Курсеви.

M

Mr.InF3ction

Гостин
@Dionus

Практична работа?
Не, не мора да е проект за некој клиент итн..пр учиш некоја технологија,..направи апликација и пушти го на GitHub. Ако имаш веќе 2-3 проекти таму и кодот е солидно напишан ти веќе имаш нешто што вреди повеќе од сертификат на твојот CV и е доказ за твоето знаење и начин на размислување.
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.285
Поени од реакции
1.600
Дали можеме да очекуваме од некого да знае да чита или да пишува есеј доколку не ја знае азбуката воопшто ?

Од како знам за себе еве веќе 14 години поминаа одкако прв пат штракнав на тастатура но немам некое соодветно информатичко образование ниту пак некој ме советувал да следам некоја патека по која со самостално учење би стекнал некое солидно знаење. Поради оваа причина покрај многуте други се одлучив да посетам консултантска агенција која нуди комплета услуга со курсеви,поддршка во кариерата и најглавно гарантира вработување одкако ќе ги завршам курсевите успешно.

Со оглед на мојата ситуација која би ја опишал како една серија каде има една сезона од 12 епизоди вкупно но јас ги имам гледано 2,3,8 и 12 епизода што значи јас незнам како почнува но имам идеаја како се одвива и до некаде како завршува. Не е баш едоставна споредбата но баш така би се карактеризирал себе.

Се работи за основите за работа со компијутери и јас ќе ги изучувам следните курсеви :
CompTIA A+ (Essentials & IT Technician) , MCTS Windows 7 , MCTS Windows Server 2008 и CISCO CCNA.

Работата што би ја добил е како Help Desk одностно 1st/2nd line IT supporter.
Со посветени 10 часа неделно за 3 до 6 месеци курсевите би требало да ги имам поминато ( без CISCO) и да пријавам тест/полагање.
Од како успешно ги поминам тестовите , компанијата е на потег да ми најде работа во наредните 3 месеци од како го завршам последниот курс.
Не ретко се случувало да се најде работа и само со CompTIA курсот поминат и тоа само првиот дел додека вториот е се уште во процес.
Исто така важен дел е дека дечките те спремаат за интервјуа, помагаат околу СиВи и ако не успеат да најдат работа за тие 3 месеци ќе ми го исплатат износот што го имам платено назад. Да , за ова имам потпишано договор и целиот овој проект е во странство а не Македонија , да нема недоразбирање.
На мене останува да си учам и инвестирам во себе а ако некој се препознава на левелот на кој објаснив дека сум , тука сум за комуникација.

П.С. Ништо не е тешко и не остварливо доколку имате желба така да не брзајте со плаќање на курсеви без пред да испланирате добро како би се одвивале работите на подолга стаза , не е се во сертификатот со кој ќе се стекнете толку многу информации се достапни на интернетот само треба малку по ажурно и сериозно да се пристапи кон работите.
Формулата е воља!
Која е таа консултантска агенција ако не е тајна?
 

beto10

Теле со визија
Член од
5 јануари 2009
Мислења
234
Поени од реакции
78
Ако курсевите се еквивалентни на факултетите, тогаш зошто толку многу луѓе се запишуваат на факултет ? Сите ли се неинформирани ?
Да пробам директно да одговорам на твоето прашање. Инженерот може да го дизајнира и имплементира софтверот, програмерот може само да имплементира.
Е сега да го поставиме прашањето, кој е подобар програмер, тој од курсеви или тој факултет?
Еве да речеме курсевите ќе ти овозможат подобро запознавање (oд факултетите) со некоја технологија, еве да речеме Java. Ама дали ти со курс од една година ќе успееш да го добиеш истото искуство како што го има некој што 4 години учел на факултет? А да не зборам за тоа дека дечките од курсеви немаат две чисти од математика...
Значи како што некој кажа погоре, според мене добитна комбинација е да ги имаш и двете. На пример заврши си факултет и после ете, запиши некој курс за да усовршиш некоја технологија. Ама да одиш само на курс и да сакаш да се изедначиш со некој од факултет (мислам на нормален факултет), тоа потешко.
Или јас лошо влегов во темата или поголем дел од тие што одговараат тука се фокусирани само и само на програмирање.
Јас сум далеку од некој што разбира многу но знам дека програмирањето е една многу важна гранка но не и единствена во ИТ светот фала богу.
Незнам зошто темата е именувана курсеви а се дискутира во еден правец.

Туку те цитирам тебе за директно да ти одговорам нешто со индиректно прашање. Дали подобар се подразбира под тоа дека има повеќе знаење или заработува повеќе или некое друго мерило е во прашање?

@Mr.InF3ction даде едно мислење со кое се согласувам и го чекав да го прочитам од некого.
Инаку колку и да си објаснуваме еден на друг факт е дека без диплома или сертификат колку сакаш биди добар ,тешко е.Евентуално некој да го забележи тој талент и да го запосли и да му овозможи барем некој курс за да има некаква документација за професионалноста. Интернационално признатите серктификат се нешто што пали секаде но
верувајте дека без факултетска диплома е многу потешно да прогресираш на повисока функција.

@Македонеро

Далеку од тајна.
 

Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.072
Поени од реакции
938
Се согласувам до некаде со тебе, ама да речеш дека математиката не е нешто "real-world" според мене е многу погрешно. Па еден куп алгоритми
Или јас лошо влегов во темата или поголем дел од тие што одговараат тука се фокусирани само и само на програмирање.
Јас сум далеку од некој што разбира многу но знам дека програмирањето е една многу важна гранка но не и единствена во ИТ светот фала богу.
Незнам зошто темата е именувана курсеви а се дискутира во еден правец.

Туку те цитирам тебе за директно да ти одговорам нешто со индиректно прашање. Дали подобар се подразбира под тоа дека има повеќе знаење или заработува повеќе или некое друго мерило е во прашање?

@Mr.InF3ction даде едно мислење со кое се согласувам и го чекав да го прочитам од некого.
Инаку колку и да си објаснуваме еден на друг факт е дека без диплома или сертификат колку сакаш биди добар ,тешко е.Евентуално некој да го забележи тој талент и да го запосли и да му овозможи барем некој курс за да има некаква документација за професионалноста. Интернационално признатите серктификат се нешто што пали секаде но
верувајте дека без факултетска диплома е многу потешно да прогресираш на повисока функција.

@Македонеро

Далеку од тајна.
Кога реков подобар, мислев на тоа дека луѓето од курс ќе имаат поголемо знаење (од технички карактер, не логички) во однос на оние кои завршиле факултет. На пример ако станува збор за некој програмски јазик, тие подобро ќе го познаваат во смисла ќе знаат за готови класи, како да извлечат податоци од базата итн... Ама дека ќе бидат подобри програмери, тоа малце потешко. Во однос на парите. Кога си завршил само некој курс за Јава (го земаме за пример) тоа е единственото нешто кое можеш да го работиш. Значи немаш простор за напредување (освен ако не земаш нови курсеви нон-стоп) додека кај оној кој завршил факултет приказната е сосема различна. Јас знам дека има и луѓе кои вработуваат исклучиво со факултетска диплома, бидејќи програмерската логика не се учи со еден курс....
 

Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.072
Поени од реакции
938
Видеото го изгледав еднаш, немам многу време за детално да го проучам. Колку што ја сфатив пораката на видеото, човекот зборува дека математиката треба да се разбере, но пресметките да се прават компјутерски. Да се учи математика која ќе има секојдневна примена. И јас така мислев кога ги поминав математиките за прв пат, се викав што ќе ми е да пресметувам изводи и интеграли? Па тие лесно се пресметуваат програмски, да речеме во mathematica.
Не е финтата да пресметаш нешто, финтата е да го поставиш, во даден случај да препознаеш за што станува збор. Во моментов работам на еден проект (апликација) во кој има страшно многу математика. Да почнеме од веројатност, наоѓање на екстреми, линеарна регресија итн... Реално секој проект кој е малце посложен од логички аспект или користи некаква имплементација на AI бара некакво алгоритамско и математичко предзнаење. Е сега кажи ми, дали некој со едногодишен курс ќе се снајде во вакви проблеми?
Тоа што сакам да го кажам е дека некој што само завршил еден курс, ќе може без проблем да работи на нешто во стилот на Angry Birds, каде што работата е повеќе од технички карактер а логиката е ептен проста. Додека пак оној кој стварно поминал 4 години во учење ( реално не можам да го кажам ова за сите студенти ) ќе може да направи многу повеќе.
 
Член од
11 мај 2015
Мислења
72
Поени од реакции
10
Здраво дечки, сакам да ве прашам и да ми дадете корисни совети околу моите планови и желби околу програмирањево....Поточно, доста сум заинтересиран и имам голема желба покрај тоа што сум веб дизајнер да бидам и веб програмер. Единствено што имам познавање до сега е html и сss., сакам да научам и PHP MySQL и JS. Меѓутоа сакам прво да имам некое основно познавање од програмирањето, па после да навлезам поконкретно во овие програмски јазици. Дали знае да ме упати некој, каде би можел да почнам, на курс, на приватни часови....? Секој совет би ми бил добредојден :) Фала унапред
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.744
Поени од реакции
1.845
Најкраток и најкорисен одговор: google. Ѕирни ги следниве страни: lynda, pluralsight, udemy
 
Член од
11 мај 2015
Мислења
72
Поени од реакции
10
Најкраток и најкорисен одговор: google. Ѕирни ги следниве страни: lynda, pluralsight, udemy
Фала, ќе зирнам на овие страни, ми треба да видам како идат работите, да имам каква таква основа па во план ми е есенва да запишам курс во seavus, има за js и php, па после ќе продолжам да се надоградувам сам, од туториали, скрипти online[DOUBLEPOST=1436969470][/DOUBLEPOST]
Најкраток и најкорисен одговор: google. Ѕирни ги следниве страни: lynda, pluralsight, udemy
Фала, ќе зирнам на овие страни, ми треба да видам како идат работите, да имам каква таква основа па во план ми е есенва да запишам курс во seavus, има за js и php, па после ќе продолжам да се надоградувам сам, од туториали, скрипти online[DOUBLEPOST=1436971802][/DOUBLEPOST]
Најкраток и најкорисен одговор: google. Ѕирни ги следниве страни: lynda, pluralsight, udemy
Што да почнам прво како апсолутен почетник? Гледам највеќе го предлагаат паскал за основите во програмирањето, па после да се префрлам на пхп, јс
 
Последно уредено:

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
4.139
Поени од реакции
13.560
Фала, ќе зирнам на овие страни, ми треба да видам како идат работите, да имам каква таква основа па во план ми е есенва да запишам курс во seavus, има за js и php, па после ќе продолжам да се надоградувам сам, од туториали, скрипти online
А зошто ти е во план да запишеш курс во Сивус, и со тоа да платиш 500 евра за куроздравје, кога истиот тој курс (и уште милион други курсеви) може да ги најдеш на интернет, без пари? Толку ли ти сметаат тие 500 евра?
 
Член од
11 мај 2015
Мислења
72
Поени од реакции
10
А зошто ти е во план да запишеш курс во Сивус, и со тоа да платиш 500 евра за куроздравје, кога истиот тој курс (и уште милион други курсеви) може да ги најдеш на интернет, без пари? Толку ли ти сметаат тие 500 евра?
У право си, само како апсолутен почетник незнам како би се снашол сам....Али како и да е имаш право. Со кој програмски јазик е најдобео да почнам за да имам некаква претстава околу програмирањево пред да се фатам со php и МySql? С, paskal или visual basic?
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
Mislev da postavam nova tema ama i ovaa e kako da pocnes me interesira za od koj programski jazik da se pocne pa da se usovrsis za da moze da se najde najlesno rabota gledam imaat od biro nekoi besplatni kursevi ... Kolku vreme se uci nekoj programski jazik za da mozes da se vrabotis ?? Vo programskite jazici primer C++ java dali ima matematika pretpostavuvam deka za da te vraboti nekoj treba da imas poznavanje na angliski jazik solidno gledam na najdi rabota site oglasi se na engleski jazik
 
M

mathersbe

Гостин
Здраво дечки, некој да има искуство со Seavus ( небитно Скопје или Охрид ), сакам да се запишам на курс за веб девелопмент, имам познавање ама сакам да навлезам подлабоко па доколку некој бил или слушнал нешто да сподели. Дали може да се стекне знаење за една година ( свесен сум дека треба и сам да се вложиш не е само да го земеш курсот), дали имаат добри кадри кои што можат да те научат, дали сертификатот што на крај го добиваш ти дава некоја предност итн.
 
Член од
6 јуни 2019
Мислења
8
Поени од реакции
15
на курсевите од александрија/семос се учи напредна информатика се учат бази на податоци, се учат мајкрософт сервери, cisco системи.
на факултет се учи програмирање/мрежи, се учи многу материјал од многу големи објасти, на крај добиваш познавање од скоро се, ама не многу длабоко знаење (Затоа после студентите си учат дополнително од англиски книги од по 1000 страни за еден програмиски јазик). Најидеално е после факултет да земиш неколку сертификати.
Пример си учел факс за програмирање, земаш потоа неколку сертификати, за да го продлабочиш и поусовршиш твоето знаење.

Запишување одма на курсеви, а предходно да немаш допирна точка со програмирање или мрежи, е џабе фрлени пари и време. Курсевите се специјалирани и бараат одредено предзнање да имаш пред да ги запишиш. Ти да одиш на курс за ЛАН мрежи, а незнаеш што е уплетена парица и зошто е така констуирана, мочај му се на таков сетификат. Или да одиш на курс за програмирање на динамички web страни, PHP или JAVA со mySQL бази, а предходно се немаш сретнато со for циклус, е губење време и џабе набивање комблекси и фрустрации.

А да. Денес никој не вработува за дипломата. Ако дома сам си научиш C#.NET, PHP, JAVA, mySQL, web програмирање или билошто од книги или туторијали имаш еднакнви шанси како некој што има факултет. Еден колега од факултет кога појде на интервју не му побарале диплома туку да им каже што знае да работи и му побарале негов завршен проект. Имал нешто направено им го презентирал и го вработија, иако не е завршен сеуште.
Здраво , за тоа што вие го одговоривте дека не е толку важно да се оди на курсеви за програмирање ако се нема претходно т.н. искуство е џабе фрлање пари и се согласувам дека има многу на You Tube tutorials , ама сепак мислам дека не се сите работодавачи исти како на вашиот другар што само го прашале што се разбира т.е. што проект има направено или тоа го има само по западот?
Само ако може да знам на вашиот другар што проект презентирал , некоја PC апликација , Mobile апликација , Web page...?

Фала многу ")
 
На врв Bottom