concrete
alte Esel
- Член од
- 22 март 2005
- Мислења
- 12.248
- Поени од реакции
- 1.703
..или јас лошо сум разбрал , или ти негде грешиш...ЕВН ја има купено разводната мрежа, се освен далекуводите. Монопол е и ти ПРОДАВА струја чија цена ЕВН ја договорила со овластените увозници-трговци со струја и локалните производители, а ти ја продава по крајна цена која ја договорила со Регулаторите... ЕВН не е автопат на кој ти се наплатува само патарина...Со граѓанска непослушност нема да се постигне ништо....бидејќи имаш давател на услуга и корисник
....притисокот треба да биде на Уставниот Суд како највисока инстанца...и Судот за човекови права....вториот чекор е разбивање на монополот и либерализација на пазарот на енергенси....тука притисокот треба да се врши врз Законодавната власт односно Собранието....иако немам никакви познавања од право и закони....мислам дека група граѓани (минимално 10000) можат да поднесат иницијатива за одреден закон односно негова промена....тука можеме да го бараме спасот....луѓе со познавање на оваа материја да изготват соодветна документација, а ние останатите да дадеме соодветна поддршка
инаку не е проблем цената на струјата и парното...ПРОБЛЕМ Е МОНОПОЛОТ И НЕСООДВЕТНАТА УСЛУГА.....на пример како корисник на топлинска енергија топлификација мене треба да ми испорачува топлинска енергија 24 часа дневно 365 дена во годината, а јас да одлучувам колку и кога ќе користам....и нормално да плаќам според испорачаната топлинска енергија, а не според квадратура и останати митолошки параметри
Со ЕВН ситуацијата е многу поедноставна....ЕВН е само преносител (дистрибутер)....а јас како потрошувач треба да имам право од кого и по која цена ќе купувам струја....ЕВН единствено треба да наплаќа за пренос на електрична енергија....
јас како потрошувач треба да имам избор од кого купувам струја....можеби сакам да плаќам по 100 денари за киловат час зелена струја од Сончевата електрана во Кадино или пак 15 денари од ТЕЦ Осломеј или пак 20 денари од минихидроцентралата што ќе ја направам на свој имот, а ЕВН е должна произведената струја да ми ја транспортира до посакуваната дестинација , а за услугата да ми наплати соодветен надомест
за секој проблем постои решение....а во Македонија за секој проблем постои нов проблем.....СПАСОТ Е ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА НА ПАЗАРОТ И РАЗБИВАЊЕ НА МОНОПОЛОТ
Таа е овластен застапник, дилер за оредена територија ..за што немаш алтернатива како МАЛ ПОТРОШУВАЧ.