Кучиња (грижа, општи дискусии)

I

IBIZA SOUND

Гостин
Мажјаците се секогаш спремни за парење, само донеси му женка во циклус и завршена работа.
Само мислам дека сеуште е млад шарпланинецот за да го париш, почекај да наполни 1,5 година па после пари го.
thank you Аrgasi
bez tebe neznam sto bi pravel :)
 
Член од
23 октомври 2008
Мислења
19
Поени од реакции
0
Nesto poveke za Dobermanite dali za prvo kuce bi bilo dobro ishranata, za cuvanje vo boks vo dvor... fala
 
L

Lu

Гостин
Nesto poveke za Dobermanite dali za prvo kuce bi bilo dobro ishranata, za cuvanje vo boks vo dvor... fala
Јас чував Доберманка, 14 години живееше.
Се' што те интересира за Доберманите слободно прашај ме :)
Доколку немаш искуство со кучиња, односно ако првпат чуваш куче, тогаш дефинитивно Доберманот треба да го прескокнеш, тоа не е куче за почетници.
За да чуваш Доберман потребно е големо познавање на кучињата бидејќи Доберманите сакаат да бидат Алфи ( прочитај ја целосно темата за АЛФА СТАТУСОТ ) и сакаат да се наметнуваат, и затоа е потребно да имаш искуство со кучиња за да знаеш како правилно да се однесуваш со Доберманот.
Доберманот може да стане вистински ѕвер доколку падне во погрешни раце, но исто така може да биде и вистински ангел доколку падне во правилни раце и доколку правилно се социјализира и воспитува.

За исхрана е исто како и секое куче, најдобро е да се храни со квалитетна кучешка сува храна, и комбинирано со домашно приготвена храна (варен ориз, пилешко месо, сардина или туна од конзерва, јогурт, палента, макарони, јаболко) ...
Инаку Доберманите се многу нежни и чувствителни кучиња и доколку го чуваш во бокс ќе треба да му направиш добро изолирана куќичка за да му биде топло во зима.

Јас освен Доберман нитуедно друго куче не признавам (дури и на аватарот имам Доберман)
Доберманот е најпрекрасната раса што постои на планетава и нитуедна друга раса неможе да се спореди со Доберманот.
Штом еднаш ќе земеш Доберман, засекогаш ќе чуваш Доберман, како што гласи онаа пословицата:
„Еднаш Доберман - засекогаш Доберман“
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
jas imam uste edno prasanje :)
me intersira nesto povike za rottweiler kucinjata
dali se dobri za cuvar i dali trebe da se cuvaat vo boks ili onaka vrzani za lanec itn..... :)
 
L

Lu

Гостин
jas imam uste edno prasanje :)
me intersira nesto povike za rottweiler kucinjata
dali se dobri za cuvar i dali trebe da se cuvaat vo boks ili onaka vrzani za lanec itn..... :)
Прочитај го моето горно мислење, тоа што е напишано за Доберманот, 90% важи и за Ротвајлерот.
Ротвајлерот заразлика од Доберманот е поотпорен на пониски температури, и не е толку многу емотивно чувствителен, Ротвајлерот е флегматичен и не е многу активен заразлика од Доберманот кој што е хиперактивен и постојано е во движење.
Другото горе-долу карактерно се слични, и двете раси сакаат да бидат Алфи ( прочитај ја целосно темата за АЛФА СТАТУСОТ ) и апсолутно не се раси за почетници, потребно е искуство за да се чуваат овие раси.

Прочитај и во Кучешката енциклопедија, имам напишано текст за Ротвајлерот, одлични чувари се на домот и семејството.
Инаку куче врзано за ланец е многу погрешна работа, кучињата што се врзани за ланец стануваат нервозни бидејќи чувстуваат дека се врзани (тоест потсвесно чувствуваат дека се контролирани и дека им е скратена слободата), а никое куче несака да биде контролирано, и секое куче сака слобода и сака да царува низ дворот, затоа најдобро е или да биде постојано пуштено или да биде во бокс, али ланец никако, посебно не за Ротвајлер.
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Денеска најдов две кученца во паркот остаени на милост и немилост цивкаја па ги зедов двете , арно ама попат на едни луѓе им го дадов едното куче а другово нз шо да му правам, неам услови да го чувам а вака според големинава ми изгледа дека ќе расти големо куче....

Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700

Стави во оглас дека го поклонуваш, со слика. Може некој ќе се јави.

А за доберманите, ротвајлерите и сл дискутирано погоре - ќе се сложам со Аргаси.
Ама само на едно прашање имам забелешка. Некои луѓе што се по прв пат сопственици и зимаат powerful breed некогаш знаат да се постават со кучето како што треба. Ама тоа е во случај на прво учење како треба да се постапува и преиспитување на себе дали се во состојба тоа и да го изведат. Еве Дамјан наш од форумов прво се распрашуваше, научи, си зема Стафордче и сега знае точно што да прави со него.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.285
нормално е ретриверот ова време да пушта многу влакна или има некој проблем ?? апетит - фул,кондиција - фул,радосен,весел,ама како да наоѓам многу влакна во дворот.........
 
L

Lu

Гостин
нормално е ретриверот ова време да пушта многу влакна или има некој проблем ?? апетит - фул,кондиција - фул,радосен,весел,ама како да наоѓам многу влакна во дворот.........
Сега е период на митарење, сите кучиња се митарат во овој период, така да сосем нормално е што наоѓаш влакна од ретриверот во дворот.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.285
Сега е период на митарење, сите кучиња се митарат во овој период, така да сосем нормално е што наоѓаш влакна од ретриверот во дворот.
ок фала....чудно ми падна,како да е касно време за митарење
 
L

Lu

Гостин
А за доберманите, ротвајлерите и сл. дискутирано погоре - ќе се сложам со Аргаси.
Ама само на едно прашање имам забелешка. Некои луѓе што се по прв пат сопственици и зимаат powerful breed некогаш знаат да се постават со кучето како што треба. Ама тоа е во случај на прво учење како треба да се постапува и преиспитување на себе дали се во состојба тоа и да го изведат. Еве Дамјан наш од форумов прво се распрашуваше, научи, си зема Стафордче и сега знае точно што да прави со него.
Точно и почетник може да чува powerful breed's али како што и самата кажа, претходно е потребно добро да го проучи карактерот и психолигијата на овие кучиња и да се поткова со добро знаење, бидејќи во спротивно има атомска бомба во раце која што ако еден ден експлодира може да биде катастрофално.
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
39
Поени од реакции
0
Барам совет од вас...Имам женка кане корсо,стара 7 месеци.....Ја чувам некои си месец и пол и за тоа време сум задоволен со тоа како е привакната на нас дома..Ја хранам 3 пати во денот ( 2 оброка домашно приготвена храна ориз,џигери ,суво лепче потопено со варено месо .јаде и доста овошје итн,двапа ти во неделата и давам и варено јајце ,А третиот оброк е сува храна што не е некоја марка и е релативно ефтина во споредба со др) Кога се консултирав со ветеринар во врска со тоа да и давам кафортан ( многу други ми предложија да и давам за да зајакне,оцврсне и ојача) ветеринарот ми укажа на тоа дека ке ја упропастам...Барам совет што да користам како витамини и др додатоци во исхраната ??? И се јави еден 'проблем' -едното уво се исправи а др остана во првобитната состојба (ушите и се скратени ) Дали е тоа поради недостаток на нешто или е честа појава? Благодарам однапред
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931

Ќе ти кажам само во однос на кафортан-от што ми го кажа дечко во пет шоп кој го има користено.
Тоа според она како ми го кажа е некој вид анаболен стероид кој потпомага многу во растот на кучето. Ми пренесе негово искуство да женка златен ретривер и има давано и во раст било над сите стандарди дури и поголемо од мажјак златен ретривер.
Ова би се прпорачувало на giant breed dog за да се извлече максимумот од големината. Нека ме поправи некој ако сум утнал.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
Со големите раси треба МНОГУ да се пази да не растат многу брзо. Ако тоа се деси може да се појават деформитети. Затоа и кучешката храна што има поголем процент од 1.4% калциум не е препорачлива за нив.

На кучето како supplement можеш да му даваш или жива риба 1-2 пати неделно или рибино масло.
 
Член од
20 март 2008
Мислења
377
Поени од реакции
280
Мажјаците се секогаш спремни за парење, само донеси му женка во циклус и завршена работа.
Само мислам дека сеуште е млад шарпланинецот за да го париш, почекај да наполни 1,5 година па после пари го.
А, за доберман која е соодветна возраст за парење ? :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom