dali nekoj znae nesto za rasata espanjol breton mi treba pomos itno
Прекрасна раса, една од омилените ми е
Инаку тоа се ловџиски кучиња, се користат за ловење на птици, многу се темпераментни и полни со енергија ...
Незнам што точно те интересира за расава, пиши ми конкретно што сакаш да знаеш.
http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=481F13391BD41140B212A0C42B4D82CB
неможам да ја прочитам цела статија, утре ке земам весник, но важно вест на насловна става сочен наслов дирекно за расата, наместо за изродите од луѓе кои смремаат и мачат ваквите кучиња .. -.-
Јас сабајлево купив Дневник и цела страна пишува за настанов.
Како прво најголема глупост што ја прочитав е тоа дека на Пит булот му се укочила вилицата
Незнам како може да им се дава право на секој неписмен новинар да објавува вакви невистини и лаги.
На Пит булот не му се кочи вилицата, туку едноставно не сака да пушти !!!
Како второ настанот се случил во школскиот двор на Карпош во 15 часот токму кога завршувале часовите.
И излегла наеднаш цела толпа мали деца и ?????
Што се случило тогаш ?????
Можеби кучето се вознемирило од наеднаш надојдената толпа деца, можеби некое дете го мавнало кучето со топка снег па затоа тоа изреагирало како што изреагирало.
Значи не знаеме точно што се случило и каква била ситуацијата.
Затоа неможе тукутака да се каже дека кучето е агресивно или пак уште полошо да се лепи етикета за целата раса дека е агресивна и опасна.
Значи треба прво да се видат причините зошто тоа куче нападнало.
Од чиста мира нема нападнато, ниедно куче не напаѓа без причина.
Или било испровоцирано од децата или пак можеби наеднаш му дошла толпата деца па се вознемирило.
Е сега морам да го искритикувам и сопственикот на кучето.
Секое куче реагира заштитнички кон сопственикот ( поготово Пит булите се премногу заштитнички настроени кон сопствениците ) и што мајка барал да го шета кучето во школскиот двор баш кога имало толку многу деца во дворот.
Едноставно, кучето свесно го довел во ситуација да нападне.
Му проработел заштитничкиот инкстинкт кога наеднаш му дошла толпа деца, па веројатно сакап да го заштити сопственикот.
Се знае деца како деца дека може да го мавнат со снег и да го испровоцираат, можеби некое дете се плашело од кучиња па се развикало и размавтало и дополнително придонело за да се вознемири кучето.
Сопственикот знаејќи дека кучето може да му биде испровоцирано од децата, ништо не превземал и си продолжил да го шета пуштен низ толпата деца.
Сопственикот требал барем да го врзе на поводник кога видел дека има толпа деца и да спречи да се случи тоа што се случило.
Од оваа ситуација може да се заклучи дека кучињата не се воопшто виновни што напаѓаат, туку виновни се сопствениците што дозволуваат кучето да нападне, и што не превземаат никакви заштитни мерки за да го спречат нападот.