Кучиња (грижа, општи дискусии)

Член од
20 ноември 2008
Мислења
2.905
Поени од реакции
400
Вака, имам едно мелезаче али мешано е со нешто. старо е 4-5 месеци и доволно е високичко..
но почна да ме нервире и не слуша ИЧ!
ја прашав и Ivana Roth оти имам и вучјак мешено е со нешто и старо е 1 месец и нешто и ми рече дека е уште мало за воспитување.Е сега ке сакам да го восптиувам ова другото куче што е 4-5 месеци бидејќи ич не ме слуша.
и кога го врзувам да шете, ма јок! не сака ни да претне , се влечи назад.
Кажете барем како да го навикнам да шете и да му кажам да дојде, да седе долу и толку ми треба само, ништо повеќе!

Поздрав, благодарам!:cool::unsure::свиркам:
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.027
Поени од реакции
36.812

Тоа што ти е месец и нешто старо брате мало ти е за дресура,убаво ти кажала Ивана.
Моето е 2 месеци и ќе напраи нешто што не ми се свиѓа и коа ќе пробам да му мавнам една чврга по муцето абе уште поише здивува,се тоа му е игра на него,уште е малецко.
Уживај додека е мало и слатко и везден си игра,има време за воспитување.

За второто куче ќе ти кажам дека при воспитувањето ќе ти треба многу трпение,еве Ивана да не се повторува стално неколку пати има пишано да си ги симнете Dog Whisperer(ја иам у план да ги симнувам) и таму ќе си најдеме одговори.
За подетално ќе ти остави линкчиња Аргаси,она е поискусна и работи со тоа само ќе почекаш малку.

Поздрав :)
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
и кога го врзувам да шете, ма јок! не сака ни да претне , се влечи назад.
Кажете барем како да го навикнам да шете и да му кажам да дојде, да седе долу и толку ми треба само, ништо повеќе!
За да го научиш да иде на поводник, ќе ти треба малку повеќе трпение, а и малку нерви, ако се влече на назад мораш да испробаш неколку начини за да му укажеш на тоа дека поводникот за него треба да претставува позитивно нешто а не страв. Можеш да пробаш со храна :
Пред да му го ставиш околувратникот, натерај го само да дојде до тебе и да побара од тебе да му биде ставен, ќе му поставиш храна измеѓу околувратникот и него, за кога ќе проба да ја земе храната, околувратникот да му дојде околу уста. Потоа ќе му го ставиш и ќе се погалите едно 5-10 мин. Потоа ќе го поставиш поводникот, повторно ќе земеш храна и со малку молење и нежно потегнување (значи само колку да се помести од земја без да му ствараш притисок и да го влечеш), би требало да тргне бар чекор или два. Постапката ќе си ја повториш неколку пати. Потоа пак ќе си земеш храна и пак исто...
Ако не ти успева со храна, истиот начин со околувратникот и поводникот што ти го кажав плус, ќе му ги подиглеш нежно задните ножиња (затоа што кога се закочуваат мозокот им се исклучува само за предните нозе) и ќе го исфорсираш да ги користи предните. Кога ќе забележиш дека кучето веќе се свижи добро со предните ножиња, ќе му ги олабавиш задните (ќе му ги симнеш на земја) и нежно ќе го потегнеш со поводникот. Тука пак можеш да користиш храна.

За да се научи да седи, единствено што треба да направиш е да извршип мал притисок на делот пред опашката со два прста и нежно да го притисниш кон земја, секое твое притискање и седнување на кучето ќе си ги проследиш со команда СЕДИ, и откако ќе седне ќе го наградуваш со храна. Ова е најлесна команда за учење. Кучето само после 5-6 пати веќе ќе ја свати командата.

За да доаѓа до тебе кога ќе го викнеш, пак иде тоа со храна. ... али тука за секое куче е различно, така да не знам што треба конкретно за твоето, али сигурно ќе го научиш, јас не се сомневам;)

И само да знаеш дека ми е премногу мило што навистина се интересираш за своите кучиња, ретки се твоите врсници кои што го прават истото... сигурно животот ти е исполнет со љубов.:love:
 
Член од
24 декември 2011
Мислења
150
Поени од реакции
24
Тоа важи за кога кучето е врзано на поводник.
Значи кога ќе го шеташ врзано тогаш не му дозволувај да оди пред тебе или да те тегне, туку биди *ти* тој што ќе оди прв бидејќи Алфата секогаш оди прва и Алфата го диктира темпото на одење, треба ти да бидеш Алфа.
Ако проба кучето да те потегне или да оди пред тебе, ти треба со поводникот да го повлечеш наназад на сец и да му кажеш Фуј или Нога.

А кога е пуштено немора да оди покрај нога, нека си се истрча и нека си ја потроши енергијата.

Шетај го облечено.
И кога ќе се вратите од шетање можеш со фен да го подисушиш кај стомачето и ножињата за да не седи мокро.

Сеуште го немам земено кучето ама се распрашувам вака за да знам како да постапувам со него. Е сега околу шетањето. Доколку не најдам простор кој што е заграден или ептен некоја полјана без улици нема да го пуштам од подводник. Тоа што ме интересира е како да постапувам со него кога ќе одам на таа саат време прошетка (каде што ќе треба да биде до мене и позади мене) и дали и каква треба да биде разликата кога ќе го однесам до надвор 10-15мин за да изврши нужда.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Сеуште го немам земено кучето ама се распрашувам вака за да знам како да постапувам со него. Е сега околу шетањето. Доколку не најдам простор кој што е заграден или ептен некоја полјана без улици нема да го пуштам од подводник. Тоа што ме интересира е како да постапувам со него кога ќе одам на таа саат време прошетка (каде што ќе треба да биде до мене и позади мене) и дали и каква треба да биде разликата кога ќе го однесам до надвор 10-15мин за да изврши нужда.

Ова ти зависи од кучето, не може да се глобализира колкаво растојануе му треба... мојата на пример, за да се олесни се крие од све живо и диво, и дур да го најде тоа посебно место и треба минимум пола саат душкање. А пак, другото куче, си нема проблем, он ќе си се олесни кога и да му дојде до тоа, кај и да му дојде;) Така да, тоа сепак си е индивидуално, зависи од кучето. Е сега, ако ти успееш да го научиш кучето на одреден термин во кој ќе си се олеснува, тоа е супер за тебе, и таа прошетка треба да биде послободна, не смееш да бараш од кучето да биде до тебе или позади тебе. Тоа е единствена разлика, али сепак за да не дојде до забуни во главчето на кутрето, веднаш после моментот на олеснување, ќе си му кажеш кај му е местото;).
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
2.905
Поени од реакции
400
За да го научиш да иде на поводник, ќе ти треба малку повеќе трпение, а и малку нерви, ако се влече на назад мораш да испробаш неколку начини за да му укажеш на тоа дека поводникот за него треба да претставува позитивно нешто а не страв. Можеш да пробаш со храна :
Пред да му го ставиш околувратникот, натерај го само да дојде до тебе и да побара од тебе да му биде ставен, ќе му поставиш храна измеѓу околувратникот и него, за кога ќе проба да ја земе храната, околувратникот да му дојде околу уста. Потоа ќе му го ставиш и ќе се погалите едно 5-10 мин. Потоа ќе го поставиш поводникот, повторно ќе земеш храна и со малку молење и нежно потегнување (значи само колку да се помести од земја без да му ствараш притисок и да го влечеш), би требало да тргне бар чекор или два. Постапката ќе си ја повториш неколку пати. Потоа пак ќе си земеш храна и пак исто...
Ако не ти успева со храна, истиот начин со околувратникот и поводникот што ти го кажав плус, ќе му ги подиглеш нежно задните ножиња (затоа што кога се закочуваат мозокот им се исклучува само за предните нозе) и ќе го исфорсираш да ги користи предните. Кога ќе забележиш дека кучето веќе се свижи добро со предните ножиња, ќе му ги олабавиш задните (ќе му ги симнеш на земја) и нежно ќе го потегнеш со поводникот. Тука пак можеш да користиш храна.

За да се научи да седи, единствено што треба да направиш е да извршип мал притисок на делот пред опашката со два прста и нежно да го притисниш кон земја, секое твое притискање и седнување на кучето ќе си ги проследиш со команда СЕДИ, и откако ќе седне ќе го наградуваш со храна. Ова е најлесна команда за учење. Кучето само после 5-6 пати веќе ќе ја свати командата.

За да доаѓа до тебе кога ќе го викнеш, пак иде тоа со храна. ... али тука за секое куче е различно, така да не знам што треба конкретно за твоето, али сигурно ќе го научиш, јас не се сомневам;)

И само да знаеш дека ми е премногу мило што навистина се интересираш за своите кучиња, ретки се твоите врсници кои што го прават истото... сигурно животот ти е исполнет со љубов.:love:
Супер идеи, Ивана.
би пробал кога би го шетал со другарите да видам како ке биде, ваљда би требало.
и тоа знај дека 100% ги сакам кучињава.ги чувам колку што можам, имав 8 кучиња али премногу храна треба и дадов 3-4 кученца и сега овие ке си ги гледам, а и понекогаш кога нема храна, јас не јадам на нив им давам:love:

а за седењево знам дека е така, ке го претиснам надоле малце кај задникот и тоа малце по малце седнува.. али треба и со храна, па ке пробам и ке пишам:pipi::love:

Поздрав
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
2.905
Поени од реакции
400
--- надополнето: 7 февруари 2012 во 16:38 ---
пробав со салама, но мислам дека не дејствува на ова куче :(
другото што ми е пекинезер старо 5 години, многу убаво јаде и му велам да седи и некако како да седнува право, тоа ми се допаѓа.

а ова што е 4-5 месеци, ме изнервира.
многу лакомо куче е, зошто, како ?како да не јаде така лакомо, што и да му дадам одма го голта, не ни го џвака . :(
кога му давам одма право ги голта и душка како ненормално. :/

и го претискам но не седи, многу сила треба да употребам да седне :(

Помош ?
 
Трпение-спасение:). во никој случај не смееш да се нервираш, тоа само ќе ти значи подолго време за да свати што бараш од него. Кучињата секогаш ја избегнуваат негативната енергија. Почни самоуверено, смирено, како да тоа си го правел секој ден. Пак ќе ти речам, трпение... за да постигнеш ефект. Не можеш од кучето да бараш преку ноќ да биде најпаметно на свет. Ќе ти треба време, а можеби и него не му е толку лесно да свати. Најди начин и објасни му што конкретно бараш. Немој тоа да го правиш повеќе од пола саат. Можеш само спротивен ефект да добиеш.
 
RadE_Strongest

Field Marshal
Член од
31 март 2009
Мислења
665
Поени од реакции
334
http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=481F13391BD41140B212A0C42B4D82CB

неможам да ја прочитам цела статија, утре ке земам весник, но важно вест на насловна става сочен наслов дирекно за расата, наместо за изродите од луѓе кои смремаат и мачат ваквите кучиња .. -.-
 
N

Nessa Alcarin

Гостин

Навистина ги искасал, или само им заржал а девојчињата паднале у несвест?
 
L

Lu

Гостин
dali nekoj znae nesto za rasata espanjol breton mi treba pomos itno
Прекрасна раса, една од омилените ми е :love:

Инаку тоа се ловџиски кучиња, се користат за ловење на птици, многу се темпераментни и полни со енергија ...
Незнам што точно те интересира за расава, пиши ми конкретно што сакаш да знаеш.

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=481F13391BD41140B212A0C42B4D82CB

неможам да ја прочитам цела статија, утре ке земам весник, но важно вест на насловна става сочен наслов дирекно за расата, наместо за изродите од луѓе кои смремаат и мачат ваквите кучиња .. -.-
Јас сабајлево купив Дневник и цела страна пишува за настанов.

Како прво најголема глупост што ја прочитав е тоа дека на Пит булот му се укочила вилицата :facepalm:
Незнам како може да им се дава право на секој неписмен новинар да објавува вакви невистини и лаги.
На Пит булот не му се кочи вилицата, туку едноставно не сака да пушти !!!

Како второ настанот се случил во школскиот двор на Карпош во 15 часот токму кога завршувале часовите.
И излегла наеднаш цела толпа мали деца и ?????
Што се случило тогаш ?????
Можеби кучето се вознемирило од наеднаш надојдената толпа деца, можеби некое дете го мавнало кучето со топка снег па затоа тоа изреагирало како што изреагирало.
Значи не знаеме точно што се случило и каква била ситуацијата.
Затоа неможе тукутака да се каже дека кучето е агресивно или пак уште полошо да се лепи етикета за целата раса дека е агресивна и опасна.
Значи треба прво да се видат причините зошто тоа куче нападнало.
Од чиста мира нема нападнато, ниедно куче не напаѓа без причина.
Или било испровоцирано од децата или пак можеби наеднаш му дошла толпата деца па се вознемирило.

Е сега морам да го искритикувам и сопственикот на кучето.
Секое куче реагира заштитнички кон сопственикот ( поготово Пит булите се премногу заштитнички настроени кон сопствениците ) и што мајка барал да го шета кучето во школскиот двор баш кога имало толку многу деца во дворот.
Едноставно, кучето свесно го довел во ситуација да нападне.
Му проработел заштитничкиот инкстинкт кога наеднаш му дошла толпа деца, па веројатно сакап да го заштити сопственикот.
Се знае деца како деца дека може да го мавнат со снег и да го испровоцираат, можеби некое дете се плашело од кучиња па се развикало и размавтало и дополнително придонело за да се вознемири кучето.
Сопственикот знаејќи дека кучето може да му биде испровоцирано од децата, ништо не превземал и си продолжил да го шета пуштен низ толпата деца.
Сопственикот требал барем да го врзе на поводник кога видел дека има толпа деца и да спречи да се случи тоа што се случило.

Од оваа ситуација може да се заклучи дека кучињата не се воопшто виновни што напаѓаат, туку виновни се сопствениците што дозволуваат кучето да нападне, и што не превземаат никакви заштитни мерки за да го спречат нападот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom