Кучиња (грижа, општи дискусии)

L

Lu

Гостин
И ја се надевам смачено ми е веќе низ парк/населба кога се шетам со кучкава некој нон-стоп да ми мрчи Еј собери го кучето не е твој парков има мали деца....и ред други срања кој секојпат морам да ги трпам
Ама како да им објаснам дека и јас сум совесен и дека ако прави проблеми не би го пуштил тука така али тоа е....
Со ова ќе ни се решат проблемите на долгорочен план :)
Јас на тие што мрчат им враќам со иста мера :)
Никогаш не се случило на некого да му преќутам, штом си го бара ќе си го добие :sneaky:
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Лулу почна да ме грицка... И се менуваат запчињата и сега знае додека си играме да ме грицка и тоа кај најде: раце, задниот дел од ногата, нос, уста, уши... Навечер пред да спиеме има „ритуал“ од 15 минутно беснеење што се состои од трчање по креветот, гризење на ќебето, и копкање со предните нозе пак на ќебето, а ако си легнам до неа да спијам почнува мене да ме гризе...
Знам дека си игра, на тој начин кучињата играат... Прашањето ми е: Дали да преземам мерки (свиткан весник и по газето) или се уште е мала (има некаде 11 недели) ...

п.с.За играчки има, еден куп коски и стапчиња и изнакупив, но очигледно тие не се слатки јас сум послатка за грицкање :)
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
А бе како се вика ржи ржење на англиски?​
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
16
Поени од реакции
9
Лулу почна да ме грицка... И се менуваат запчињата и сега знае додека си играме да ме грицка и тоа кај најде: раце, задниот дел од ногата, нос, уста, уши... Навечер пред да спиеме има „ритуал“ од 15 минутно беснеење што се состои од трчање по креветот, гризење на ќебето, и копкање со предните нозе пак на ќебето, а ако си легнам до неа да спијам почнува мене да ме гризе...
Знам дека си игра, на тој начин кучињата играат... Прашањето ми е: Дали да преземам мерки (свиткан весник и по газето) или се уште е мала (има некаде 11 недели) ...

п.с.За играчки има, еден куп коски и стапчиња и изнакупив, но очигледно тие не се слатки јас сум послатка за грицкање :)
Не е лошо да ја скараш малце за тоа што те грицка...знам дека е нормално, секое мало куче го прави тоа.., но мојата има веќе 2 полни години и сеуште го прави тоа...Кога е среќна (најчесто кога ќе се вратам од работа) неможам да ја погалам одма ми ја гризе раката мисли дека е тоа нормално :)
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
И ја се надевам смачено ми е веќе низ парк/населба кога се шетам со кучкава некој нон-стоп да ми мрчи Еј собери го кучето не е твој парков има мали деца....и ред други срања кој секојпат морам да ги трпам
Ама како да им објаснам дека и јас сум совесен и дека ако прави проблеми не би го пуштил тука така али тоа е....
Со ова ќе ни се решат проблемите на долгорочен план :)
Јас искрено никад не би го пуштила кучето мое од ланец. Има коли, ако не се коли - тогаш луѓе. Некои се плашат и многу е неодговорно спрема сите. И мене како љубител на кучиња баш не ми свиѓа некое да ми дотрча - било да сум сама или со моето. Ако морам да го истрчам - тогаш точакот и ајт!

Лулу почна да ме грицка... И се менуваат запчињата и сега знае додека си играме да ме грицка и тоа кај најде: раце, задниот дел од ногата, нос, уста, уши... Навечер пред да спиеме има „ритуал“ од 15 минутно беснеење што се состои од трчање по креветот, гризење на ќебето, и копкање со предните нозе пак на ќебето, а ако си легнам до неа да спијам почнува мене да ме гризе...
Знам дека си игра, на тој начин кучињата играат... Прашањето ми е: Дали да преземам мерки (свиткан весник и по газето) или се уште е мала (има некаде 11 недели) ...

п.с.За играчки има, еден куп коски и стапчиња и изнакупив, но очигледно тие не се слатки јас сум послатка за грицкање :)
И ја би рекла - мораш да ја искараш. Нема потреба од свиткан весник. Пробај прво да зацвилиш како мало кутре. Ако не изреагира на тоа, тогаш ќе станеш и ќе си отидеш. На тој начин и кажуваш дека таков начин на игра нема да се толерира.
 
Се согласувам, нема поголема казна за куче од тоа да го игнорираш, ќе сфати самото каде греши ;)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Дали некој знае каде може да се набави електричен околувратник во Македонија и по која цена ?
 
Lux

Inglourious
Член од
25 октомври 2010
Мислења
1.189
Поени од реакции
888
И-беј му е мајката, овде тешко.
 
L

Lu

Гостин
Избришани се неколку коментари.
Кој е вегетаријанец, а кој не е, и кој за што ќе ја користи огрлицата тоа не е ваша работа.
Ако ви е за мајтап одете си во ЧДА, а на форумот Животни немојте да изигравате кловнови.
Ако имате корисен совет пишете, ако немате, тогаш подобро ништо да не пишувате.

Инаку Пума, оди види дали има такви огрлици во Фауна центар (се наоѓа позади Мечос Пица), ако сакаш можам телефон да ти дадам па да прашаш дали имаат такви огрлици.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Да, би сакала да ми дадеш контакт, важно и итно ми е.
 
L

Lu

Гостин
Да, би сакала да ми дадеш контакт, важно и итно ми е.
Телефонот на Фауна центарот е 3125-192

Електричната огрлица е фантастична и дава феноменални резултати доколку правилно се употребува, но во спротивно доколку се користи неправилно може да се добијат катастрофални резултати и на кучето скроз да му се поремети карактерот.
Значи колку што може да биде фантастично корисна - толку може и да биде штетна во зависност од начинот на употреба.
Затоа внимателно со електричната огрлицата.
 
L

Lu

Гостин
Лулу почна да ме грицка... И се менуваат запчињата и сега знае додека си играме да ме грицка и тоа кај најде: раце, задниот дел од ногата, нос, уста, уши... Навечер пред да спиеме има „ритуал“ од 15 минутно беснеење што се состои од трчање по креветот, гризење на ќебето, и копкање со предните нозе пак на ќебето, а ако си легнам до неа да спијам почнува мене да ме гризе...
Знам дека си игра, на тој начин кучињата играат... Прашањето ми е: Дали да преземам мерки (свиткан весник и по газето) или се уште е мала (има некаде 11 недели) ...

п.с.За играчки има, еден куп коски и стапчиња и изнакупив, но очигледно тие не се слатки јас сум послатка за грицкање :)
Удирање на кученцето со свиткан весник по газето е најпогрешната работа што може да се направи при воспитување на едно мало кученце.
На свиткан весник да заборавиш, а и општо на удирање / потчукнување на кученцето да заборавиш.

Кучињата се толку многу интелегентни суштества што остар и висок тон ќе бидат доволна опомена за да свати кученцето дека греши.

Тоа што те гризе е сосем нормално во овој период додека му растат запчињата.
Но не му дозволувај на кученцето да те гризе кога *ТОА* ќе посака туку дозволувај му да те гризе кога *ТИ* ќе посакаш.
Ова е многу битно за да кученцето свати дека *ТИ* си таа која што му дозволува да гризе, а не дека му дозволуваш да те гризе бидејќи *ТОА* сака.

Ова се психолошки „игри“ со кои што на кученцето уште додека е мало му покажуваш дека ти си АЛФА и дека *ТИ* одлучуваш, и кучето мора да те слуша и почитува.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.848

Е на пример, ако направил беља и сега неможеш да не го казниш. Ако не се удира таму, тогаш кај да го удриме. Онака лајт удирање колку да знае дека го карам. По глава сигурно не :D.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Удирање на кученцето со свиткан весник по газето е најпогрешната работа што може да се направи при воспитување на едно мало кученце.
На свиткан весник да заборавиш, а и општо на удирање / потчукнување на кученцето да заборавиш.

Кучињата се толку многу интелегентни суштества што остар и висок тон ќе бидат доволна опомена за да свати кученцето дека греши.

Тоа што те гризе е сосем нормално во овој период додека му растат запчињата.
Но не му дозволувај на кученцето да те гризе кога *ТОА* ќе посака туку дозволувај му да те гризе кога *ТИ* ќе посакаш.
Ова е многу битно за да кученцето свати дека *ТИ* си таа која што му дозволува да гризе, а не дека му дозволуваш да те гризе бидејќи *ТОА* сака.

Ова се психолошки „игри“ со кои што на кученцето уште додека е мало му покажуваш дека ти си АЛФА и дека *ТИ* одлучуваш, и кучето мора да те слуша и почитува.
Значи досега не сум го удрила, немам храброст, кога ме гледа со тие очињата. Примерот со весникот го напишав, бидејќи така ми кажа жената од кај што го земав, бидејќи ми е прво кученце и немам многу искуство, затоа слушам тоа што ќе ми кажат. Пробав како Алмала што ми кажа со имитирање на кучешко цикање. Има ефект, но краток :) Исто и на повишен тон реагира и веднаш седнува на газето. Но ти велам краткотрајно, за минута пак почнува да игра и да грицка.
Исто ми имаат кажано, дека кога јас сум нервозна или тажна тоа се пренесува на однесувањето на кучето и тоа е исто. Вчера го осетив тоа, неможев да ја смирам а ни јас неможев да се смирам. Ќе се обидам со повишен тон денес, но наутро ме буди со грицкање а немам баш сила да му викам во 7.00 часот :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom