Памтам имаше еден период од 2008 - 2010 година (а можеби и порано, не ми текнува точно кога) кога Легијата беа страшно актуелни и слушани. Тогаш јас ич не ги слушав, а памтам дека сие мои другари ги слушаа, па дури и им ги знаеа текстовите од песните и им ги пееја. Но од кога изумре таа рап/хип-хоп култура кај нас, а и општо нашава забавна музика, почнавме да сфаќаме колку добра музика сме имале. Сега не сум во тек, но колку што знам веќе никој член од Легијата не создава музика или пак да гради некоја поголема кариера.