Пресметка за последните 10 години ако си изнајмил и купил стан
Ретро вредности од последните 10 години
Цена 50000 евра (се е во евра)
Камата на кредит 7% (во 2007ма фиксна може и 8-9% да беше)
учество 30% 15000 (2007)
Должина на кредит 15 години (2007ма)
Пораст на кирија 2% годишно (просек 2007-2017)
Камата на депозит 3% годишно (конзервативна инвестиција и за секого просек 2007-2017 годишно орочување)
Инфлација 3% годишно (просек 2007-2017)
Данок на имот 0.1% годишно (константен имаше мали измени)
Данок на приход 10% годишно (некои не плаќаат ама законски да е чисто)
Трошок за купување 1%
Трошок за продавање 1%
Трошок за одржување 1% годишно (пресметка за празен стан)
Капар 1 месечна рата
Раст на цена на недвижност 1% годишно грубо толку е просек може и помалку
--------------------------------
Сума сума ако си давал крија над 193 евра месечно си во загуба со изнајмување се што е под е добивка пресметано во 2007!
Реално во 2007 за Стан во СК од 50000 евра (празен) можеше да се најде за 150-160 евра...
Значи еве со 160 евра месечна кирија и пресметан раст и сите можни трошоци заштедата е 33 евра месечно или 33Х12Х10години=3960 евра плус ако си бил под кирија 10 години или си купил и продал стан за 10 години ова мора зошто кеш со кеш се споредува. А кој купил во 2007 е во загуба исто 3960 отколку парите да ги ставал од кредитот во депозит...ова е пресметано ако си има 15000евра во кеш ако и тие се од кредит загубата е уште поголема...
https://www.nytimes.com/interactive/2014/upshot/buy-rent-calculator.html
Кој сака нека си игра со броеви...или нека ме дополни.[DOUBLEPOST=1507733419][/DOUBLEPOST]Еве една пресметка со мои претпоставки за следните 15 години, значи мои лични претпоставки. Земени се 15 години поради амортизација на кредит и поради тоа што е многу тешко да се претпосави за подолг рок за 30 години може се да се случи.
Цена 50000 евра за исто да биде е земена
Камата на кредит 6.5% толку е обично СВТ за сите години вкупно(има фиксни и пониски камати за првите 3-5 години ама претпставка ми е дека ќе растат каматните стапки во иднина и ќе биде погоден варијабилниот период), има субвенционирани ама тие имаат сосема други услови и неможе секој да ги добие плус се и на 30 години што е чиста шпекулација.
учество 15% 7500 (има сега со помало учество од порано)
Должина на кредит 15 години (објаснето горе)
Пораст на кирија 2% годишно (сметам дека исто ќе биде)
Камата на депозит 2.5% годишно (сега е 1.5-2% денари за 12 месеци депозит мислам дека ќе оди нагоре)
Инфлација 2.5% годишно (мислам дека благо ќе се намали во просек)
Данок на имот 0.1% годишно (се надевам дека нема да го зголемат)
Данок на приход 10% годишно (исто
)
Трошок за купување 1% (исто)
Трошок за продавање 1% (исто)
Трошок за одржување 1% годишно (пресметка за празен стан толку е стандард)
Капар 1 месечна рата (исто)
Раст на цена на недвижност 1% ( е ова е шпекулација најтешка за погодување сега би бил 0% ама за 15 години период очекувам некој слаб раст во просек)
--------------------------------
Сума сумарум кирија од 158 евра. За стан од 50000 евра на пазар сега е 180-190 евра(плаќање од напред за година дена итн не е вообичаено) или добивка со купување од еве 185-158=27 евра месечно или 27Х12Х15=4860евра добивка од купување за 15 години. Значи генерално се исплати. Јас лично не би земал ама би го советувал просечниот Македонец да размисли за купување на недвижност.
Инаку мене есапот ми е дека може да направам повеќе од 4.0% поврат на капитал(тоа со депозитот) годишно колку што е потребно да се израмни купувањето/продавањето со изнајмувањето.
Или ако најдеш нешто што има сличен ризик со недвижности или сакаш поголем ризик и мислиш ти се исплати за добивка од над 4.0% земи го...и не се бавтај со недвижности (доста упростено кажано).
Како да е ништо не е 100% сигурно и е посложено од што изгледа.