Кумство и црквата

  • Креатор на темата rymz
  • Време на започнување
Член од
29 септември 2014
Мислења
100
Поени од реакции
33
Па добро можеби,ама јас да сум муслиманка нема да одам да венчам во црква и да се крстам на икона
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Како мене во маало има случај со човек муслиман женет со македонка и е кум на македонец комшија.
Е сега како се крстеле или не крстеле не знам, секако религиите и се тоа е булшит, а луѓето си живеат многу добро.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192

Се спремаат за екуменизација,е тогаш ќе биде турлитава од обичаи.
 
macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.812
Поени од реакции
1.562
Имам реален проблем никој не ми се нафаќа да ми биде кум? Чаре има ли?
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Имам реален проблем никој не ми се нафаќа да ми биде кум? Чаре има ли?
Најди некое другарче ради реда....и не го оптеретувај со никакви обичаи и поклони.....никој да не го знае........и те боли цеф ;)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: alf

kalimero456

Имам 100 проблеми а 1 ми е пари а пари немам 1312
Член од
7 ноември 2019
Мислења
3.504
Поени од реакции
3.727
@macko i ima tri deca tri kuma plus kum me vencase plus deteto e kum na edna osoba plus jas i zenata vencavme eden par kako sto ti veli buda ima luge eve naprimer jas sto ke prisustvuvam na ritualot neka ja primi verata nitu sakame pokloni nitu davame vo smisol na skapi raboti se znae normalno peskir da se prifati,kompletce da se oblece po eden pijalok i tolku
 
macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.812
Поени од реакции
1.562
Најди некое другарче ради реда....и не го оптеретувај со никакви обичаи и поклони.....никој да не го знае........и те боли цеф ;)
Џабе им потенцираш без трошоци адети и такви работи и пак изговори. Немам голем круг на пријатели сите што сум во контакт ги прашав и избегнуваат ...
 
kalimero456

Имам 100 проблеми а 1 ми е пари а пари немам 1312
Член од
7 ноември 2019
Мислења
3.504
Поени од реакции
3.727
Џабе им потенцираш без трошоци адети и такви работи и пак изговори. Немам голем круг на пријатели сите што сум во контакт ги прашав и избегнуваат ...
epa brale tolku ti se prijateli zatoa slusaj od iskustvo ti kaza i buda ces e da si kum KAJ MENE VAZI EDNO PRAVILO POKANA ZA KUMSTVO NEVRAKAM zatoa i sum vencal i krsel i se razlicni osobi ne prijateli poznajnici da recam ke najdes i ti takov so siroka dusa neberi gajle
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.882
Тоа е кога немаш круг од неколку другари кои меѓусебе ќе бидете кумови.

И да нема трошоци џабе кога не сте блиски, мислат дека во иднина нема да ги ебаваш ни 2% и ќе го искористиш и сигурно имаат ветено дека на некој друг.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
15 април 2020
Мислења
9
Поени од реакции
4
Дали во православна црква може да помине венчавка или крштевање без кум?
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.928
Поени од реакции
5.069
Дали во православна црква може да помине венчавка или крштевање без кум?
Венчавка и крштевка без кум? А чија вера исповедаат така венчаните и така крстените?...

За чисто граѓанско венчавање „во матично„, не е потребен кум оти тоа е само админстративен чин, изведен од идните сопружници и документиран од страна на власта-и тоа е тоа. Таквото админстративно венчавање нема никаква вредност во Црквата.

Венчавањето во црковен објект односно во Црквата, мора да се изведе и во присуство на идниот кум (кумот на идните новододенчиња).

Кај Србите постои и т.н. „венчален кум„.

Крштевањето е Света Тајна во Црквата и истото мора да се отслужи како што е уредено во Црквата, не и надвор од неа. Кумот и самиот треба да биде крстен и да има познавање од верата (исповедање на Симболот од верата, откажување од влијанијата од демонот и сл...), така да крштевање без кум е непознаница...
 
Јас би рекол дека крштевање СО КУМ е непознаница, но еве ќе ти го поставам истото прашање.
Чија вера исповедаат венчаните и крстените ако за тоа е потребен кум?
Во кој библиски текст е нагласено, заповедано или воопшто спомнато?
И зошто без тоа е невозможно(како што велиш) да се влезе во Светите Тајни како крштевање и брак?
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.928
Поени од реакции
5.069
Јас би рекол дека крштевање СО КУМ е непознаница, но еве ќе ти го поставам истото прашање.
Чија вера исповедаат венчаните и крстените ако за тоа е потребен кум?
Во кој библиски текст е нагласено, заповедано или воопшто спомнато?
И зошто без тоа е невозможно(како што велиш) да се влезе во Светите Тајни како крштевање и брак?
Ај и од мене пар прашања:
- од кога е крштевањето со кум непознаница и во кој библиски стих е забрането?
- како се исповеда вера од страна на идните сопружници дури и да немаат кум?
- во кој библиски стих е запишано моето име?
- кој ги дал Светите тајни и каде се тие запишани?...
 
Член од
15 април 2020
Мислења
9
Поени од реакции
4
Ај и од мене пар прашања:
- од кога е крштевањето со кум непознаница и во кој библиски стих е забрането?
- како се исповеда вера од страна на идните сопружници дури и да немаат кум?
- во кој библиски стих е запишано моето име?
- кој ги дал Светите тајни и каде се тие запишани?...
Можеме до утре да си поставуваме прашања. Моето прашање беше со цел да ти го воочам твојот неаргументиран одговор.

Сепак, ќе ти ги одговорам накратко прашањата.
1.Крштевањето со кум е историска и библиска непознаница, воведено е многу многу векови после Христос, како пракса, од нејасни причини. Затоа нетреба да е забрането во Библија нешто шо тогаш не постоело, слично како шо библиски не е забрането да конзумираш хероин, пошто тогаш немало.
2.Вера се исповеда кон Господ пред целиот народ (шо подразбира да не е криеш дека си во брак) и во тој случај кум не ти е потребен, туку Христос како Оној кој не помирува, спојува со Отецот.
3.Твоето име, не го знам и незнам шо е целта на прашањето...
4.За Светите Тајни можеме да полемизираме до утре, дали се 5, 7 или многу повеќе и не само шо е надвор од темава туку и ќе завршиме во толкување на големиот раскол и шо е најважно нема да се приближиме до библиските учења.

И на крај, пак излегува дека кумот доаѓа од нигде никаде, и реално нема никаква функција во бракот и крштевањето, освен задоволувањето на традиционалните комплекси и паролата "така останало од старите" шо е во најголем дел паганство и ерес за Христовата Црква.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom