Не знам како ги прават Хот Хот но поголем дел од Норвешка и скандинавски земји се изградени со такви куќи. Побрзо се градат, поотпорни на земјотрес, полесни за одржување полесно се загреваат (ако се изградени како што треба и со квалитетни материјали). Да не беа така добри и исплатливи немаше толку ни да ги градат низ свет. Ние овде сме се уште навикнати на до пола метар сендвич зидови со изолации и некако со сомнеж гледаме на 20 сантими надворешен зид .... али према искуствата на луѓе кои имаат такви куќи и стручни пресметки нема разлика во изолација меѓу двата наведени материјали. Мислам дека и век на траење на такви куќи е 50 години, а со редовно одржување може да отера и над тоа.
Треба да имаш само бетонска подлога (на земја или визби) и донесена инсталација и за месец дена се вселуваш. Цената не е баш многу поефтина, муислам дека е околу 300 евра квадрат, али тој што зидал и градел со блок тула знае колку тоа подолго трае, понапорно и како секогаш излегуваат додатни трошоци. Вака плаќаш и за 30 -45 дена се вселуваш во готов дом со се под, дограма купатило па и кујна)
Јас лично би сакал да имам и живеам во таква куќа
Е сега не знам за закони како ги третираат тие куќи кај нас но секако за мене на куќа не му е место во строг центрар туко негде понастрана на периферија со голем двор и мир. Ако сакаш центар - земи си стан.