Кучиња скитници

Ваше мислење:


  • Вкупно гласачи
    619
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Точно да.
Така треба да се изреагира кога ќе те нападне куче. Запознаен сум со се тоа. Дури немора ни камен да земаш, доволно е само да се наведнеш и ќе се повлечат.
Ама овие што ме нападнаа мене толку беа здивени што ништо од тоа со наведнувањето и камењата не помогна, а ако се правев дека не ги гледам - до сега ќе бев мелено месо. Да не зборуваме ако некое куче има кучешко беснило, тогаш е уште посериозно.

Инаку што се однесува до тебе, можеби таква ти била среќата и не те нападнале. И јас така се чудев кога ми кажувале и кога читав по весници дека кучиња нападнале луѓе и не верував во ништо од тоа, ама кога увидов на сопствена кожа како е, инстантно го променив моето мислење. :)
Не бев таму и не можам да коментирам, исто и ти ќе речеш ако ти кажам што се ситуации сум имала со бездомни луѓе на кои, меѓу другото, исто така им помагам.
Само ќе те корегирам - нема беснило во Македонија повеќе од 70 години. Барем не е регистриран ниту еден случај, посебно не кај кучиња.
--- надополнето: Jul 7, 2011 7:12 PM ---
Во кој универзум по кои математички формули се поголеми шансите да бидеш убена и силувана пред да бидеш нападната од куче? Кога убиство/силување се случува еднаш у две години и прави БУМ по телевизииве. Или како Гарфилд на времето, од Америка пишуваш за Македонија?

Али хеј, 10 човечки животи не вредат како еден на куче.
Мy argument is invalid.
Конкретниот човечки живот не вреди.
Инаку, да, поголеми се шансите да бидеш ограбена, силувана, и убиена. И не се случува еднаш во неколку години, каде живееш ти, од Македонија извезуваат органи и бело робје, а ние како слепи сме а? Има бум за тоа за што полицијата сака да зборува или стигнува до новинарите пред да стигне до полицијата, и мислиш дека секој случај на силување го има на вести?
Абе ајде, те молам....
Три пати повеќе се пишува за куче што лаело, него за човек што потенцијално пробал да силува.
--- надополнето: Jul 7, 2011 7:12 PM ---
>приоритет на кучињата
>сакаш твоето мислење да го земам како релевантно

А зошто е твоето релевантно? Ако смеам да знам?
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Ахх, и на форумов почнаа да се котат ултра-либерални дебили кои ценат животински животи повеќе од човечки.

Ситуацијава ме потсеќа на случка од минатата година кога редок вид гладни леопарди нападнаа човечко село и кога тамошните селани ги утепаа леопардите со стапови.
И по странскиве вести искачаат ПЕТА куртоните и остали невладини перачи на пари и кажуваат како тоа селанитене смееле да ги удираат кутрите, загрозени леопарди.
Е што да прават? Да ги остават цело село да изедат?

Очајни сте.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Би те банирал од форум ама нема.
Achievement unlocked: umad.jpg

Inb4
Јас не знам како си дозволуваш такви идиотски постови да ставаш ако си некој и нешто на форумов?
--- надополнето: Jul 7, 2011 7:15 PM ---
Ахх, и на форумов почнаа да се котат ултра-либерални дебили кои ценат животински животи повеќе од човечки.

Ситуацијава ме потсеќа на случка од минатата година кога редок вид гладни леопарди нападнаа човечко село и кога тамошните селани ги утепаа леопардите со стапови.
И по странскиве вести искачаат ПЕТА куртоните и остали невладини перачи на пари и кажуваат како тоа селанитене смееле да ги удираат кутрите, загрозени леопарди.
Е што да прават? Да ги остават цело село да изедат?

Очајни сте.
Јас не сум, за тебе не знам.
Спасувам и животински и човечки животи.
Ти што правиш? Лаеш на форум?
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Нели е подобра варијанта згрижување на кучињата него успивање. Успивањето звучи и изгледа многу сурово, згрижувањето сум сигурен ќе му го разубави некому животот. И на крај, кучињата се :

"Креативни, хумористични, разиграни, нежни, намќорести и мрзеливи, а многу од нив имаат храброст на која многу фраери можат да им позавидат.
Нивната верност нема граници, тие никогаш нема да ви забијат нож во грб. Нив едноставно мора да ги сакате, тие се родени за да бидат миленичиња.
Ова е една мала ода за најдобриот пријател на човекот, и сите ние знаеме дека такви човечки особини тешко може да се најдат помеѓу луѓето. Тие се подготвени на сè за да го расположат својот газда."
 
P

Princ

Гостин
Нели е подобра варијанта згрижување на кучињата него успивање. Успивањето звучи и изгледа многу сурово, згрижувањето сум сигурен ќе му го разубави некому животот.
Подобро е, но исто така и нереално очекување е.
Пред некои години кога беше почната темава (сигурно има 2-3 години поминато) еден член (чиј ник нема да спомнам) исто така ко оваа пумава нешто цепаше муабети hurr durr не ги успивајте милите кучиња!еден!!еден1!!1
Е сега, додека беше уште актуелна темава тој член си зема незнам-што-марка-на-куче-таму ама стварно јако беше, со спојлери, клима, и така натаму. Муабетот ми е што си зема за чување куче од поскапите, се купуваат тие стотина еврејки (едит: самојед мислам дека се викаше марката).
Значи мнозинството од чупињава нешто мрчат за кучињата скитници, ама дома чуваат марки на куче. Што е најтрагично, дури и ако немаат куче во моментот кога ги бранат уличниве, кога веќе ќе земат куче подоцна не земаат некое улично туку си купуваат некое марка. Со пари, го купуваат.
Нив јас ги викам хуманитарци на попуст, со идеи у стилу "Јас јадам скапа храна а она што не можам да го изедам го фрлам у ѓубре, ама сум за на сите што гладуваат да им се даде храна". Пиши им икс.
 

PokerFace

I'll never be the same..
Член од
30 март 2009
Мислења
1.212
Поени од реакции
623
Јас имам 20 години. Од моја 4 година, прибирам кучиња и мачки дома.
До ден денес го правам тоа, и не само мали кученца, хранам и носам на ветеринар големи кучиња од улица.
За овие 20 години, ниту еднаш ме нема нападнато улично куче. Јас имам мое машко куче и кога го шетам би требало да го нападнат, ради територија. Тоа ми се нема случено. Не имаат лаено, но никогаш нападнато. Еднаш, за цел мој живот, добив обид за напад од куче. И тоа од домашно куче. Се обидов да го погалам и се исплаши.
Кучето не е предатор во својата природа. А природата, веќе многу пати ни кажа, дека е посилна од нас. Според тоа, ако кучиња те обиколат, лаат и слично, најпаметно ти е да се правиш дека не ги гледаш (лаат зошто се плашат од тебе), да земеш камче и подигнеш раката ќе избегаат од самиот гест, или пак, да почнеш да им зборуваш со мил глас. Нема теорија да те нападне.
На сите кои сум ги научила на ова, не биле никогаш нападнати.
Обиди се. Можеби ќе ти успее, нели?
Па и јас чувам џукели и мачки низ дворов колку сакаш и пак сум против тоа да ми шетаат по улица. Сега џукелава што ја имам мене не ме лае ама затоа комшиите ГИ ЈАДЕ! И не само нив, не дај боже да го пуштиш на улица, лае по автомобили, трча по мали деца, не дај боже да начека некој со велосипед.. доека не го бутне не го остава на раат (тоа е тоа џукелското во него што нема да се смени и по милион изедени папучи и весници (на ќутеќ мислам)). Да и јас се приврзувам многу за животните и поише плачам коа ќе ми умре папагалот отколку комшијата кој ми давал бонбончиња ама јебеш га, како што јас сакам да бидам безбедна на улица кога поминувам така сакаат сите.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.061
Поени од реакции
15.032
абе какво успивање...какви бакрачи......
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
И јас сум да се тргнат кучињата од улица, да се разбереме, али не и да се успијат.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Па и јас чувам џукели и мачки низ дворов колку сакаш и пак сум против тоа да ми шетаат по улица. Сега џукелава што ја имам мене не ме лае ама затоа комшиите ГИ ЈАДЕ! И не само нив, не дај боже да го пуштиш на улица, лае по автомобили, трча по мали деца, не дај боже да начека некој со велосипед.. доека не го бутне не го остава на раат (тоа е тоа џукелското во него што нема да се смени и по милион изедени папучи и весници (на ќутеќ мислам)). Да и јас се приврзувам многу за животните и поише плачам коа ќе ми умре папагалот отколку комшијата кој ми давал бонбончиња ама јебеш га, како што јас сакам да бидам безбедна на улица кога поминувам така сакаат сите.
Се согласувам со тебе во едно - не треба секое куче да се ослободи.
Но, според договорот кој е склучен на Вардариште, треба да се успиваат агресивните и многу болни кучиња.
Затоа се преминува кон кастрација и стерилизација на овие неагресивните и неболните. Истите тие, посебно мажјаците со кастрирањето стануваат нетериторијални па со тоа и не се агресивни.

А агресивно куче се успива. Кај нас е проблемот што секое куче се успива, не можеш да вдомиш (зошто не работат секогаш кога треба, односно заловуваат во 3 смени а се вдомува во петок и сабота од 9 до 12) што е непрописно! Од моето здружение 1000 пати баравме и бараме да пратиме волонтери кои ќе се грижат за животинките без надокнада, ќе ги вдомуваат кај проверени луѓе кои нема да ги вратат на улица, но не е се така црно бело - во нашиот стационар кучињата ги малтретираат, изгладнуваат, во кафез за мали кутренца, ставаат возрасен германски овчар итн. Јас сум заштитник на секое живо суштество, човек, куче, маче, и барам хуман третман за сите.

Дали сте биле некогаш во нашите домови за деца? Демек, згрижени се?

Многу погрешно и површно размислувате, сите офкате, а никој не превзема ништо.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
1.543
Поени од реакции
42
Повеќе плаши се од луѓето што те следат кога си одиш дома... Поголеми се шансите убиена и силувана да бидеш. А и ограбена.
--- надополнето: Jul 7, 2011 2:45 AM ---
Темата е за животни,а не за психопати.Моментално тие ме вадат од кожа на пат кон дома.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Темата е за животни,а не за психопати.Моментално тие ме вадат од кожа на пат кон дома.
Живеам во населба полна со криминал од секаков вид. На моја среќа, цел чопор кучиња се шета со мене зошто ги хранам и ме познаваат.
И не смее никој да ми се приближи ако вриснам :) Интересно е.
Ако се поздравувам со некој, односно, зборувам со повесел и смирен глас, мирни се како бубалчиња. Ако вриснам одма лаат и ме бранат.
Од тој аспект, безбедна сум од психопати.

Кучињата чувствуваат кога некој ги сака. Затоа сметам дека треба да ги прифатиме, секако, ако се здрави и питоми, тие суштества не можат да живеат во планина, не се предатори, не убиваат за да се нахранат, едноставно, принудени се да живеат со луѓето.
 
Член од
17 февруари 2006
Мислења
63
Поени од реакции
5
Awww..кутрите кутриња.Иначе мислам дека треба да се успие секое суштество шо не ги исполнува/почитува стандардите на општеството во кое се наоѓа.:sneaky:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Подобро е, но исто така и нереално очекување е.
Пред некои години кога беше почната темава (сигурно има 2-3 години поминато) еден член (чиј ник нема да спомнам) исто така ко оваа пумава нешто цепаше муабети hurr durr не ги успивајте милите кучиња!еден!!еден1!!1
Е сега, додека беше уште актуелна темава тој член си зема незнам-што-марка-на-куче-таму ама стварно јако беше, со спојлери, клима, и така натаму. Муабетот ми е што си зема за чување куче од поскапите, се купуваат тие стотина еврејки (едит: самојед мислам дека се викаше марката).
Значи мнозинството од чупињава нешто мрчат за кучињата скитници, ама дома чуваат марки на куче. Што е најтрагично, дури и ако немаат куче во моментот кога ги бранат уличниве, кога веќе ќе земат куче подоцна не земаат некое улично туку си купуваат некое марка. Со пари, го купуваат.
Нив јас ги викам хуманитарци на попуст, со идеи у стилу "Јас јадам скапа храна а она што не можам да го изедам го фрлам у ѓубре, ама сум за на сите што гладуваат да им се даде храна". Пиши им икс.
Јас чувам чистокрвна џукела, ја најдов под кола со уште 8 браќа. 8 браќа вдомив, него никој не го сакаше и сега ми е милениче.
Проблем?
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Ах, вечната дилема.

И по толку години, сеуште се фасцинирам како луѓето си генерализираат "Ако мене не ме нападнало куче, тогаш сигурно никого не бил нападнат никогаш и никаде! А оние што демек ги нападнале кучиња, you're doing it wrong!".
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ах, вечната дилема.

И по толку години, сеуште се фасцинирам како луѓето си генерализираат "Ако мене не ме нападнало куче, тогаш сигурно никого не бил нападнат никогаш и никаде! А оние што демек ги нападнале кучиња, you're doing it wrong!".
Ја од тоа: „Нека ги тргнат од улица ама нека не ги убиваат“. Wtf?:X3:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom