Кучиња скитници

Ваше мислење:

  • Вкупно гласачи
    606
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
А Маwечко како ние да знаеме дека после година дена тоа новородено куче скитник не стане бесно или заболе од некоја болест ? Што тогаш ?
Има и обратни случаи. Тоа со успивање на агресивно куче. Таа агресија можда е резултат на постојаната борба за живот, од проблемите со луѓе, други кучиња... Но истото тоа агресивно (на улица) куче може да е најприврзаното и најпослушно куче во маало ако правилно се третира (ако некој го храни и ако го заштити од улицата). Значи не секое куче е зло по дифолт и не секое (во моментот агресивно) куче треба да се осуди, т.е. да не се удоми.

Како и со луѓето.

Ова е у ствари многу посложена општествена појава (ако ја гледаме од тој аспект) отколку што навидум се претпоставува. Сходно на тоа и инструментите и активностите за справување се многу обемни и сложени. Инаку досега ќе се решеше работата, не само кај нас туку и пошироко (во другите земји, слични на нашата). Треба да се згрижат на овој или оној начин илјадници кучиња, а тоа не може да се реши со парцијални кастрации, лов, успивање или давање 100 денари. Тоа кошта-многу и постојано (не е проект кој трае година-две), ако сакаме во тие собирни центри да се однесуваат кон нив како кон живи суштества.
 
gogZ

El pipita!
Член од
15 декември 2008
Мислења
328
Поени од реакции
5
Абе милион пати ли треба да напишеме

ДА СЕ ВАКЦИНИРА И КАСТРИРА

тогаш нема да заболе и да е агресивно. Доколку кога ке е мало се врши ова со сигурност кога ке порасне нема да е опасно куче.

А за агресивни се пријавуваат такви кучиња обично но и кога ке му се приближиш се познава кое е агресивно а мое мило те гледа и сака да го нахраниш или да се поиграш со него.
Агресивни се и обично болните кои одалеку се познава кои се.

И убаво некој погоре напиша. Како може некои дечиња низ улициве да се опколени со 10 улични кучиња и со нив да се играат а никогаш да не се нападнати? А некои ке им се доближи кучето без никаква намера и они одма "сака да ме нападне, сака да ме касне, ке ми скокне, удри го, бркај го" и повеќето го удираат со се што ке им е при рака па нормално после оно ке нападне некој. Не се они без душа па се да трпат и да останат мирни.
А кој ќе плати ? Во денешно време кога луѓето се соочуват со разни вируси болести(свински грип пр.) и кога не можеме да обезбедиме вакцини за нас луѓето.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.376
хмм прво анкетава е тиња. Но бидејќи темава кажува дали треба да се успијат кучињата скитници, не ка стои, каква е таква е. Е сега... зошто мора да се успијат сите кучиња скитници? Затоа што огромен е ризикот да нападнат деца, одомаќени кучиња (расни:)) или незнам си што? Некои рекоа дека државниот систем кај нас е во катастрофална состојба. Да во право се. Огромни пари се трошат на банални глупости (Цркви, човечиња од глина (овај де восок), статуи од петко,миле, трајко) двокатни автобуси.... Непрактични проекти ви ниеден поглед. Наместо тоа зошто по ѓаволите не се репарираат сите оние рани што ги има нашиот град (а и другите)? Кучињата скитници се` еден вид рана но има и безболно решение како помалку да ги има. Само треба да има експерти кои не се занимаваат само со „политика“. За жал ние сме во дефицит на ваквите луѓе.
 
Z

Zona Pelucida

Гостин
А кој ќе плати ? Во денешно време кога луѓето се соочуват со разни вируси болести(свински грип пр.) и кога не можеме да обезбедиме вакцини за нас луѓето.
Државата ќе плати,али кај нас,боље ќе пикне некој у џеб пари отколку да направи некој убав гест.Али јебига уште сме ние уназадени,нема ни закони за животни,ни прифатилишта,ни полиција,ништо.
А за тие што се ЗА еутаназија на кучињата,да ѓи прашам дали ќе се сложат и луѓето скитници да се убијат,па некои од нив и крадат,и убиваат,и што уште не.
Па што ако некое кутре не е расно,што е криво тоа што се родило,каква само нехуманост.Единствено сум само за стерилизација на уличните кучиња.
 
Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Не чувале(чуваат) куче тие што сакаат да се успијат уличните кучиња.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Реализацијата на овој проект во таа смисла е потпомогната и е под мониторинг на Кралската асоцијација за заштита на животни од Велика Британија.

Резултатите во првите три месеци од реализацијата на овој важен проект се позитивни. Од 236 кучиња уловени од стартот на проектот до 18 ноември, третирани и вратени на улиците се 151 животно, а 25 се усвоени од страна на Скопјани кои со овој хуман гест во своите домови згрижиле здрави и племенити животни кои инаку повторно би биле бездомни.
Интересен податок, многу мала бројка усвоени кучиња спрема податокот од анкетата и темава каде доста членови се јавија за оваа опција.

Сточарот Мемед Асановски, од селото Мал Папратник, изгуби 40 овци од своето стадо кои наскоро требало да се објагнат, откако глутница од кучиња скитници влетале во неговата штала и ги распарчиле животните.
Овците, како што раскажува овчарот, биле лоцирани во неговата домашна штала каде имало повеќе од стотина овци.
Членовите на семејството Асановски, откако слушнале лаежи на кучиња во нивната штала, се обиделе да интервенираат, но увиделе дека дел од овците веќе се целосно распарчени.
Кучињата скитници, во последните денови, во Дебар каснале неколку помали деца. Локалните власти најавуваат акција за пресметка со кучињата скитници.
Се увезуваат ли кучиња скитници во Тетово? Ова прашање го поставува и јавноста во изминатиот месец, откога започна огромниот наплив на бездомни кучиња. Ги има на секое ќоше, во центарот на градот, на перифериите. Демнат, ги заплашуваат граѓаните.
„Ме нападнаа 30 кучиња, ми ги искинаа фармерките. Навечер не е безбедно да се излегува. Јас сум од село Желино, цело поле е со тие кучиња“, велат тетовчани.
Синоќа ме нападна едно куче - скитник. Х беше со татко и во кола, а јас тргната кон нив. Скокаше околу мене и беше спремно да ме касне. Среќа носев голема ташна, полна со шишиња на Х па кога го ѕвекнав... и вриштев по мм. Незнам дали избега кучето од ударот или дека мм му се пушти. Се стрчав кон кола бидејќи Х беше сама внатре и сирота вриштеше на цел глас. И ова не им е прво напаѓање. Пред две недели едно од тие кучиња го каснаа свекор ми. Зар не е време некој да се погрижи и за овој проблем со кој секојдневно се среќаваме. Ако некој знае каде да се обратам, за да се тргнат кучињата од улица го молам да ме информира. Следниот пат може место ташна, Х да ми е во раце и...
Брајан Фокнер, експерт на RSPCA Британската кралска асоцијација за заштита на животните
- Мора да бидете свесни дека проблемот со кучињата скитници не се решава за кратко време. Но, доколку имате добра стратегија, ако вложите доволно средства и ако сите од заедницата се вклучат во решавање на проблемот тогаш сте на прав пат. Град Скопје со стратегијата која во моментов ја спроведува (фати, кастрирај, ослободи) може да очекува видливи резултати за три до пет години. Проблем е што во Скопје нема направено броење на бездомните кучиња, се шпекулира со цифра од 3 до 10.000 кучиња, но мојата проценка е дека нивниот број е околу 5.000. Но, многу значаен фактор за успешна стратегија е обичниот граѓанин и неговиот однос кон околината и кон домашните миленици – додаде Фокнер.
Ама и ова е греота, цел живот во затвор, за животно е еднакво на убиство.

Ажурирана: 18. 06. 2009 ЈП Ком
 
gogZ

El pipita!
Член од
15 декември 2008
Мислења
328
Поени од реакции
5
Државата ќе плати,али кај нас,боље ќе пикне некој у џеб пари отколку да направи некој убав гест.Али јебига уште сме ние уназадени,нема ни закони за животни,ни прифатилишта,ни полиција,ништо.
А за тие што се ЗА еутаназија на кучињата,да ѓи прашам дали ќе се сложат и луѓето скитници да се убијат,па некои од нив и крадат,и убиваат,и што уште не.
Па што ако некое кутре не е расно,што е криво тоа што се родило,каква само нехуманост.Единствено сум само за стерилизација на уличните кучиња.
Чекај ти споредуваш кучиња скитници со луѓе скитници ? За нас луѓето постојат организаци кои се грижат за јавниот ред.Е доколку они не се способни да не заштитат тоа е веќе друга тема.А за првиот дел од твојот пост целосно си во право,државата радо би пикнала парите в џеп одколку да направи некој убав гест но тоа е тоа.
 
Па искрено боље еутаназија за луѓе отколку за животинче,полош непријател од човекот нема,а куче ако не го закачаш нема да ти наштети.
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Не чувале(чуваат) куче тие што сакаат да се успијат уличните кучиња.
Твоето држи вода ради тоа што има помала шанса кучињата да нападнат некој што е сопственик на куче зошто тој не се плаши и не осеќаат адреналин кај него, адреналин што го осеќаат кај луѓе што се плашат од нив.

А човек не може да знае со сигурност дали стравот му е оправдан или не кога си има работа со улични кучиња.

Ја би рекла и: Не биле нападнати од куче тие што се против успивање на уличните кучиња.
Баш ме интересира што тие нападнати луѓе имаат да кажат на темава. Или луѓето што не можат да си излезат во сопственото маало заради кучињата наоколу.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
А кој ќе плати ? Во денешно време кога луѓето се соочуват со разни вируси болести(свински грип пр.) и кога не можеме да обезбедиме вакцини за нас луѓето.
A како тоа се имаат средства за финансирање за изградба на одвратни статуи?
Таков ни е менталитетот, толку е развиена свеста на луѓето. Животните се задња дупка у шупелка. Секогаш било и секогаш ќе биде така.

За вакцините не збори кога не знаеш, затоа што државата има обезбедено.
И мислиш дека вакцините за успивање за џабе ги даваат? Растат на дрво?
 
Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
И мислиш дека вакцините за успивање за џабе ги даваат? Растат на дрво?
Има некој присуствувано на успивањето? Дека во нашата џеладска држава е се можно....затоа и ми поминаа некои лоши мисли низ глава :S
 
Z

Zona Pelucida

Гостин
Има некој присуствувано на успивањето? Дека во нашата џеладска држава е се можно....затоа и ми поминаа некои лоши мисли низ глава :S
Целта на докторите,во овој случај на ветеринарите е да се направи што е можно повеќе да го одржи пациентот во живот.Еутаназија се врши во ветеринарна болница,само им ставаат инекција,и заспиваат во длабок сон од кој не се будат,односно умираат.Не се сеќирај,не вршат масакр.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Има некој присуствувано на успивањето? Дека во нашата џеладска држава е се можно....затоа и ми поминаа некои лоши мисли низ глава :S
Кога се` би се одвивало како што кажуваат, треба да е безболно, како насекаде по светов. И не верувам дека би дозволиле некој да присуствува.
ЕДИНСТВЕНАТА ветеринарка од стационарот не знае како и каде исчезнуваат кучињата, а наводно завршуваат во депонија, Дрисла ваљда се викаше... А според неукоста и недостаток на осет и човечност, не верувам дека се исто третирани како домашните болни кучиња кои ќе ги однесеш на ветеринар да ги успијат.

Целта на докторите,во овој случај на ветеринарите е да се направи што е можно повеќе да го одржи пациентот во живот.Еутаназија се врши во ветеринарна болница,само им ставаат инекција,и заспиваат во длабок сон од кој не се будат,односно умираат.Не се сеќирај,не вршат масакр.
Поентата е што не е множина, една е само.
А масовно исчезнуваат кучињата... тоа не може да го постигне еден човек. Или грешам?
 
Z

Zona Pelucida

Гостин
Поентата е што не е множина, една е само.
А масовно исчезнуваат кучињата... тоа не може да го постигне еден човек. Или грешам?
А од кај се утврдило дека исчезнуваат кучиња,попис да не им праеле,ја како што глеам се повеќе и повеќе ги има.
А што сакаш да кажеш со тоа еднина множина???
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
А од кај се утврдило дека исчезнуваат кучиња,попис да не им праеле,ја како што глеам се повеќе и повеќе ги има.
Секој ден читам дека ги снемува кучињата, има луѓе што го посетуваат стационарот.

А што сакаш да кажеш со тоа еднина множина???
Пошто рече ветеринарИ. Само едно е вработено, стручно лице во стационарот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom