Замислете ситуација, пешачиш по Галичица цел факин ден и онака преморен си седнуваш на врвот, поглед на двете езера, изморен и гладен до смрт.Си вадиш од ранецот лепче, патлиџанче и сирење и сол.Подобро јадење во животов мој не сум јадел, NEVER EVER!
одиш на нива, работиш до пладне и после седнуваш под некоја топола на сенка и земаш да јадеш леб, френка и сирне... нема ништо покефско од тва... тф тф тф тф...
Ова ме потсеќа на моето детство,а едно од нештата што не можам да ги заборавам е токму ова: седнати на дрвени гајби под јаболкница и јадеме лепче доматче и сиренце.....мммммммммммммм и сега ми се пријаде,ама тука немам јаболкници(
Супер е комбинацијава, сум се утепувал од јадење ко дете. Но и зелени чушки пунети со сиренце (по можност биено) ми го праат меракот. Па уште ако чушката малку подлутува..уфф оргазам!
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.