Кoj и како сака да предизвика криза на идентитетот

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Болест на Македонскиот духовен склоп, повеќе од 200 години. Денес зазема нова димензија на разни фронтови и нивоа, едно е непроменето-најголеми анти-Македонци се токму одродените Македонци.

Причините за одродувањето

Македонија под османлиско ропство била најтешко погодена земја од владеењето на османлиската власт. Процесите на развивање на духовниот, образовниот и воопшто целиот живот биле застанати и продолжени во друга насока. Македонија била под власт со која немала заедничка вера. И била насила наметната туѓа вера. Македонците одолевале. Последица на ваквата новонастаната ситуација било се пониското образовно ниво кај поробените Македонци. Повеќето биле неписмени. Борбата за гол живот била главна преокупација кај поробениот Македонец. Македонија од сите страни била опкружена со османлиско владеење. За разлика од нас, нашите соседи граничеле со христијанските земји и колку толку имале нивно влијание. Русите биле главната закана за исламска Турција и биле заштитник на сите Православни христијани во империјата. Но нивното влијание не допирало во Македонија. Грција отсекогаш имала привилегирано место кај султанот благодарение на Фанариотите кои заземале високи позиции во империјата уште од падот на Цариград и нивното доброволно предавање на Мехмед Освојувачот. Иронично, Грците ги сметале за предавници Фанариотите, а Фанариотите ја спасиле Грција од сите злосторства кои ги трпеле останатите Христијани. Благодарение на нив почнала и насилната хеленизација на сите христијани низ империјата. Кај нас најмногу во егејскиот дел на Македонија. Да потсетам, жртва на оваа пропаганда бил и Рајко Жинзифов (Ксенофон Ѕинѕис). Значи географската положба на Македонија како централнобалканска османлиска провинција и нејзиниот никаков контакт со останатиот свет е главната причина за ниското ниво на живот кое покасно ќе биде најбезобзирно искористено од Бугарија, Србија и Грција за регрутирање на новопечени Бугари, Срби и Грци, а со тоа и освојување на самата територија на Македонија.

Раѓањето на нациите


Европа кон крајот на 18 век ја зафаќа бран на самодефинирање на народите кои живеат и создавањето на нациите. Дефиницијата за нација подразбира група на луѓе кои говорат ист јазик, имаат слични обичаи, историја и сл. Овој бран ја зафатил цела Европа и допрел до нашите соседи кои почнале да се дефинираат себе си. Македонија останала далеку од овие процеси.

Балканските земји, во одреден дел од средниот век имале кралства кои доживеале подеми и падови. Токму на овие кралства почнале и да се повикуваат. Секое од овие кралства има владеено со сите земји околу него. Се повикале сите, освен Македонија. Таа била далеку од ова. Македонците најкасно од сите го доживеале преродувањето. За жал туѓите пропаганди имаат фатено корен во неукиот Македонски народ.

Пропагандите

Србија почнала да отвара училишта и да ги образува Македонските деца, деца на написмени родители, слабо осознаени и изградени како Македонци, како Срби. Бугарија преку формирањето на Егзархијата првично го почнала верското влијание. Укинувањето на Охридската архиепископија (1762), последниот чувар на Македонскиот идентитет ја фрла Македонската нација во тотален мрак. Значи Македонците кои стануваат жртва на пропагандите не биле ни родени за да го осетат влијанието на оваа духовна установа и да оддолеат на туѓите пропаганди. Грција отсекогаш била Македонски противник и таа е главниот виновник за укинувањето на Охридската архиепископија, за покасно да може токму преку својата црква да ги хеленизира Македонците.

Покрај овие пропаганди кои се најфатални, застапени се и пропаганди на други држави но немаат некое влијание. Пример за овие пропаганди е мисионерката Мис Стон, која ја шири протестанската вера помеѓу неуките Македонци. И ден денес во источните краеви на Македонија има протестанска и католичка заедница на Македонци.

Можам да речам дека нашите соседи не фатиле на кондиција и најбрутално ја искористиле својата позиција за да не поништат.

Поради одбивноста на Македонците кон непознатиот грчки јазик и агресивната црковна политика на Грците, Македонците најмногу потпаѓаат под бугарската пропаганда која е и најагресивна.

Македонците почуствувале потреба за заедница, раководство од еден центар и еден лидер. Турското влијание им било тотално туѓо, но верата е таа што ги поврзувала со соседите. Македонците немале лидери. Затоа и лесно потпаѓаат под овие влијанија. Едноставно и разбирливо е и како самите родители кои виделе шанса своите деца да бидат и образувани и писмени, да не се мачат како нив, туку да живеат пообар живот. Цената за ова е продадениот идентитет и образувањето на младите Македончиња како Бугари, Срби, Грци...

Нова генерација во просек иде на секои 20 години. Значи веќе имаме длабоко навлегување на туѓото влијание (болест) во Македонското ткиво. Значи има и внуци чии дедовци биле образувани по туѓи програми. За среќа ткивото никогаш не е разбиено.

Преродбата (почетоците)

Најпрво наивно почнува со луѓето како Марко Цепенков. Едноставно со собирање на народните дела. Самото образование кои Македонците го стекнуваат по туѓите школи, ги поттикнува на пошироки размислувања за општите состојби. Тука почнува и самоосознавањето и раѓањето на првите преродбеници, нови искри во Македонската темнина. Самите овие луѓе како образовани интелектуалци патуваат по Европа и ги носат новите трендови и во нивната татковина, заспаната Македонија. Не ми е ни малку чудно што и самите овие преродбеници доживувале криза на идентитетот, но имам целосно разбирање за нив. БИЛЕ ОБРАЗУВАНИ КАКО НЕМАКЕДОНЦИ И ОСОЗНАВАЛЕ НЕШТО ЗА СЕБО КОЕ НИКОЈ ОД НИВНИТЕ НАЈБЛИСКИ НЕ ИМ ГО КАЖАЛ! ОСОЗНАЛЕ ДЕКА СЕ МАКЕДОНЦИ!

На крај сепак и работеле, оставиле дека и семе за идните генерации-Македонци и умреле како патриоти и Македонци. Нивната големина е во тоа што биле првите пионери кои сами се извлекле од „свилениот конец околку нивниот МАКЕДОНСКИ врат“ поставен од нивните соседи, браќа по вера, соборци против заедничкиот непријател-султанот.

Се раѓа ТМОРО (Тајна Македонско-Одринска Револуционерна Организација), покасно ВМОРО па ВМРО! Јадрото на народот кој се осознава себе си. Туѓите пропаганди делуваат фатално во делувањето на оваа организација. Бугарската пропаганда најмногу и најфатално. Мешањето на бугарските пропагандисти кои регрутираат неуки Македонци како Бугари и ги употребуваат како најсурови непријатели на Македонското дело е причината за пропаста на самото Илинденско востание, предвремено кренато и покасно за расколот на самата ВМРО и нејзините револуционери кои најбрутално се убиваат меѓусебе. Потсетете се само на убиството на Јане Сандански, го убива младич кој како дете е спасен од Турците токму од четата на Сандански. Младичот не ни знаел во кого пукал, а пукал по наредба на пробугарите, со мисла дека убива некој кој е против Македонија. Покасно кога дознава кого убил, самиот си го одзема животот. ВМРО по убиството на Тодор Александров (човек кој и самоит имал дилема за својот идентитет но подоцна осознал кој е и што е), доаѓа и конечното докусурување на организацијата со ставањето на нејзино чело на Иван Ванчо Михајлов, одроден Македонец и тежок бугараш, крвник по природа кој почина во 1990 во Торино, Италија и до крајот на својот живот беше потрчко на бугарската антимакедонска пропаганда. Најсвирепите убиства се случиле токму во негово време и цела Европа останува згрозена од негоите терористи. Сепак светло дело, ако може да се каже е убиството на српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ, непријател на Македонците од страна на Владо Черноземски. Српската пропаганда е најсилна во Полог и Азот, крајно сиромашни региони. Грчката е најизразита во Егејскиот дел на Македонија, и кога не фаќа корен Грците прават размена на население со Бугарија и Турција, и во овој бран иселуваат над 700 000 Македонци (православни и муслимани) и така се справуваат со Македонскиот национализам. На нивно место населуваат хеленизирани православци од Турција. (Ова се случува во 1922 и паѓа на грб на Македонија и Македонците).

Најновите пропаганди

Во вторта светска војна, а поттикната од сонот за слобода и идеалите на ВМРО, новата Македонска генерација, здрава и самоосознаена, го поведува својот народ кон долгоочекуваната слобода. Но во 1945 па се до 1952 стапува во сила вториот српски пропагандистички бран но овој пат затскриен зад „југословенството и братството и единството“. Македонците остануваат без своите преродбеници од втората светска војна. Овие завршуваат по затворите како бугарофили и антијугословени. Класичен пример за оваа пропаганда е прогонот на Венко Марковски во Бугарија и покасното негово „скренување“ и себеопределување како Бугарин. Оттогаш во Македонија српските пропагандисти организираат лов на вештерки (Бугари). Сите тајни друштва на Македонци-следбеници на идејата за независна Македонија се жигосуваат како про-бугарски. Вистината е дека и самата Бугарија во тоа време освен на своја територија со заушувањето на националните чувства на тамошните Македонци, немала можност да делува надвор од своите граници. Последица од српската пропаганда од вториот период се денешните „комуњари“ сконцентрирани во сите структури на државата и во СИТЕ партии, најмногу во СДСМ. Сеуште одржуваат контакти со белградските нереформирани тајни служби, но и со грчките (најзабележително дело на овие структури е палењето на Америчката амбасада во 1999 поттикната токму од Белград. Имиња нема да наведам, ќе бидат откриени самите во наредните судски процеси против антимакедонци што чекам да започнат. Повеќето се знаат.). Свеж пример е Зоран Вранишковски. Одродувањето на Македонците од овој период е најизразен преку таканаречената југоносталгија и митот за Тито и братството и единството, па како тогаш се живеело подбро од сега и слично. Последиците се сеуште присутни но со време одумираат.

ФИНАЛЕ-СЕГА Е МОМЕНТОТ!

За жал, последица на овие делувања е и Македонско-Албанскиот конфликт, инспириран токму од српските тајни служби, поддржан од грчките и најново од бугарските тајни служби. Овие служби, го поттикнуваат неукиот Албанец преку чие делување очекуваат разградување на Македонија и нејзина ликвидација од политичката карта на светот. Албанците се 45 години угнетувани во социјалистичкиот систем и оттука доаѓа нивната огорченост. За жал Македонците се погрешната мета на нивните напади иако Македонци по род покрај останатите биле нивни угнетувачи. Но не и Македонци по душа. Значи делиме иста судбина и сме угнетувани од исти угнетувачи-„Комунисти и Југословени“. Најновите текови и доаѓањето на конзервативните и националистички партии на Македонците и Албанците (ВМРО-ДПМНЕ и ДПА), кои за среќа добро се разбираат, сметам дека ќе ги порази силите на овие пропаганди, Македонците и Албанците ќе продолжат да живеат заедно во унитарна Македонија како дел од Европската унија. Очекувам финален пораз на туѓите пропаганди и на нивни терен, значи во Атина, Софија и Белград токму од нивната прогресивна младина која се стреми кон подобар живот, а не кон неизживеан НАЦИОНАЛ-РОМАНТИЗАМ. Тука се МАКЕДОНСКИТЕ умови да помогнат. Значи на крајот се сведува пак тешка балканска иронија-СОСЕДИТЕ НАПАЃАЈЌИ НЕ НАС, БИВААТ ДА БИДАТ СПАСЕНИ ТОКМУ ОД НИВ САМИТЕ И ТОА СО ПОМОШ НА МАКЕДОНЦИТЕ. Без ова ќе завршат како современи варвари.


Првично, треба да зајакнеме самите на економски план. Засега одлично се браниме себе си и добро закрепнуваме после се. Само со ладна глава и бистар ум!

Последиците од пропагандите се сеуште присутни. Идентификувајте ги и отфрлете ги. Секоја мерка е ЛЕГИТИМНА кога е во прашање одбрана на верата и идентитетот на МАКЕДОНЦИТЕ. Препорачувам помалку зборување, повеќе дела.

А делата се: образование, па и самообразование, наука како главно оружје, негување и унапредување на Македонскиот дух и традиција, вера и издржливост, економско богатење! Со работа кон остварување на овие цели еднаш засекогаш ќе ја закопаме злата крв помеѓу нас и ќе зачекориме кон брз прогрес во елитата на човештвото зашто нашето место е таму, НА ВРВОТ!
 

Boogie

no pain no game
Член од
4 декември 2005
Мислења
985
Поени од реакции
544
Немам зборови:bravo::bravo::bravo: може да повторам за да се знае образование, па и самообразование, наука како главно оружје, негување и унапредување на Македонскиот дух и традиција, вера и издржливост, економско богатење! Со работа кон остварување на овие цели еднаш засекогаш ќе ја закопаме злата крв помеѓу нас и ќе зачекориме кон брз прогрес во елитата на човештвото зашто нашето место е таму, НА ВРВОТ!
:bravo::bravo::bravo::bravo:
 
Член од
17 јули 2006
Мислења
3.114
Поени од реакции
22
ili perenje mozok

trn bravo za temelno i celosno iskazuvanje .nemam sto da dodam sekoja cest.samo mozam da kazam deka tokmu problemot lezi vo samite nas, samo osoznaen makedonec moze da ima vistinski patokaz za sebe.makedonija ne vodi nacionalna politika.a site okolu nas glavno nivnata politika e nacionalna.problemite se se okolu manu, visokoobrazovnite instituci,potrebna e golema nacionalna propaganda na site mediumi .se plasam ako vaka se nastavi deka navistina ce imame dlaboka kriza na identiet.mora pod itnodase donese zakon za veronauka.dete se uci od malo kako sto i zasto treba da bide pred so nacionalini cuvsta za sebe .deneska sme svedoci na napliv na mediumi kaj sto denonocno preku muzikata se nametnuva nesto tugjo:(tokmu toa e kriza na identitet.denes vo makedonija imate po 5 do 6 srpski isto tolku hrvatski ,nekolku bugarski koj preku muzikata i te kako vljaat na makedonskoto naselenie koj sto nesvesno toa go prifakja .tokamu toa koga se nema osnovni poznavanja za sebe kultura vladee subkultura :(zalno .za mene najgolemi kirivci se tokmu visoko obrazovnite institucii koj sto nemo si gledaat stose pravi.pr ako eden profesor od fakultet zeme mito togas i negoviot ucenik cego pravi toa.imam iljadnici primeri na kriza na identitet.nie sme mala zemja i mnogu lesno se vlijaee na nas.evropskite institucii ne okvalifikuvaa kako neobrazovani a i neme ni cudi .samo obrazovan narod e nacionalno svesen.
 
Член од
13 март 2007
Мислења
41
Поени од реакции
2
МАКЕДОНЦИ И МАКЕДОНКИ!!!
БИДЕТЕ ГОРДИ НА ТОА ШТО СТЕ И ОД КАДЕ СТЕ. НАШАТА ДРЖАВА И ИДЕНТИТЕТ СЕ ЗАПИШАНИ ВО КНИГАТА НАД КНИГИТЕ.

+СВЕТОТО ПИСМО

И ТОА 33 ПАТИ.

+СВ.АПОСТОЛ ПАВЛЕ ВО СВОЕТО ПОСЛАНИЕ НЕ ВЕЛИ НЕКОЈ СИ ХРИСТИЈАНИН ОД МАКЕДОНИЈА, АМИ МУ СЕ ЈАВИЛ

"МАКЕДОНЕЦ ОД МАКЕДОНИЈА".

АКО САКАТЕ ВИДЕТЕ, НАЈДЕТЕ ГО СВЕТОТО ПИСМО И НА БУГАРСКИ,ГРЧКИ,АРАПСКИ, ЈАПОНСКИ, РУСКИ....
ЌЕ ВИДЕТЕ ДЕКА ПИШУВА:

" МАКЕДОНЕЦ ОД МАКЕДОНИЈА".

ЗНАЧИ ГО КАЖУВА И НЕГОВИОТ ИДЕНТИТЕТ.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
201
Поени од реакции
1
И јави се на Павла ноштем видение: един македонец стоеше та му се молеше, казвајки: Дојди в Македонија и помогни ни.
10 И като видја видението, веднага пот'рсихме случај да отидем в Македонија, като дојдохме до заклјучение, че Бог ни призовава да проповјадваме благовестието на тјах.
11 И т'ј, като отплувахме от Троада, отправихме се право к'м Самотрак, на следнија ден в Неапол,
12 и оттам в'в Филипи, којто е главнијат град на онаја част от Македонија, и римска колонија. В тоја град преседјахме нјаколко дни.Дејанија 27:2
И като се качихме на един адрамитски кораб, којто штеше да отплува за местата покрај азијскија брјаг, тр'гнахме; и с нас беше Аристарх, македонец от Солун.
 
L

Luki Junior

Гостин
Јас мислам дека ако нема радикални промени во македонскиот систем, ќе ги снема Македонците од Македонија.

Како прво, треба да се реши проблемот со националната историја.
Нема здрава нација, здрав патриотизам без здрава национална историја. Се додека се учи комунистичкото срање во училиштата ништо не бива од нас.
Второ, треба Македонија да се зајакне на религиозен план. Малце национализам, малце религиозни празници да станат државни нема да е лошо. А не да дознаваме дека МПЦ постои само кога има финансиски скандал поврзан со неа.
(Треба да се опростиме од идиотската референца на комунистите да не мешмаме религија и политика)

И под итно да се подобри економската ситуација во оваа наша напатена земја. оти џабе ни е национализам, патриотизам, љубов кон мајка Македонија, ако немаме леб да јадеме. Патриотизам на празен стомак не бива.

Како и да е, надеж има, ама ако не се свестат нашите лидери, отидовме во зијан.
 
Член од
14 март 2007
Мислења
64
Поени од реакции
0
Taka sniper, ama nema da prosperirame blagodarejki im na nasite sojuznici braka Bugari, Srbi i Grci pa i Albanci. Zosto primer tuka vo Skopje ima dva centra za spiunaza i dounistuvanje na Makedonija koi rabotat intenzivno. Znaci ne e do nasite lideri se e do voljata na golemite. A eden od tie centri e Bugarskiot za drugiot ne sum siguren, tie rabotat uporno na unistuvanje na nasava drzava za da se pokaze pred svetov deka ne ne biva, pa posle oni kako spasiteli ke dojdat i ke ne okupiraat, ova zgresiv ke ne pripojat i "spasat" :tapp: i ke sakaat da ne napravat kako vo Pirinska Makedonija raj (utepani od gospod) pa da ne moze uste 5 veka da se oslobodime. A kon taa nivna cel imaat i golema pomos od Grcite koi se bi dale samo da ne nema. Srbite patem se vo sojuz i od sekogas bile so Grcite. Albancite imaat podrska od cel muslimanski svet, i mnogu bitno Osamabinladenovcite. Sto znaci avtomatski i od Amerika a so niv vo paket ide i Evropa(kako ke kaze Amerika taka ke bide). A Amerikancite vo nivnata drzava ima ogromni sredstva na pari tokmu od Arabija i Osamabinladenovcite koi imaat niz Balkanov kampovi za obuka na teroristi. Amerikancite demek ne gi gledaat.
 
L

Luki Junior

Гостин
Hmm, chudna teroija..
sepak mislam deka problemot lezi vo nas, bidejki na kraj kraevi, makedoncite se tie koi si donesuvaat odluki samite za sebe. Tocno e deka vekovi i vekovi nekoj drug odlucuvase za nas. sega mozeme da gi plukame tie godini kolku sto sakame i toa plukanje da go opravdame.
No fakt e deka od 1990 sme sami, sami da donesuvame odluki. I kakvi odluki donesuvame??? Odluki so cija pomos se odnaroduvame samite od sebe. A da laeme na partal deka drugite ni ja gotvat chorbata e premnogu od smeshno bidejki ovaa drzava ima oficijalni tela koi treba da se grizat za site stranski "misii" vo drzavava. Gledam deka go ispustas faktot deka tie stranski misii imaat domasni, makedonski jataci...I tuka lezi problemot. Vo makedonija ima premnogu prodadeni dusi koi ke si go prodadat svoeto jas na gjavolot za malku pari..
 
Член од
14 март 2007
Мислења
64
Поени од реакции
0
Taka brat toa e toa zatoa ama toa ne znaci deka ke se otkazeme ke se borime i ponatamu
The Macedonian Christian Empire of UNITED MACEDONIA


 
Член од
13 март 2007
Мислења
41
Поени од реакции
2
Топонимите во североисточна Бугарија, исто така се чисто Турски како: с. Узлар, (уз-лар = узите), Хорозлар, Азаплар, Герзалар, Сонгулар, Сиахлар, Каспичан (едно од бугарските племиња), Кочулар, Дураклар, Гејкчилер итн.
Бугарската официјална историја ги признава Гагаузите за најстари Бугари, дел од бугарската нација, но и туркобугарите од Бугаростан,Чувашија, руските степи итн. (Брошурка ”Б'ЛГАРИТЕ ИЗВ'Н РЕПУБЛИКА Б'ЛГАРИја’’Пламен Павлов, председател на Агенцијата за б'лгарите в чужбина (август 1998 - март 2002 г., објавено од ВМРО Русе)).

Значи, бугарската историографија е сосема збунета и дава погрешна слика за денешните словенобугари. Имено, денешните "Бугари" не се етнички Бугари, туку географски Бугари, со исклучок на добруџанските Бугари. Ако денеска се задржале вистинските Бугари на хан Аспарух, со свои традиции и фолклор, го задржиле својот турки јазик, вистинскиот бугарски јазик, испаѓаат ступидни тврдењата на "Бугарите" дека Македонците се Бугари. Па во Македонија нема ниту Гагаузи, ниту православни туркофонични племиња или православни Турци. Уште повеќе смешни се тврдењата дека јазикот на Св. Кирил и Методиј се бугарски, кога во 855 г., годината на создавањето на словенската азбука, Бугарите говореле турки јазик, истиот кој денеска го говорат нивните наследници. Прашањето е дали постои воопшто бугарски словенски јазик, кога се знае дека вистински бугарски јазик, оној туркиот на Гагаузите, Чувашите и Болгаростанците-Татарстанците е се уште жив.
Инаку, денешниве Македонци да имале Бугарско потекло, тие денеска ќе беа туркомонголски народ од жолтата раса, со коси очи и ќе збореа бугарски - турски јазик, оној кој се говори и денеска меѓу вистинските бугари во Чувашија и Татарстан; во таков случај, немаше средновековните македонски книшни дела како „Панонските Легенди”, разните житија на македонските светци да зборат за народот словенски, ами за народ бугарски, немаше да пишуваат словенски, ами турски, како вистинските бугари во Татарстан и Чувашија.

Да се навратиме на етногенезата на Македонците. Македонскиот народ почнува да се оформува како посебен етникум уште во раното средновековие од два носечки столба: античкото домородно македонско население и од Словените, со нивна фузија во еден етнос. Првите византиски документи, македонските Словени ги опишуваат како народ кој е домороден, а не доселен во Македонија. Еден од најстарите историски извори за македонските Словени е „Животот на Св. Димитрија Солунски” од 6-от век, каде македонските племиња се прикажани како имаат свои кнежевства, потчинети на византискиот Император и своја локална самоуправа на чело со жупани „Evocatis ex tota provincia principibus (жупани) conventum habuit”; извор:Livius XLV. 29. Од истиот извор дознаваме и кои се најголемите словениски племиња „Sclavenorum gens numero infinito ex Dragobitas, Sagodatis, Belegeretis, Baenitis, Berzitis, reliquisque, quae primum uno ex ligno naves praeparare diciderant” т.е. Драговити, Сагудати, Велегезити, Бенити, Брсјаци...

Нема апсолутно никаков усмен или пишан историски извор, дека античките Македонци мигрирале од Македонија или не дај боже пропаднале во земја, исчезнале. Напротив, нивната крв тече во современите Македонци, било тие тоа да го сакаат или не. Најдобар пример како да го обајсниме словенизирањето и опстојувањето на античките Македонци е, Романија. Тековнава историја не учи дека Словените неколку стотици години живееле зад Карпатите и зад Дунав, на територијата на денешна Романија; но, Романците- наследници на Даките не изумреле, туку уште се живи и живеат во Романија. Така и античките Македонци опстанале, па поради заедничката религија, а со тоа и култура на античкито домородно македонско население и словените, настанала фузирање во еден етникум. Доказ за тоа е и Солун, градот кој беше најголемо византиско упориште, но целосно словенизиран, каде сите негови жители збореле чисто словенски. Во најстарото „Житие на Св. Методиј” од 9от век целосно се пренесени зборовите на Михаил Трети (византиски император) упатени до Светите Браќа Солунски: „...вие сте Солуњани, а сите Солуњани чисто словенски зборуваат”.

Византискиот Император, Константин Порфиногенет вели: „цела Македонија и скоро цел Пелопонез се словенизирани” (Ibid; p.86). Значи, денешните Хелени, можат да полагаат право на континуитет со античките Хелени како и денешниве Македонци со античките Македонци. Историските факти велат дека и цела Елада била словенизирана со исти словенски племиња како и македонските. Само во источен Хелас (денеска погрешно го нарекуваме Грција) останале џепови со автохтоно грчко-ромејско население (Macedonia and Greece - The Struggle to Define a New Balkan Nation, John Shea, McFarland and Company Inc., North Carolina, 1997; p.86 ). Не само Хелада, туку и Епир и Тесалија во 8от век биле целосно словенизирани (Strabonos Epithomatus 8 век, C. Muller, Geographi graeci minores, Paris 1882, p.574). Имаме запис дека само грците од Елада поради аварословенските напади, се иселиле од Хелада (Пелопонес) на блиските острови (On the Chronicle of Nonemvasia see Charanis, op. cit., pp. 147 ff.), а на нивно место се населуваат словени; баш тие, денешните „Хелени” полагаат право на континуитет со античките Хелени, а нас Македонците на прават чисти Словени!

Можеме да кажеме дека Македонците имале први своја држава, со оформен етникум, народ. Веќе во втората деценија 7от век, во Македонија имаме создавање на државна формација, составена од обединетите македонски склавинии, кои дури имале и свој крал (рекс) Хатсон на чело на државата (Mirac.,II ,p.1325-1333). За жал, Византијците го убиваат Хатсон и македонската држава без лидер пропаѓа. Педесет години подоцна, во 70те години од 7от век, македонските склавинии прават нов обид за обединување т.е. форирање на држава; овој пат, крал (рекс) на обединетите македонски склавении е Пребонд, но пак Византија го уништува Пребонда и Македонија потпаѓа под Византиска т.е. Ромејска власт (Извор: "Mirac., II, p.1325-1333. / ”Mirac.,",II,p.4, Tougard, p.148-176). Во 9 век хрониката на Теофанес Конфесор спомнува посебна држава „Склавиниа” во периодот 657-658 г. на просторот на етничка Македонија (Theophanes, Chronographia, edited by Carolus de Boor (Leipzig, 1883), I, стр. 347). Тогаш имаме постоење на посебна словенска држава на територијата на Македонија, но во 658 г. византискиот император Констанс Втори ја уништува Склавинија и пак хрониката на Теофанес Конфесор потоа спомнува само склавинии, но не и држава Склавинија (Ibid., I, 486). Како што гледаме, во исто време кога се формира државата на турските Бугари, се формира и македонска држава, која е со компактен единствен етникум, за разлика од хеторегената етничка слика во бугарската држава, со азијатски и мноштво европски етникуми.

Македонија е лулката на словенската писменост и култура, земјата на словенскиот Ерусалим- Охрид, земјата каде што настанале првите букви и книжевни дела на старомакедонски јазик, јазикот кој стана основа на сите словенски јазици и до ден денешен се служи по православните храмови низ словенските земји, од Македонија па се до рускиот далечен исток, во Азија. Од словенската книжнина за Македонија од средниот век, дознаваме многу детали за етникумот кој ја населувал Македонија. Иако нашиот источен сосед упорно тврди дека Македонците се „Бугари” од средниот век, пишаните историски извори од средновековните Македонци тоа го отфрлаат. Не постои ниту еден Македонец во средниот век кој се декларирал како Бугарин или пак како Србин. Во ”Пофалното Слово за Св. Кирил”, за кое кое се мисли дека е напишано од самиот Св. Климент, стои дека народот кој ја населувал Македонија е словенски или како што таму стои: „многуплодниот народ словенски” (Извор: „Пофално Слово за Св. Кирил”, Панонски Легенди од Црноризец Храбар, крај на 9ти или почеток на 10ти век). Црноризец Храбар во истите Панонски Легенди, во ”Житието Методиево” вели дека „сите солунчани чисто словенски зборуваат”. Во Житието на Св. Наум Охридски, напишано по смртта на Св Наум, од перото на анонимен ученик на Св Климент, во 10от век, пак се зборува само за Словени и за никоја друга народност во Македонија. Бугарската историја не се повлекува од квазитеоријата дека Македонците веќе во 10от век биле Бугари. Подоцна, Македонците не би можеле да станат Бугари оти потпаѓаат под византиска власт во почетокот на 11от век, а подоцна под српска. Но, како што гледаме во тоа време Македонците не биле Бугари, напротив, бугарското име македонските писатели не го спомнуваат.
 
Член од
17 февруари 2007
Мислења
7
Поени од реакции
0
топонимите в Североизточна Б'лгарија

Самија аз с'м от Североизточна Б'лгарија и искам да кажа,че такива топоними тука нјама или ако е имило те са били по време на Турското робство...а по време на Турското робство какви са били топонимите в Македонија..? нали и те са били турски...Мис'лта ми е таја-не пишете нешта ,които не са верни /като в тоја случај/ заштото по тоја начин как да ви се вјарва и за другите ви тв'рденија...?
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
kasov напиша:
Самија аз с'м от Североизточна Б'лгарија и искам да кажа,че такива топоними тука нјама или ако е имило те са били по време на Турското робство...а по време на Турското робство какви са били топонимите в Македонија..? нали и те са били турски...Мис'лта ми е таја-не пишете нешта ,които не са верни /като в тоја случај/ заштото по тоја начин как да ви се вјарва и за другите ви тв'рденија...?
Јас пак, го тврдам обратното:
Зошто да ви се верува вам, кога вие пишувате нешта кои не се верни, т.е. се продукт на пропаганда и безобзирно искривување на вистината, шпекулации и лаги?
 
Член од
17 февруари 2007
Мислења
7
Поени од реакции
0
топонимите в Североизточна Б'лгарија

Струмикс,аз конкретно писах за топонимите..,доколкото с'м от този крај все пак по-добре знам тија работи...това дето го е публикувал Антигон не отговарја на истината.../дори и през Турско по-големија дјал от топонимите пак си е от славјански произход/ ,тук мислја,че сме пристојни и културни хора и затова трјабва да пишем само достоверни факти...иначе публикуването на нереални факти подлага на с'мнение и всичко останало дето се пише в'в форума...
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Xpu100 напиша:
"Македонија е лулката на словенската писменост и култура, земјата на словенскиот Ерусалим- Охрид"

Всичко вјарно, само дето Охрид е бил б'лгарски град до 1944 година...
Чекај да ти ја поправам грешката: Охрид беше под БУГАРСКА ОКУПАЦИЈА до 1944...Фашисти едни татарски....
 
Член од
6 април 2007
Мислења
2
Поени од реакции
0
Грешка? Историјата не греши.
Чакај сега, хем фашисти, хем татари? Как се с'вместјават теја понјатија? Нали фашизм'т и нацизм'т отричат другите раси освен аријската. А татарите не са аријци? Оправете си понјатијата и тогава пишете.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom