Курсеви.

Член од
5 септември 2014
Мислења
1
Поени од реакции
1
Здраво, нова сум на форумов и се извинувам ако до сега имало поставена ваква тема..:unsure:
Прашањето ми е, дали има некој искуство со курсеви за програмирање, дали се исплати и кои предности ги имаат курсевите наспроти факултет, и кои недостатоци..

Тенкјуверимач однапред :))
 
Т

Триптико

Гостин
Здраво, нова сум на форумов и се извинувам ако до сега имало поставена ваква тема..:unsure:
Прашањето ми е, дали има некој искуство со курсеви за програмирање, дали се исплати и кои предности ги имаат курсевите наспроти факултет, и кои недостатоци..

Тенкјуверимач однапред :))
Зависи на кои курсеви мислиш. Грубо кажано...факултет ќе те научи како да размислуваш, а курс ќе те научи како да работиш. Со едното ќе бидеш "сезнајка" што појма нема од ништо конкретно, а со второто ќе бидеш "робот" програмиран кафето да го претвора во програмски код. Ако нешто не ти е јасно, прашај пак :)
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.483
Поени од реакции
2.186
Здраво, нова сум на форумов и се извинувам ако до сега имало поставена ваква тема..:unsure:
Прашањето ми е, дали има некој искуство со курсеви за програмирање, дали се исплати и кои предности ги имаат курсевите наспроти факултет, и кои недостатоци..

Тенкјуверимач однапред :))
на курсевите од александрија/семос се учи напредна информатика се учат бази на податоци, се учат мајкрософт сервери, cisco системи.
на факултет се учи програмирање/мрежи, се учи многу материјал од многу големи објасти, на крај добиваш познавање од скоро се, ама не многу длабоко знаење (Затоа после студентите си учат дополнително од англиски книги од по 1000 страни за еден програмиски јазик). Најидеално е после факултет да земиш неколку сертификати.
Пример си учел факс за програмирање, земаш потоа неколку сертификати, за да го продлабочиш и поусовршиш твоето знаење.

Запишување одма на курсеви, а предходно да немаш допирна точка со програмирање или мрежи, е џабе фрлени пари и време. Курсевите се специјалирани и бараат одредено предзнање да имаш пред да ги запишиш. Ти да одиш на курс за ЛАН мрежи, а незнаеш што е уплетена парица и зошто е така констуирана, мочај му се на таков сетификат. Или да одиш на курс за програмирање на динамички web страни, PHP или JAVA со mySQL бази, а предходно се немаш сретнато со for циклус, е губење време и џабе набивање комблекси и фрустрации.

А да. Денес никој не вработува за дипломата. Ако дома сам си научиш C#.NET, PHP, JAVA, mySQL, web програмирање или билошто од книги или туторијали имаш еднакнви шанси како некој што има факултет. Еден колега од факултет кога појде на интервју не му побарале диплома туку да им каже што знае да работи и му побарале негов завршен проект. Имал нешто направено им го презентирал и го вработија, иако не е завршен сеуште.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.744
Поени од реакции
1.845
Не знам дали ќе се сложите со мене, али доколку OP сака да стане програмер, програмер се станува дома. Тоа што кажаа дека на факултет само ти “ги мократ нозете“ е точно, ти после тоа мораш сама да се доусовршуваш.

И јас познавам таков пример, другар мој нема завршено факултет ама знае PHP многу добро и е вработен во приватна фирма каде што им треба PHP програмер...И го плаќаат добро. Па ти ако сакаш биди и со основно (карикирам).

Доколку имаш пари за давање, верувам дека курсевите од приватните фирми се океј инвестиција ради сертификатите кои ќе ги стекнеш, но верувај ако немаш желба за програмирање, односно ако дома не ти е мерак да пишуваш код до касно навечер, не почнувај и застани уште тука.

Дај ни малку повеќе инфо за тоа какво предзнаење имаш, кои ти се плановите за иднина (кој јазик планираш да учиш) и дали навистина сакаш да станеш програмер. Затоа што многу луѓе погрешно го толкуваат програмер како поим. :)
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Мој поглед за целава работа околу учење програмирање и воопшто комјутерски науки.

Ко за почеток, човек што сака да влези во оваа област мора да го има осетот. Дали го има осетот може да се дознае при првите часови, било на курс или на факултет, дали ученикот БРЗО ги сфаќа концептот на редослед на настани, променливи, циклуси, услови итн., или пак се мачи со овие. За почетник ова е најважно, на некаков начин да дознае самиот дали го има осетот. Може да се земе краток курс за ова, платен, бесплатен онлајн, што и да е.

Ако ученикот го има осетот, може да продолжи било како. На факултет или на курс, сеедно. Разликата е што на курс може да се научи само една единствена работа, една тема. На факултет се учи се`, нормално ако студентот има желба да го прави тоа. Ако нема, ќе пцуе како факултетите се безвредни. На курс е обратно, и да има желба, нема да има можност.

Значи на факултет, атмосферата вика „овде можеш да научиш се, ама само ако сакаш“.
На курс не знам точно како е, ама претпоставувам дека е опишана со следниве зборови. „Овде те учиме само за тоа што си платил/а.“

А има и некои области од информатикава кои едноставон не можат да се научат со обичен курс зашто се поврзани со 15 други области. Пример таква е областа „бази на податоци“, една од поважните дисциплини во информатиката. Тука се бараат познавања од математика (логика и множества), од програмирање (структури, алгоритми), од архитектури (хард диск, процесор). Со сето тоа може да се влези во бази.

На курс по истава област ученикот ќе научи основи од неа, и ќе може да разбере едноставана примена, но нема да знае како да ги поврзе елементите кога ќе треба, а треба во било кој поголем систем.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
4.067
Поени од реакции
13.130
А наместо да даваш по 300-400 евра за курсеви и сертификати, да ја разгледаш странава не е лошо: http://www.lynda.com/allcourses

Курсевиве што ги има на странава може да ги најдеш и online, за без пари. Истите курсеви ги предаваат и кај нас, само што ќе бидат на македонски + ќе ти земат по 300-400 евра.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.580
Поени од реакции
27.066
кои предности ги имаат курсевите наспроти факултет, и кои недостатоци..

Тенкјуверимач однапред :))
за успешно поминат платен курс за обука, по фотошоп на пример, се смета оној курсант кој сам успеал безгрешно да си го направи сертификатот
епа сега види си ти...
 

beto10

Теле со визија
Член од
5 јануари 2009
Мислења
234
Поени од реакции
78
Дали можеме да очекуваме од некого да знае да чита или да пишува есеј доколку не ја знае азбуката воопшто ?

Од како знам за себе еве веќе 14 години поминаа одкако прв пат штракнав на тастатура но немам некое соодветно информатичко образование ниту пак некој ме советувал да следам некоја патека по која со самостално учење би стекнал некое солидно знаење. Поради оваа причина покрај многуте други се одлучив да посетам консултантска агенција која нуди комплета услуга со курсеви,поддршка во кариерата и најглавно гарантира вработување одкако ќе ги завршам курсевите успешно.

Со оглед на мојата ситуација која би ја опишал како една серија каде има една сезона од 12 епизоди вкупно но јас ги имам гледано 2,3,8 и 12 епизода што значи јас незнам како почнува но имам идеаја како се одвива и до некаде како завршува. Не е баш едоставна споредбата но баш така би се карактеризирал себе.

Се работи за основите за работа со компијутери и јас ќе ги изучувам следните курсеви :
CompTIA A+ (Essentials & IT Technician) , MCTS Windows 7 , MCTS Windows Server 2008 и CISCO CCNA.

Работата што би ја добил е како Help Desk одностно 1st/2nd line IT supporter.
Со посветени 10 часа неделно за 3 до 6 месеци курсевите би требало да ги имам поминато ( без CISCO) и да пријавам тест/полагање.
Од како успешно ги поминам тестовите , компанијата е на потег да ми најде работа во наредните 3 месеци од како го завршам последниот курс.
Не ретко се случувало да се најде работа и само со CompTIA курсот поминат и тоа само првиот дел додека вториот е се уште во процес.
Исто така важен дел е дека дечките те спремаат за интервјуа, помагаат околу СиВи и ако не успеат да најдат работа за тие 3 месеци ќе ми го исплатат износот што го имам платено назад. Да , за ова имам потпишано договор и целиот овој проект е во странство а не Македонија , да нема недоразбирање.
На мене останува да си учам и инвестирам во себе а ако некој се препознава на левелот на кој објаснив дека сум , тука сум за комуникација.

П.С. Ништо не е тешко и не остварливо доколку имате желба така да не брзајте со плаќање на курсеви без пред да испланирате добро како би се одвивале работите на подолга стаза , не е се во сертификатот со кој ќе се стекнете толку многу информации се достапни на интернетот само треба малку по ажурно и сериозно да се пристапи кон работите.
Формулата е воља!
 

Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.071
Поени од реакции
938
На курс се оди за да станеш програмер, на факултет се оди за да станеш инженер... Има разлика....
 
Т

Триптико

Гостин
Ма дај. CCIE што е? Microsoft Masters ili Architect? Можам да редам до утре вакви сертификати. Слободно нека дојде некој и нека ме убедува дека факултетлија знае повеќе од некој со сертификативе.
 
M

Mr.InF3ction

Гостин
На курс се оди за да станеш програмер, на факултет се оди за да станеш инженер... Има разлика....
Факултетов само ќе ти обезбеди диплома дека си "инежнер"...а дали стварно си ? :)
Се поставува прашањето..што прави програмер ? а што прави инженер?
 

Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.071
Поени од реакции
938
Факултетов само ќе ти обезбеди диплома дека си "инежнер"...а дали стварно си ? :)
Се поставува прашањето..што прави програмер ? а што прави инженер?
Ако курсевите се еквивалентни на факултетите, тогаш зошто толку многу луѓе се запишуваат на факултет ? Сите ли се неинформирани ?
Да пробам директно да одговорам на твоето прашање. Инженерот може да го дизајнира и имплементира софтверот, програмерот може само да имплементира.
Е сега да го поставиме прашањето, кој е подобар програмер, тој од курсеви или тој факултет?
Еве да речеме курсевите ќе ти овозможат подобро запознавање (oд факултетите) со некоја технологија, еве да речеме Java. Ама дали ти со курс од една година ќе успееш да го добиеш истото искуство како што го има некој што 4 години учел на факултет? А да не зборам за тоа дека дечките од курсеви немаат две чисти од математика...
Значи како што некој кажа погоре, според мене добитна комбинација е да ги имаш и двете. На пример заврши си факултет и после ете, запиши некој курс за да усовршиш некоја технологија. Ама да одиш само на курс и да сакаш да се изедначиш со некој од факултет (мислам на нормален факултет), тоа потешко.
 
M

Mr.InF3ction

Гостин
:)
Се запишуваат затоа што низ техничките факултети има т.н "Правници", што се запишале на ФИНКИ само затоа што од дома ги терале, затоа што слушнале дека со информатика има пари-работа ...или тие од најлошата категорија е што не ни знаат зошто се запишале.

Самиот проблем е уште од првиот чекор, кога очекуваш дека курс или факултет ќе направи нешто од тебе. Колку и да звучи лошо...не е така. Курс или факултет ништо нема да направи од тебе, освен ако ти сам не направиш нешто околу тоа. Двете работи ги гледам како "место" каде што ќе можеш да добиеш основни информации за нештата, да направиш мрежа од луѓе за понатаму да можеш сам себеси да се развиваш кон тоа да станеш инженер/програмер итн.
Факултетов дава општо знаење за СЕ, за на крај да не знаеш НИШТО. Курсевите даваат знаење само за една област. за да знешто НЕШТО...ама и тука го имаш ризикот да не знаеш НИШТО
Се тоа што се учи низ факултет, па и математика не е баш нешто "real world". Се што се учи сеоднесува со шаблонски задачи, што се повторуваат секоја година, Математика решаваат задачи без да знаат зошто и каков проблем решаваат, битно научиле формули и комбинации на памет па само "имплементираат"..
Многу луѓе знам што од прва година научиле да размислуваат програмерски и веќе толку, факултетов не е никаков предизвик или извор на знаење, без проблем пукаат 10ки...дури и за моменти е "downgrade" на знаење, во средно пишувале комплексни програми со Java, C#, ..користеле напредни IDE и алатки..и тука доаѓа за прва година да пишува со Code Blocks и црта диаграми за контрола на тек.
И јас сум студент и знам како е низ факултетиве, исто така повеќе од 1 година знам како е и во индустрија со реално искуство на сериозни проекти...и можам да кажам дека до сега од книги, интернет и реално искуство за 1 година научив и направив многу повеќе одколку тие 2-3 години на ФИНКИ.

пс: Ако почнувате од -1 тогаш да факултете е многу подобар избор,, но ако веќе знаете да програмриате и имате знаење за тоа како работат компјутерите..тогаш препорачувам курсеви (online или акамедии итн ).
 
Последно уредено од модератор:
Член од
15 мај 2012
Мислења
16
Поени од реакции
8
Прочитав интересни мислења но пак не ми е јасно, некој рече наместо да земаш курс за пари разгледај на Lynda. Знаеме дека туториалите од Линда ги има и по торенти, но ако научиш се а немаш некаква потврда (сертификат) за тоа како би го докажал тоа?
 
На врв Bottom