Легијата

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.917
P

puppete dolly

Гостин
1L! Респект за Легијата-единственото квалитетно хип-хоп нешто кај нас.за оние што ценат вистински рап,вистински реални зборови од кои се прави рап поезијата, ќе знаат и ќе бидат свесни за тежината на нивните песни и почитта која ја заслужуваат.Еве еден поздрав со ремек делото :
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.917
1L! Респект за Легијата-единственото квалитетно хип-хоп нешто кај нас.за оние што ценат вистински рап,вистински реални зборови од кои се прави рап поезијата, ќе знаат и ќе бидат свесни за тежината на нивните песни и почитта која ја заслужуваат.Еве еден поздрав со ремек делото :
 

tufekciev

Барсa <3
Член од
6 февруари 2009
Мислења
2.242
Поени од реакции
802
Ај ако сака некој нека ми каже со што се заниваат приватно Страјк, Тони и ЛД, ако знаете нормално. Фала однапред, поздрав!
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Ај ако сака некој нека ми каже со што се заниваат приватно Страјк, Тони и ЛД, ако знаете нормално. Фала однапред, поздрав!
Страјк не знам, ЛД работи у топлификација, а Тони моментално ништо пред тоа работеше у едно графичко студио :)
 

Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
Страјк не знам, ЛД работи у топлификација, а Тони моментално ништо пред тоа работеше у едно графичко студио :)
Сега мислам дека тренира таму некој јапански вештини :D
 
Член од
8 декември 2010
Мислења
84
Поени од реакции
16
Страјк е копиле што курот не го боли.
Океј,доволно информации добив :) сватив дека е копиле...и дека курот не го болел...доволно информации...благодарам многу :) хехе
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Датум: 27.09.2012, 23:43
НОВ АЛБУМ НА АНТОНИО АРАНГЕЛОВИЌ–ТОНИО САН
Секој од нас чекори по патот на воинот

Раперот Тонио Сан отсекогаш одел по некомерцијалниот музички пат и никогаш не ги зашеќерувал нештата што сакал да ги каже. Токму таа бескомпромисност можеме да ја очекуваме од изданието „Синтеза на ум и меч“. Неговото вистинско име е Антонио Арангеловиќ, а познат е како дел од групата „Грин аут“ и од дружината „Легијата“. Ова ќе биде негов трет соло-албум и вели дека жанровски е поинаков од другите рап-објави. „Синтеза на ум и меч“ ја носи структурата на „бушидо“ (патот на воинот).

Наместо меч, имам молив

Пораката на изданието е метафоричка расправа околу тоа дека секој човек е борец што води своја борба, без разлика на професијата, нацијата, расата итн.

- Јас тоа го зборувам од гледиштето на еден модерен самурај кој води иста борба како во феудална Јапонија. Но овој пат наместо меч, има молив, наместо вештина за мечување, има вештина за пишување и рапување. Неговото доџо (сала за тренирање) е студиото, а неговата порака с` уште е иста. Општо гледано системот с` уште е ист. Kонфликтот помеѓу материјалот и идеалот с` уште постои - објаснува Тонио и додава дека цедето е во завршна фаза, но с` уште не може да каже точен датум за промоција.

Изданието ќе има 16 песни, од кои 14 се продуцирани од Тонио Сан, а две од Ненад Стефановски – Брус. Да Џака Накот и ЛД Пистолеро се гости на албумот.

Тој веќе сними и спот за нумерата „Драма“, која е една од водечките нумери на изданието, а записот наскоро ќе почне да се врти во етерот.

- Од аспект на грувот и начинот на рецитирање, сметам дека таа песна е едно ниво над претходните, во техничка смисла на рапувањето и еволуирање на полуритмијата. Видеото е снимано во соработка со сенсеи Златко Kесковски од федерацијата за кендо-иаидо на Македонија, кој многу помогна околу сценариото и целата сценографија во спотот. Поединци од музејот на Македонија работеа на маската на демонот, кој излезе како од јапонски акционен филм и не би сакал да откривам многу. Во секој случај, спотот е ангажиран и носи цела приказна со себе, врз која се темели пораката на целиот албум – открива младиот рапер.

Рапот измутира

во маркетиншки поп

На крајот од минатата година тој ја објави и нумерата „Одмазда“, чиј текст беше протолкуван како критика на македонската рап-сцена, додека спотот набрзина стана хит на интернет-сервисот „Јутјуб“.

- Прво сакам да кажам дека „Одмазда“ не зборува за македонскиот рап, туку е приказна за рапот во светот. Денешната публика задоцни, не се роди во 90-тите, па сега не ~ се верува дека рапот некогаш беше музика. Требаше да биде најсилниот музички правец во текстуална смисла, од проста причина што секогаш текстот е во преден план. Може во заднина да тропаат канти, но ако текстот и начинот на рецитирање се на високо ниво, тогаш тоа е добра рап-песна. Но, денес рапот е измутиран во маркетиншки поп и звучи ретардирано, а некои тоа го викаат еволуција. Не. Еволуција е да ја надградиш својата вештина за пишување, рапување, чувство за грув, наметнување емоција во песната, раскажување приказна толку добро, што слушателот ќе визуализира слики слушајќи го текстот. Не е еволуција прост текст и предвидливи рими како „баба-жаба“. „Одмазда“ ја напишав за општата ситуација на рапот денес, а оној што си ја има мувата на капата, нормално дека ќе си ја ишка. Kонкретно тој поп-рап тука во Македонија го вреднувам исто како турска серија. Нема никаква уметничка и интелектуална вредност, но медиумите секојдневно го наметнуваат, па плитките луѓе го јадат тоа што им се сервира. Што се однесува до фидбекот на нумерата, беше навистина неверојатен. Значи, има маса луѓе што не можеш да ги излажеш, а нив никогаш не потценувајте ги – дообјаснува Тонио.

Антонио, заедно со колегите и другари од групата „Грин аут“, заврши со снимање на вториот албум „Рапаноја“, кој сега се наоѓа во постпродукција.

- Се аранжираат песните, се миксаат и ништо чудно албумот да биде издаден годинава. Што се однесува до другите мои проекти, целосно е завршен мојот четврти соло-албум, кој го снимив во коалиција со диџеј Гоце Саф. Тој е продуцент на сите песни. Имаме и видеозапис од овој албум за песната „Пријатели’“ и веќе оди на „Јутјуб“. Изданието се вика „Ветрови, лисја и капка сон“ и во план е да се издаде до крајот на годинава. На почетокот на 2013 година се планира и издавањето на „Чаирскиот албум“ на Тонио Сан и Kемп О.Д. – ги појаснува идните планови младиот изведувач.

АндриЈана Андова

Извор: http://dnevnik.mk/?itemID=38697F9AE5BB334BA10CE43D9257DAC1&arc=1
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Еве ја...:D
Text : Tonyo San
Beat : Tonyo San / Astuduptupta Podakshn
Gitara : Nenad Stefanovski - Brus i.p.k. Foolish Green
Mix , Mastering i Video Obrabotka : Tazzak Akabatov / Osav Produkcija 2012
LP "Tonyo San - Sinteza na Um i Mech" / Suriken Records 2012

Maska : Ana Dimcevska
Boja na Maska : Kiko
Shminka : Sneze
Demon : Miki Michi Mile
Scenografija : Zlatko Kesko / Samurai Dojo

Golema blagodarnost do site ucesnici vo spotot.


PRVA STROFA:
Vlagam vo saga na blagata misla, na vagata chista od lagata pizdam,
potragata pravi na dramata luzna, pa samata misla mi stanuva bistra,
si sedite doma chim nemate stomak za borbata bolje ti ne pipaj majk,
primi gi rimite sivi ko sibir vo zimite pa ko civilite stavi dislajk,
ljubomorish krivo, vo rapot sum kopile divo,
ste popile pivo pa sakate sivoto nivo na zivotot da vi e stilot,
NE! nemozje begaj ti odi si pomini ne si za tuka si mek,
nemozes da prifatis svet pa kade vistinata buni, te puni so bed,
pa sakas iluzija, samata laga pa neli e slatka,
da pagja vo jamata samata masa na vladata site ne drzi vo dlanka,
pa birate polesen pat, podobro toa od pobesen brat vo povesel grad,
no jas te znam, srceto tebe ti vene da zeme od srekjata pak,
a nea ja nema vo keshot, chim nema na plazjata pesok,
ja zagubi negde pa barajki segde vo tegot na bedot i seto vo zivotov tezok,
go izbrav mechot jas uste togas pa koga bev dete,
R.N.S. veren na terenot severen veter...

VTORA STROFA:
Vikate deka ste zreli, a neli ste ko mekoteli,
rodeni ste vo godinite koga na rapot pop mu preti,
profilite vashi na fejsbukot pravat debilite sili da dobijat "feeling"
zjiveli mali, poveli katana vlezi vo ringot i bidi ko Kriling(dragon ball),
ti trebale mudata DA, te fura li tastaturata pak?
gurash nafurano proceni koj e na vrvot a koj e na prizemje brat,
ima li nekoj za "battle"? a saka li nekoj da fati li chatal?
a rimive sechat i podobro ne odi navaka glavata pagja na pat!
vidi gi takvite kritiki ke ti gi zakiti slikite nakiti paket na makite tugji
vo bugite ludi se pojaviv odjavi pobivash mat,
dzabe na bina ve kineme "CUT"! pominale zinale takvi ko vas
i videle namalo takvi ko nas i zaginale finalen napad i siguren as,
ova go pravam od shala chim nemame dostoen protivnik
ala MUSASHI sum, vashite najaki faci za mene se botovi
dzabe se palat i falat, a kamati vrakjam ko samata karma ve zamati blur,
dur mi zborite gorite krovovi, tvorite, ja ne ve stavam na kur,
sum brz ko kurshum dur sum "Pure", ASTUDUP-TUP prodakshan!
komboto tuka te puka ko "Gun" i vo bukata plukam na sekoj vash fan,
TONYO SAN nikogas ti ne zaboravaj samuraj koj e na vrvot,
a LEGIJA klan na prestol, mesto-PRVO!
 

Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
Вади од кожа, премногу добро.
Нивоа над другите.(мојот коментар за секоја негова нова песна)
 
Член од
18 август 2012
Мислења
31
Поени од реакции
6
Абе ако може некој да ми ги разјасне поимите легија,гринаут аут и рнс сите тие се посебна група или што?
ги слушам нивните песни супер се,само уште ако може да ме информирате да знам нешто повеќе за нив? :)
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Абе ако може некој да ми ги разјасне поимите легија,гринаут аут и рнс сите тие се посебна група или што?
ги слушам нивните песни супер се,само уште ако може да ме информирате да знам нешто повеќе за нив? :)
Легијата е цела екипа, во неа се групите Грин аут, СТР2, Против Сите и Ронин(соло).

У Грин аут се: РНС, ЛД Пистолеро и Брус.
У СТР2: Блаже и Струја
У Против Сите: Тас и Џака :)


Иначе две замерки: Спотот со песната поврзаност камо? И дали пак се рчка нешто со Зен? Нешо пак има кој бил на врвот кој на приземје брат :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom