Nesto poveke za Dobermanite dali za prvo kuce bi bilo dobro ishranata, za cuvanje vo boks vo dvor... fala
Јас чував Доберманка, 14 години живееше.
Се' што те интересира за Доберманите слободно прашај ме

Доколку немаш искуство со кучиња, односно ако првпат чуваш куче, тогаш дефинитивно Доберманот треба да го прескокнеш, тоа не е куче за почетници.
За да чуваш Доберман потребно е големо познавање на кучињата бидејќи Доберманите сакаат да бидат
Алфи ( прочитај ја целосно темата за
АЛФА СТАТУСОТ ) и сакаат да се наметнуваат, и затоа е потребно да имаш искуство со кучиња за да знаеш како правилно да се однесуваш со Доберманот.
Доберманот може да стане вистински ѕвер доколку падне во погрешни раце, но исто така може да биде и вистински ангел доколку падне во правилни раце и доколку правилно се социјализира и воспитува.
За исхрана е исто како и секое куче, најдобро е да се храни со квалитетна кучешка сува храна, и комбинирано со домашно приготвена храна (варен ориз, пилешко месо, сардина или туна од конзерва, јогурт, палента, макарони, јаболко) ...
Инаку Доберманите се многу нежни и чувствителни кучиња и доколку го чуваш во бокс ќе треба да му направиш добро изолирана куќичка за да му биде топло во зима.
Јас освен Доберман нитуедно друго куче не признавам (дури и на аватарот имам Доберман)
Доберманот е најпрекрасната раса што постои на планетава и нитуедна друга раса неможе да се спореди со Доберманот.
Штом еднаш ќе земеш Доберман, засекогаш ќе чуваш Доберман, како што гласи онаа пословицата:
„Еднаш Доберман - засекогаш Доберман“