Ќе ти побарав докази за ова, за да знам дека навистина е вистина, но знам дека во религијата, вистина е само она што го кажуваат тие што ја проповедуваат религијата, се друго е лага.Нивната вистина немора да има врска со реалната вистина. Но, секој има право да верува во што сака, нели? Како што некој има право да верува во нешто што не е реална вистина, така и некој има право да верува во она што е реална вистина, со таа разлика што ова не би се нарукувало верување, туку егзактно знаење...Јасно ти е ова тебе?
Ако не ти е јасно, тогаш можеби тоа е причината за твојот пост да биде таков каков што е....а ако ти е јасно, навистина незнам која е целта на твојот пост..
Или, можеби не се согласуваш со ова што го напишав...па, повели, реплицирај ми, но, со докази, а не со некакви си таму докази кои се докази само за оние кои не бараат реални докази, од типот: „Господ го кажа ова, господ го кажа она“...
Се` се случува со причина.
Ако она што го кажувал тој било реална вистина, и таа реална вистина тој на луѓето им ја објаснил на начин на кој што тие ќе ја разберат, која била причината што почнале да го прогонуваат..?
Најголемата грешка на сите е што за вистина приваќате нешто што не е вистина!!!
Мило ми е што не сум еден од тие кои ја прават оваа грешка...