Кои "treats" ви се покажале најефикасни ? Јас имам едни од Pedigre ама некако многу се тврди и големи и не му мирисаат на кучево баш баш.
Досега, све што ќе сум и дадела, се фасцинирала од истото, така да... во ситуацијава моја се е добро, се додека има да се даде нешто...
Али најинтересна ми е кога ќе види леб- е од тоа мислам дека ништо друго повеќе не ја радува, мислам кој кретен е али ајде..Што и да купуваш гледај да има добар состав, и најдобро за твоето ќе биде тоа што тоа ќе сака да го јаде, така да почни да експериментираш
--- надополнето: 18 февруари 2012 во 18:02 ---
Вака денес зема Лабрадор 2 месеци стар. Знам дека му е прв пат одделен од фамилијата и нова територија. Од кога дојде по 1 саат се живо и диво гризе, му купив играчки, ги гризе па кога ќе му здосадат почнува по раце и пижами. Тоа што не треба да гризе го карам и малце го допирам кај вратот некогаш се смирува ама некогаш се разгорува. Еве го сега спие, од кога дојде нема залаено ниеднаш а не ни плаче. Дали е вака се во ред ? Кажете некој совет како да го изморам што повеќе за да поспие и како да му се обраќам кога гризе раце ?
Поздрав
И патем, честито за кутрето, се надевам убаво патешествие ќе си имате заедно.... А тоа со гризењето... ќе си го караш, они си се познати по тоа дека сакаат да гризаат све живо и диво. Не смееш уште сега да бараш начини како да го изморуваш, премногу е малечок, он сам си знае кога му е доста (иако за нас тоа е премногу), ќе си играте повеќе и тоа е тоа.
Иначе супер е тоа што не лае и што уште од прв ден е весел, само припазувај тоа весел да не прерасне во ПРЕмногу весел, што не верувам дека ќе ти се свиѓа...