Абе ајде, не верувам ни дека од членството знаат што им стои во програмата, отповикување на признавање на Израел и ред такви ствари, како поништување на договорот од Преспа се наменети за прибирање на неопределени десничарски фракции. Тоа е таргетот, неопределените, и за сите нив веројатно ставиле по нешто во програмата. Треба да си тотално сулуд да веруваш во вакви работи, посебно кога под знак прашалник им виси дури и влезот во собрание.
Добро си кажува човекот (Апасиев) целата е влез во собрание. Друго е кога си внатре, кога можеш да свикуваш иницијативи, да предлагаш и спориш закони, сосема други механизми за настап и промоција имаш. Вон институционално си сведен на свикување пресови за медиуми кои што пола од нив нема ни да те пренесат или ќе ти дадат простор од 15 секунди и после иди временска прогноза и толку со тебе.
Каква врска имаат десничарски фракции?
Палестина во времето после Втората светска добиваше поддршка од комунистичките држави, поточно дел од нив - тие што се бореа за формирање на секуларна Палестина, која е најдобрата, ама и најневеројатна опција за тој простор. После 6-дневната војна Израел не само што силеџиски формираше простор кој никогаш историски не изгледал така, туку и ден денес спроведува терор врз Западниот брег и Газа, од рушење на населби со багери, градење бетонски фортификации до пуштање на солена вода за пиење затоа што ги контролира изворите.
СФРЈ не се сеќавам дали го признаваше Израел, ама дефакто беше на страната на ПЛО и Јасер Арафат со неговата фракција Фатах. Имаше многу студенти овде во Скопје и низ Југославија. ПЛО е пред се' секуларен, но антиционистички настроен, за разлика од Хамас, кој е финансиран од Саудиска Арабија и исламистичките сојузници. На очиглед на сите, Палестинците се дриблани, систематски уништени и расселени. Живеат во Јордан, Египет, заливските земји...уште Апасиев им фали и некој да им рокне атомска бомба.
Не знам што е останато од тој дух во тој регион, ама многу повеќе врска има со леви отколку десни струи, иако се нарекува палестински национализам, пошо од другата страна ционистичкото движење е фашизам пар екселанс.
За мене како човек што се сеќава на некои времиња, може и значи ова нешто, ама во моментален политички контекст, Левица мајка си бара у Палестина или Роџава - ја поддржуваа Работничката партија на Курдистан....ок, ќе стаиш некој пост на фејсбук, никому ништо, ама да се бавиш со таква надворешна политика сега е тотално непотребно и незрело. Нешто како со Тајван би било.
Такви работи може да си дозволат супер-сили, а и тие не го праат тоа веќе од идеолошки причини, туку од интерес.
Нека си ја гледаат чергата дома, да не останат пак на улица.