Легализација на проституцијата
Пред да се започне да се разгледува едно вакво комплексно прашање, човек треба во предвид да ги има следниве работи:
Пензиско осигурување, здравствено осигурување, редовни медицински контроли кои не влегуваат во здравствено осигурување, ДДВ на услуга, царина при влез на странска роба, контрола на квалитет на услуги...
Како официјално вработени ќе треба да се почитуваат и за нив работничките права, како гарантирано работно време, гарантирана пауза, максимум 50 работни часа неделно, само до 190 часа прекувремено на годишно ниво, со кое ќе се намали продуктивноста и со тоа услугата ќе стане уште поскапа.
Плус ќе има случаи на пензионирање на 40-50 години. Ќе се вадат на амортизација.
и од каде пари за се ова? се разбира од џебот на клиентот.
Ако се донесе ваков закон ќе стане поисплатливо човек девојка да си фати (од аспект на време, пари, услуга, задоволство) и луѓето масовно ќе го напуштат посетувањето на проститутките и тие ќе останат без основен извор за егзистенција. Да не зборам дека обичните девојки ќе добијат на цена и ќе ни се качуваат на глава се повеќе.
Земајќи ги на разгледување сите работи погоре споменати, само од материјална страна услугата ќе стане се понедостапна за пошироките народни маси и со тоа ваквата одлука ќе наиде на жесток отпор од заинтересираните.
Да не збориме за намалување на дискрецијата. Сите ќе знаат каде се тие куќи (ТЦЦ Плаза например ми доаѓа прва на памет како место за потенцијален рекреативен, фитнес и забавен комплекс, кој ќе нуди широка лепеза на услуги. Али секој кој ќе биде виден да влегува таму ќе биде..хмм..обележан?)
Дали смееме да дозволиме користењето на услуги на проститутките да стане ексклузивен клуб, во кој треба да ужива само елитата?
Македонија не е богата земја, луѓето немаат којзнае колку пари и кратките мигови на задоволство се се што им е останато.
Немојте да им го одземате тоа, гласајте НЕ за ваков закон.
Мој предлог - Јавните куќи да се регистрираат како невладини организации, што значи непрофитни.
Да се изготват проекти во кои ќе има напишано нешто како - поради нужноста од намалување на незадоволството, создавање на цивилно општество, поради фактот дека сексуално задоволените луѓе се среќни луѓе и не размислуваат за конфликти, проститутките да се финансираат со пари од Европа и со тоа оваа услуга да стане бесплатна, барем до моментот кога ќе станеме членка и кога примањата ќе станат поголеми.
На овој начин проституцијата ќе биде нешто кое ќе ги зближи луѓето. Македонци, Албанци, Роми, Турци, Власи (да не се лути Офчар), сите тие ќе одат на исти места, ќе седат во фоајето, ќе вртат конструктивни муабети за намалување на меѓуетничката нетрпеливост од типот на - брат мора да ја пробаш таа и таа, екстра е, од пред некоја недела е дојдена, ѕирни ги и близначките, абе самото чувство дека еден бил со една, друг со истата, ќе започне да ги сврзува луѓето.
Мислам дека вакви радикални промени се потребни за да се задвижат работите и да влеземе како држава и како народи+етнички заедници во некој нормален колосек.