Легална борба против ЕВН и Топлификација

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Со граѓанска непослушност нема да се постигне ништо....бидејќи имаш давател на услуга и корисник

....притисокот треба да биде на Уставниот Суд како највисока инстанца...и Судот за човекови права....вториот чекор е разбивање на монополот и либерализација на пазарот на енергенси....тука притисокот треба да се врши врз Законодавната власт односно Собранието....иако немам никакви познавања од право и закони....мислам дека група граѓани (минимално 10000) можат да поднесат иницијатива за одреден закон односно негова промена....тука можеме да го бараме спасот....луѓе со познавање на оваа материја да изготват соодветна документација, а ние останатите да дадеме соодветна поддршка

инаку не е проблем цената на струјата и парното...ПРОБЛЕМ Е МОНОПОЛОТ И НЕСООДВЕТНАТА УСЛУГА.....на пример како корисник на топлинска енергија топлификација мене треба да ми испорачува топлинска енергија 24 часа дневно 365 дена во годината, а јас да одлучувам колку и кога ќе користам....и нормално да плаќам според испорачаната топлинска енергија, а не според квадратура и останати митолошки параметри

Со ЕВН ситуацијата е многу поедноставна....ЕВН е само преносител (дистрибутер)....а јас како потрошувач треба да имам право од кого и по која цена ќе купувам струја....ЕВН единствено треба да наплаќа за пренос на електрична енергија....

јас како потрошувач треба да имам избор од кого купувам струја....можеби сакам да плаќам по 100 денари за киловат час зелена струја од Сончевата електрана во Кадино или пак 15 денари од ТЕЦ Осломеј или пак 20 денари од минихидроцентралата што ќе ја направам на свој имот, а ЕВН е должна произведената струја да ми ја транспортира до посакуваната дестинација , а за услугата да ми наплати соодветен надомест

за секој проблем постои решение....а во Македонија за секој проблем постои нов проблем.....СПАСОТ Е ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА НА ПАЗАРОТ И РАЗБИВАЊЕ НА МОНОПОЛОТ
..или јас лошо сум разбрал , или ти негде грешиш...ЕВН ја има купено разводната мрежа, се освен далекуводите. Монопол е и ти ПРОДАВА струја чија цена ЕВН ја договорила со овластените увозници-трговци со струја и локалните производители, а ти ја продава по крајна цена која ја договорила со Регулаторите... ЕВН не е автопат на кој ти се наплатува само патарина... :)
Таа е овластен застапник, дилер за оредена територија ..за што немаш алтернатива како МАЛ ПОТРОШУВАЧ.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Ако е така и државата води грижа зошто ЕЛЕМ државна компанија бараше покачување и доби од 10% покачување 5% се за ЕЛЕМ.Покачувањето е пред се од увозот на скапа струја што го има направено ЕЛЕМ за време на зимата.
Друго кажи ми со колкава добивка работи ЕВН.
Што ме е гајле за добивката на ЕВН? На ЕВН гајле ли му е дали ја имјам пари да платам сметка ? Или веруваш на манипулативни извештаи како ЕВН па и ЕЛЕМ работат со загуби,само како оправдување да ја покачуваат цената,додека они прават милионски профити..
--- надополнето: 3 август 2012 во 21:03 ---

едит.. нека се стегнат и да наплатат што имаат долгови по албанските села,а не ние поштените да страдаме додека они цел свој живот крадат струја.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248

Ќе му се налутиш на фурнаџијата што ќе одбие да ти даде на вересија две векни леб? Или на млекарот едно литро млеко?
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Не цитро не треба да се внесе пак ЕВН под државна капа за да биде најголем загубар со неколку илјади екстра вработени и пола држава која не плаќа струја секако до првиот дефект кога нема да имаат струја се денови па ќе плачат на неефикасноста на ЕСМ.

Треба да се тргне владата од енергетика и да не се меша таму повеќе.Тоа може да се среди со една иницијатива за закон и притисок да помине или директен референдум .
Нема врска тоа што збориш за дефекти..пред 2006 мрежата на ЕСМ беше 100 пати постабилна,многу добро памтам..колку пати за овие 6 години имаше прекини на струја немаше толку 20 год наназад.
 
Член од
29 мај 2012
Мислења
242
Поени од реакции
115
http://www.facebook.com/events/397646086963888/

Правната регулатива е на наша страна само треба борба истото да се докажи. Има повеќе основи и колку шо гледам голем број на правници веќе ги имаа покажано аргументите. Поголема масовност на закажаните протести против ОДЛУКИТЕ на РЕГУЛАТОРНАТА намерно ова го потенцирав бидејќи тие се главни виновници само ќе се потпре тужбата.

Слушам тука носталгија за тоа што се приватизираше ЕСМ денес ЕВН. Да се разбериме да останеше државно тоа ќе беше хроничен губиташ, резервоар за финансирање на владеачките политички партии. Она што требаше тогаш да се воведи а и што треба денес да се направи е да се воведе конкуренција.

Исто така заборавате дека главниот иницијатор за подигање на сените беше ЕЛЕМ а потоа се јави и ЕВН. А никој не се прашува како работи ЕЛЕМ. Да ли знаете колку е вработенео во РЕК Битола и РЕК Осломеј и дека овие два капацитети се преполни со партиски вработени и не само овие два системи.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
http://www.facebook.com/events/397646086963888/

Правната регулатива е на наша страна само треба борба истото да се докажи. Има повеќе основи и колку шо гледам голем број на правници веќе ги имаа покажано аргументите. Поголема масовност на закажаните протести против ОДЛУКИТЕ на РЕГУЛАТОРНАТА намерно ова го потенцирав бидејќи тие се главни виновници само ќе се потпре тужбата.
Ако е правната регулатива на наша страна дај цитирај ја да бидеме во тек... Јас не знам кој ви е проблемот : ЕВН нуди услуга и си ја наплаќа а за цените се расправа на Комисијата за регулација којашто е владино тело. Се работи за приватна компанија : ако не ви се допаѓа нивната услуга не плаќајте, инсталирајте ветерници и, ако нема ветер, најмете дебели невработени и џаболебари да трчаат : ем ќе им плаќате ниска цена ем ќе слабеат заработувајќи! Двоен ќар...
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.899
Поени од реакции
23.301
Ако не можеш да ги победиш придружиму се.
Сега само нека дај идеја некој како да им се придружам?
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Ако не можеш да ги победиш придружиму се.
Сега само нека дај идеја некој како да им се придружам?
иди фати трансформатор или на далековод качи се нека тече ЕВН низ тебе.
--- надополнето: 3 август 2012 во 21:18 ---
Нема врска тоа што збориш за дефекти..пред 2006 мрежата на ЕСМ беше 100 пати постабилна,многу добро памтам..колку пати за овие 6 години имаше прекини на струја немаше толку 20 год наназад.
Тие приказни на некој друг си знам порано како мал кога и по цел ден немаше струја поради дефекти.Секој втор ден дефект имаше некаков.
 
Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Што ме е гајле за добивката на ЕВН? На ЕВН гајле ли му е дали ја имјам пари да платам сметка ? Или веруваш на манипулативни извештаи како ЕВН па и ЕЛЕМ работат со загуби,само како оправдување да ја покачуваат цената,додека они прават милионски профити..
--- надополнето: 3 август 2012 во 21:03 ---

едит.. нека се стегнат и да наплатат што имаат долгови по албанските села,а не ние поштените да страдаме додека они цел свој живот крадат струја.
Пак не ми одговори зошто ЕЛЕМ државната бара покачување и доби.
Ако ЕВН прави манипулации со добивката и работењето оваа држава има органи кои треба најостро да ја казнат зошто не ја прочешлат испекции имаме со лопата да ги ринеш.
ЕВН на своја рака не смее еден денар да ја качи струјата затоа постои регулаторна комисија.
Кога бензинот се покачува ние против бензинските станици се буниме или против некој друг бидејки во овој случај Бензинските се ЕВН.

Еве ти извештај од регулаторот зошто е покачена енергијата овде ЕВН не е спомната туку недостаток и увоз на енергија.На Македонија и фалат енергетски капацитети за да не мора да увезува скапа увозна струја.
Од друга страна, АД ЕЛЕМ располага со вишоци на електрична енергија во ноќните часови, кои што доколку не се превземат од потрошувачите создаваат дополнителни трошоци на АД ЕЛЕМ од 8 до 10 %, заради потиснување на термоелектраните Битола и Осломеј. Со оваа мерка се испраќа сигнал до потрошувачите на електрична енергија дел од својата потрошувачка на електрична енергија во текот на денот да ја префрлат во ноќните часови, по 22:00 часот. На овој начин, ќе се намалат трошоците за увоз на електрична енергија во дневниот период и до максимум ќе се искористат домашните производни капацитети, со намалени трошоци од 8% до 10%, поради што ќе се намали и цената на електрична енергија на крајните потрошувачи, вклучувајќи ги домаќинства.

Заради неспособноста на државата во последниве 20 години да изгради голем енергетски капацитет кој ќе ги задоволеше нашите потреби и понудеше ефтина струја не ни е крив ЕВН.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.899
Поени од реакции
23.301
иди фати трансформатор или на далековод качи се нека тече ЕВН низ тебе.
.
Поке мислев како да станам дел од нивниот тим а не инвертар.
Мислам се разбираме.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Ајде да ја запослиме цела младина и да изградиме голем капацитет за задоволување на енергетските капацитети на земјата за да има насушна струја и да можеме пак да си пишуваме постови низ форумов!

P.S. Joseph de Maistre : „Народот има власт каква што заслужува!” :tapp:
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
..или јас лошо сум разбрал , или ти негде грешиш...ЕВН ја има купено разводната мрежа, се освен далекуводите. Монопол е и ти ПРОДАВА струја чија цена ЕВН ја договорила со овластените увозници-трговци со струја и локалните производители, а ти ја продава по крајна цена која ја договорила со Регулаторите... ЕВН не е автопат на кој ти се наплатува само патарина... :)
Таа е овластен застапник, дилер за оредена територија ..за што немаш алтернатива како МАЛ ПОТРОШУВАЧ.
ЕВН е транспортер (превозник)...сега за сега само големите потрошувачи можат да купуваат струја на слободен пазар...а ЕВН ја транспортира...во 2015 престанува монополот и домаќинствата ќе можат да купуваат струја по избор а ЕВН ќе биде само транспортер и ќе наплаќа само транспорт....НО СИТУАЦИЈАТА Е НЕ УМРИ МАГАРЕ ДО ЗЕЛЕНА ТРЕВА....далеку е 2015...кој ќе преживее ќе раскажува
 
Дарко Рибарот

Пуштен пуштен,а фактички го кријат..
Член од
15 мај 2012
Мислења
134
Поени од реакции
46
Нема врска тоа што збориш за дефекти..пред 2006 мрежата на ЕСМ беше 100 пати постабилна,многу добро памтам..колку пати за овие 6 години имаше прекини на струја немаше толку 20 год наназад.
Немора да обвинуваш некого за нешто што мораше да се продаде. Сегашниот претседател на регулаторната комисија е/беше кадар на ВМРО-ДПМНЕ.
http://www.alfa.mk/default.aspx?eventid=9333&mid=37

Виновни се сите, ама апсолутно сите политичари во Македонија. Едноставно цената на струјата не е соодветна со платата што се зема во Македонија. Кога би размислил цената на струјата е во ред, но не е во ред тоа што не сме доволно економски силни да ја платиме.
Исто и се однесува и за парното, не ќе беше проблем ако ние заработувавме 700 евра по просек. Но реалноста е поинаква.
Прашањето е против кого да се протестира ако се протестира? Дали против сите политичари кои ја доведоа државата на тоа што е сега, или против компаниите кои не чувствуваат бар малку одговорност кон луѓето од кои го заработуваат својот леб.
 
Луд јебе збуњеног е ситуацијата..во право си,незнаеш против кој да протестираш.. него рекламата им е добра,направи добра тактика на штедење..мене ќе ми треба добар тренер да ме истренира како добро да штедам.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Mirjana Najchevska shared a link.

Wednesday
Ќе се оди на Уставен суд во секој случај, а јас препорачувам и секој да поднесе посебна тужба за која накнадно ќе поставам урнек на мојот блог и на ФБ. Станува збор за прекршување на една од основните норми на правото - забраната на повратн
о дејствување на законите, а и нарушување на сопственоста исто така гарантирана со уставот. Дури во тужбите ќе сугерирам секој да бара од топлификација да ги тргне цевките од станот а доколку сака да ги остави да плаќа врз основа на доделена службеност на проод низ приватна сопственост.
Со Најчевска веднаш ќе ни залепат некоја неприкладна етикета. Да, сега као демек сите ќе се заангажираат за да си соберат понекој (ефтин) политички поен и публицитет. И ЛДП сака да поднесува тужба, слушнавте?
Мислам дека е најдобро да се избегнат вакви персони од јавниот ни живот и самите да се избориме за ова. Истото важи и за политичките партии. Не сум член на ниту една партија, ни Соросоид, така да не може никој да ме обвини дека ме турка Бранко, овој или оној. А кога ќе истрчаме да не претставува некој "познат", готово, веќе имаме етикета, сакале или не.

П.С. Ова што таа го пишува го имаат кажано и угледни скопски адвокати, ништо ново. Башка што е поисплатливо финансиски за нас како граѓани заедно да поднесеме приватна тужба, отколку секој посебно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom