- Член од
- 7 август 2011
- Мислења
- 4.976
- Поени од реакции
- 15.297
Бев многу близок до левица, 2016 и 2017 гласав за нив, помагав во кампањите, ама со текот на времето димче почна да ја превзема партијата и да доминира неговата идеја и теорија. Димитар партијата ја превзема по вина на другите кои или се правеа слепи на неговиот очигледен национализам или им беше испод част да дебатираат и да водат внатрепартиски војни. Од таа екипа 2016, не остана никој освен димче, иако имаше навистина многу квалитетни млади луѓе особено Мариглен, Јованчевски, Бранимир (иако во многу работи не се согласувам со него) и уште многу млади од позадина што работеа, а беа дел од левото крило на пленумот.Сакав да ти реплицирам, ама ова со национал социјалист малку ме замисли, стварно позмаван многу деца кои биле национал социјалисти по убедување а денеска го подржуваат Апасиев.Краток период и јас без малку занесен во таа идеологија па од таму и ги знам децата.
Но навистина многу од младите кои дејствувале некако или пак имале патриотски ставови денес се за тоа Левица да добие пратеници.
Според тебе како левичар што ти смета кај Левица и Апасиев, не гледаш ли иднина во тоа да го дадеш гласот за нив?
За кампањава, програмата и тоа што стана левица после 2017 немам баш време да дискутирам, евентуално викендов ако имам време ќе ти пишам.
Да не ме сфатиш погрешно, иако лично и како човек не го поднесувам димче, за признавање е дека моментално е најквалитетен оратор и меѓу најквалитетните дебатери на политичкава сцена.
Дали влегол или не влегол димче во парламент, не гледам каква промена ќе направи. Гледам од перспектива на левичар. Ако бев националист дефинитивно за него ќе гласав
