Србинките во одбојка, страшно доминантни, посебно Бошковиќ, но и Францизинките се некоја класа подолу. Инаку, според мое мислење, да се надоврзам на претходната дискусија, а истото го зборевме и во темата за Токио, ние како нација, нема што да бараме во пливање, гимнастика, или пак некој од тркачките дисциплини. Ние мора да се фокусираме таму каде што имаме шанси, тоа се пред се тепачките дисциплини, Џудо, Теквондо, Борење итн, или пак во некои од овие небитните спортови, медал е медал, не битно дали си го освоил на 100 метри трка или си се изборил со 3 меча во џудо, или пак пукал со пушка/пиштол.
 
Не` зафркнаа со каратето, би имале некакви шанси....
 
Инаку ова е веројатно последна Олимпијада каде боксот е вклучен. Како што стојат работите во овој момент, бокс во Лос Анџелес 2028 нема да има, иако и тоа може да се смени. Веројатно само боксот ќе биде укинат во 2028, а ќе има 5 нови спортови кои ги нема на оваа Олимпијада: за прв пат на олимписки игри: flag football и сквош, а се враќаат бејзбол/софтбол (паузираа само на овие ОИ, 2024), крикет (за прв пат по ОИ 1900) и лакрос (за прв пат по ОИ 1908).
Не` зафркнаа со каратето, би имале некакви шанси....
Па на минатите олимписки имаше карате, па пак ништо не направивме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom