Култот на Марија

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Да бе, ама сеуште не ме просветли...и покрај хилтата.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
spored istoriski dokazi Marija ja zavel nekoj rimski vojnik i ja napumpal, i posto u toa vreme neverstvoto se kaznuvalo so smrt, ona kako da se spasi, go izlazala Josif, Gospod me zacna, ne covek, i toj, posto togas epten prosti bile- nemalo informacii, koriot gi vodel slepcite i poveruval oti i dobar bil i taka se rodil posle Isus ko bebe.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
nihilista, дали би можел да ни ги наведеш историските извори каде што историски е, како што велиш, докажана ситуацијата што ја опиша ти?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Да не беше Магнезиум? Или пак овој другиов Калиум Хиперманганат?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Да не беше Магнезиум? Или пак овој другиов Калиум Хиперманганат?
Не не то се хемиски соединенија, Целзум е антички писател кој напишал за Марија и нејзината афера со римскиот војник од која остана бремена и го роди Исус. На тоа после црквата одговори со пишувањето на Ориген (не Оригано - то е зачин, друго е тоа) како и со уништување на делото на Целзум.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Повели LET 3, просветли не нас "хемичарите" и посочи ни го историскиот извор каде што овој "Целзиум" напишал такво нешто за Марија. Во кое тоа мистично дело е напишано тоа, во кој тоа ракопис, од кој век поттекнува, а не само целзиум магнезиу да ни пишуваш тука :)
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Тоа е напишано во “Вистински збор“ од Целзо, текстот се наоѓа во “Филокалиа“ на Ориген.

Докази за невистинитоста на евангелијата и христијанството се наоѓаа и во 15 тома на текстови на Поририј (Поририј не Портик - портик е сала со столбови обично како предворје во судница) , но за жал сите се по наредба на црквата спалени.
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
12
Поени од реакции
0
Тоа е напишано во “Вистински збор“ од Целзо, текстот се наоѓа во “Филокалиа“ на Ориген.

Докази за невистинитоста на евангелијата и христијанството се наоѓаа и во 15 тома на текстови на Поририј (Поририј не Портик - портик е сала со столбови обично како предворје во судница) , но за жал сите се по наредба на црквата спалени.
Значи во непостоечки книги се зборувало за непостоечка историја?

Мошне уверливо.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
nihilista, дали би можел да ни ги наведеш историските извори каде што историски е, како што велиш, докажана ситуацијата што ја опиша ти?
pa toa go pisuva vo knigata Razgoleno hristijanstvo od poznatiot francuski filozof Pol Holbah-materijalist i determinist, koj bil enciklopediski um, valjda on ima od kaj go zel.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Значи во непостоечки книги се зборувало за непостоечка историја?

Мошне уверливо.
Целзо се уште преживеа благодарение на Ориген кој го цитирал во својот текст, инаку црквата, навистина, за жал, се обиде да ги затри трагите на било која друга верзија освен нејзината, воглавном со помош на оган и меч. Некаде успае, некаде по некое дело опстана, скриено, засолнато.
Али битно е дека ПОСТОЈАТ и други верзии на прикаската.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Чекај сега, Целзиум? Целзо? Или можеби Целзус Платонистот - човек кој пишувал/филозофирал против христијанството кон крајот на вториот век, небаре тој 170 години после раѓањето на Исус имал некаква евиденција или докази за тоа како Марија го родила Исус.
Сепак ни тој - Целзус не го вели тоа што ти го велиш во негово име. Целзус, во својата книга Вистинскиот Збор, не вели дека Марија имала афера со некој Римски војник, туку вели дека за Христос се верувало дека се родил од девица, но во реалноста таа му била жена на дрводелецот (Јосиф) - небаре христијаните тврделе дека таа немала маж :)
Тоа што ти го тврдиш за наводната афера на Марија со некој Римски војник никаде не го пишува. Филокалиа на Ориген не постои. Филокалиата претставува збирка од цитати на раните црковни отци направена во 18 век од двајца грчки монаси (Никодимус и Макариос). Јас ја иамам во електронска верзија на англиски јазик филокалијата и еве сега пребарувам по клучни зборови и не можам да најдам такви цитати од Ориген каде што тој цитира од делото Вистиски Збор од Целзус, ниту пак за некаков римски војник, ниту пак за некаква афера на Марија.
Ако мислиш поинаку, ајде наведи ни каде точно се збори за тоа, пребарај малку на интернет, дај ни некаков линк каде што можеме да прочитаме за наводната афера на Марија со некаков си римски војник.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Чекај сега, Целзиум? Целзо? Или можеби Целзус Платонистот - човек кој пишувал/филозофирал против христијанството кон крајот на вториот век, небаре тој 170 години после раѓањето на Исус имал некаква евиденција или докази за тоа како Марија го родила Исус.
Целзо твори кога настануваат и евангелијата. На пример најстарите записи од Новиот завет се од Павла. А Павле, никаде ни со еден збор не ја споменува Марија а камоли некое безгрешно зачнување. Дури ни Јуда и неговото предавство не се појавуваат кај Павла. Сето то е накнадно приклаено. Мислиш дека евангелијата кои настанаа некаде век - век ипол после раѓањео на Исус имале некоја евиденција или докази за тоа како Марија го родила Исус а кои докази и евиденции ги немал Павле пола век порано ?!
Целзо во своето дело ја запишал верзијата дека марија беше жена на Јосиф но имала љубовна афера со римскиот војник Пантера од која афера се родил Исус.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom