Култот на Марија

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Култот на Марија


ЗАЧЕТОЦИТЕ НА КУЛТОТ НА МАРИЈА

Од средниот век наваму, источната црква полека на мала врата, во своето практикување го внесе и обожувањето, односно култот на Марија, мајката на Исус. Почетоците на оваа ерес се наоѓаат некаде по Ефешкиот Собор, во 5 век, но вистинската слика ја добива тек околу 7 век, значи речиси 800 години после Христовата служба, и животот на Марија.

Ересот започнува речиси наивно, со несмасната изјава на Отците во 431 година дека Марија е Бого-Родица, (Теотокос), односно дека преку нејзе е роден самиот Бог - Христос, а не само човек. Интересното е што дебатата на самиот Собор, воопшто не била околу природата на Марија, туку природата на Христос. Отците биле соочени со ересот на Несторие, кој тврдел дека таа го родила само Христос (Месијата) а не и Господ.

Така Отците ја приковале изјавата Теотокос (Богородица) со тоа бранејќи го правоверниот симбол дека Христос е Бог. Кирил Александриски јасно во својата одбрана вели дека тоа не имплицира ништо за природата на Марија, туку за природата на Христос.

Но, Констатиновото наследство, тука видело одлична прилика да терминот биде употребен за пропагандни цели во придобивање на паганските маси, кои биле навикнати во паганските религии да обожуваат божици и ереста започнува да се шири под патронатот на религиско-политичката симбиоза.

Во таа линија започнува еретичкото ширење на идејата, дека самата Марија му ја дала на Христос Божествената природа, и на еден начин таа станува поголема од него. Доказ за збрката се и Коранските стихови кои несмасно во 8 век сфатиле дека Марија е дури дел од Тројството.


Прашања водилки низ темава:
Што вели Библијата за улогата на Марија, мајката на Исус?
Како постапувале раните христијани кон Марија?
Дали е оправдано да се продолжи со молење и обожување на Марија?


Што вели Библијата за улогата на Марија, мајката на Исус?

Марија мајката на Исус има епизодна, измешана улога во Светото Писмо. Прво што станува јасно на секој читател на Новиот завет е дека таа игра навистина многу кратка и епизодна улога.
Впрочем, Марија не е ниту спомната во писанијата на Апостолот Павле, Петар, Јаков, Јуда, Јован. Исто така, во Евангелието по Марко и во Евангелието по Јован не е спомнато нејзиното раѓање на Исус Христос. Зар е можно Марија да има толку значајна улога во животот на црквата и на христијаните, а сите овие Библиски писатели, Апостоли и Евангелисти да не ја увидат таа нејзина важност?
Второто што е интересно е дека Марија, таму каде што е спомната, не е опишана во суперлативи, туку најчесто е критикувана. Во целото Свето Писмо опишани се само 6 случки од животот на Марија, а во три од нив, таа е укорена од Исус. Еве ги тие случки:
(1) Раѓањето на Исус
(2) Принесувањето во храмот (како бебе)
(3) Одењето во храмот (како дете)
(4) Свадбата во Кана
(5) Доаѓањето при проповедта на Исус
(6) Пред Исусовиот крст


Во три од овие случки (под редните броеви 3, 4 и 5) Марија е укорена од Исус заради нејзиното слабо разбирање на духовните вистини. Еве ги тие моменти:

3. (Доаѓањето во Храмот, Лука 2:43-50)
И кога ги поминаа деновите, на враќање дома, Детето Исус остана во Ерусалим, а Неговите родители не знаеја за тоа, туку, мислејќи дека е меѓу сопатниците, изминаа еден ден пат и Го бараа меѓу роднините и познатите. И кога не Го најдоа, се вратија во Ерусалим да Го бараат. И по три дни Го најдоа во Храмот како седи меѓу учителите, ги слуша и ги прашува. А сите кои Го слушаа им се восхитуваа на Неговиот ум и на одговорите. Кога Го видоа се зачудија и мајка Му Му рече: „Чедо, што ни направи така? Гледај! Татко Ти и јас се измачивме, барајќи Те.” Тој им рече: „Зошто Ме баравте? Зар не знаете дека Јас треба да бидам во она, кое што е на Мојот Татко?” Но тие не го разбраа зборот што им го рече

Уште во првиот дијалог запишан во Библијата меѓу Исус и Марија, станува јасно дека Марија нема солидно разбирање за духовната служба на Исус, и е укорена заради тоа.

4. (Свадбата во Кана, Евангелие по Јован 2:3-4)
Кога сврши виното, Му рече на Исуса Неговата мајка: „Немаат вино.”
Исус и одговори: „Што имам Јас со тебе, жено? Уште не дошол Мојот час


Впечатлив е остриот тон со кој Исус и се обраќа на Марија, дури нарекувајќи ја „жено“, наместо „мајко“. Впрочем, интересен е фактот што Исус во евангелијата никаде, апсолутно никаде не ја нарекува блажената Марија "мајко", туку секаде и се обраќа со "жено".
Лично верувам дека Исус ова го направил промислено за да не остави простор за нејзино обожавање и за да не им даде изговор на
идните нејзини обожаватели да ја слават, да и се поклонуваат и да и се молат како што тоа денес за жал се прави нашироко и незауздано.

5. (Доаѓањето при проповедта на Исус, Матеј 12:46-50; Марко 3:32-35; Лука 8:19-21)
Додека Тој уште им зборуваше на мноштвата, ете, мајка Му и браќата Негови стоеја надвор и сакаа да Му зборуваат. И некој Му рече: „Еве, мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да Ти зборуваат.” А Тој во одговор му рече на оној, кој му кажа: „Која е Мојата мајка, и кои се Моите браќа?” И ја протегна Својата рака кон Своите ученици и рече: „Еве ја Мојата мајка и Моите браќа; зашто, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата, тој Ми е брат, и сестра, и мајка“.

Од последниов стих конечно дознаваме кои се вистинските роднини (мајка, брат, сестра) на Исус - Неговото духовно семејство, а не Неговите крвни роднини. Интересен е фактот што Исус никаде не ја нарекува блажената Марија "мајко" (туку секаде во евангелијата и се обраќа со "жено"), а сепак во горниот случај гледаме дека Исус ги нарекува Своите ученици своја мајка.
Оттука гледаме дека Исус не и дава никаков приоритет на блажената Марија како Своја мајка, туку јасно потенцира дека сите Негови ученици се Негова мајка, браќа и сестри.

Освен овие три случки, запишан е уште еден дијалог со Исус, во кој се спомнува Неговата мајка (иако не била присутна во тој момент). Всушност, една жена доаѓа кај Исус воодушевена од Него, но заради тоа ја благословува мајката на Исус. Еве го дијалогот во целост:

„Додека Исус го кажуваше ова, од народот се огласи една жена, и рече: „Благословена е жената што Те родила и одгледала!“ Тој и одговори: „Уште поблагословени се оние што ја слушаат Божјата порака и ја спроведуваат во дело!““ (Лука 11:27, 28)

Уште еднаш се гледа дека Исус не и придавал никакво посебно значење на Марија како Негова мајка, туку напротив повторно ја приземјува нејзината улога, велејќи дека поблагословен од неа е секој послушен христијанин.

Се разбира, не е важно само тоа што Библијата и Исус го велат за Марија, туку важно е и тоа што НЕ го вели. Никаде во Светото Писмо Марија не е наречена Владичица, Пресвета, Пречиста, Пренепорочна, Преблагословена, Најголемата, Спасителка, па дури никаде не е наречена ниту Богородица. Овој факт не смее да се занемари. Исто така, никаде не се спомнати молитви кон Марија. Никаде ниту Исус, ниту Апостолите, ниту Евангелистите не напишале дека треба да и се молиме на Марија. Напротив, во Светото Писмо се осудува секоја молитва која не е упатена кон Бог.

Никаде во целото Свето Писмо (Библијата) не е запишано ниту едно чудо кое Марија го направила. Дури, гледаме дека при свадбата во Кана, таа го молеше Исус да направи чудо. Зошто би го молела, ако самата имаше таква моќ? Зошто самата не ја претвори водата во вино?

Едноставно, Светото Писмо вели дека Марија „нашла милост пред Бог“ (Лука 1:30) за да биде родилка на Исус. Штом е заради милост, јасно е дека не е заради заслуги. Исус никаде во своите бројни проповеди не рече дека Марија е одличен пример, никаде не спомна ниту дека треба да и се молиме.


Како постапувале раните христијани кон Марија?

Освен Библијата, интересно е да се забележи и дека раните христијани не и придавале никакво посебно место на Марија.

На пример, нема никаква потврда од најраните историски записи, дека со телото на Марија се случило било што мистериозно. Нејзиниот гроб (иако не е научно верифициран) најверојатно се наоѓа во Ерусалим, спротивно на тврдењата дека живеела и умрела во Ефес (денешен Измир, некои 1500 км подалеку). За тоа време, нечуено е мртво тело да се пренесува на толкава огромна оддалеченост пред да биде закопано.

Најраните шпекулации и измислувања на неточни приказни за животот и смртта на Марија се појавуваат тек околу 5 века после нејзиниот живот. Се започнува со дебатата на Третиот Вселенски Собор (431 г.) околу тоа како да се нарече Марија: Христородица или Богородица? Во таа дебата, во која христијаните биле остро поделени, преовладува мислењето дека зборот Христородица може да имплицира дека Христос не е Бог и затоа е подобро да се каже Богородица. Забележително е од документите на овој Вселенски Собор, дека темата не била Марија, туку Исус. Заради почитта кон божественоста на Исус, христијаните од 5-тиот век не сакале да остават никаков сомнеж дека тој навистина е Бог. Кирил Александриски кој го застапувал гледиштето дека треба да се користи терминот „Богородица“, јасно истакнува дека овој збор не имплицира ништо за природата на Марија, туку единствено имплицира нешто за природата на Исус.

Но оваа несмасна терминологија, која за прв пат се користи за Марија, ќе биде вешто искористена од спрегата на политичката-црковната власт, која ќе сака христијанството да го направи единствена религија во Римската империја. Наместо да ги искоренуваат паганските божици од свеста на варварското население, тие смислиле навидум Соломонско решение: наместо паганските божици, сега луѓето ќе можат да ја светкуваат христијанската Богородица.

Зачудува фактот што се до 6-8 век, немаме никакви записи за наводното чудесно раѓање на Марија, за нејзиното наводно вознесение, ниту за нејзините чуда. Зар е можно во првите 6 векови (оние кои биле најблиску до самите случувања) никој од раните христијани да не запишал дека Марија имала безгрешно зачнување, дека имала чудотворна моќ, дека не умрела туку се вознела на небото? Зошто ова не го наоѓаме ниту во списите на Иринеј, ниту Тертулијан, ниту Августин, ниту Ориген, ниту Јован Златоуст, ниту Јероним, ниту во ниту еден од раните црковни мислители?

Зошто дури имаме и спротивни изјави, како онаа на Кипарскиот Митрополит и светец според Православната црква Епифаниј, кој во 377 година запишал дека „никој не знае како завршила Марија“? Ако никој не знаел се до 377 година, како тоа некој „дознал“ во 600 или 700 година? Јасно е дека записите од 6-8 век за животот на Марија се фалсификати, бидејќи тоа би било слично како ние денес да пишуваме за животот на царот Самоил, кои претходно никој не ги запишал!

Дали е оправдано да се продолжи со молење и обожување на Марија?

Штом е јасно дека во Светото Писмо Марија игра епизодна и честопати негативна улога, а исто така е очигледно и дека раното христијанство 600 години не ја обожувало Марија, тогаш оправдано ли е ние денес да и се молиме и да ја обожуваме?

За оние кои сакаат да бидат доследни на учењето на Христос, на Евангелистите и на Апостолите, како и на праксата на раните христијани, одговорот е едноставен: не! Ние можеме да продолжиме со праксата на молење кон Марија, но само со претходната свест дека сме отстапиле од вистинското христијанско учење и сме прифатиле лажни учења од средниот век.

Сепак жално е што некои христијански служители продолжуваат да го промовираат култот на Марија, бидејќи претставува еден од најдоходовните приходи. Но со ова тие прават опасен грев и преседан: бидејќи наместо чистата Божја наука, тие проповедаат исклучиво заради своја материјална добит.

Особено одвратни во Божјите очи се празниците посветени на Марија, кои во нашиот народ се претворени во најобични панаѓури. Луѓето наместо црквите да ги користат како места на кои можат да се поучат за Бога, да му се помолат и да го обожуваат, тие одат за да си купат гаќи, чорапи, влечки, амајлии, за да се нагостат и напијат. Гнасно е Божјиот дом да се претвора во стоковна куќа или во кафана.

Се надеваме дека овој напис ќе даде свој скромен придонес кон освестувањето на македонската јавност од искривената претстава што ја имаме како Македонци за Марија, како и враќање кон искрената и чиста вера проповедана од Христос и од Апостолите.
 
Член од
17 ноември 2008
Мислења
159
Поени од реакции
1
Копирање а? Во ред, ќе го разобличиме твоето лажно толкување.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Хммм, се прашувам, која ли ќе биде наредната тема од православна категорија, на која Чорбаџијата ќе изнесе подоста бласфемии, (за кои НИКОГАШ не го наведува авторот на бласфемиите, а не е тешко да се открие кој е тој...) а која ќе биде добар објект на кој ќе се нанесе подоста плунка!? Стварно, ако не се плука поправославието, ќе нема материјал за поддршка на своите верски убедувања...
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
150
Поени од реакции
0
Хммм, се прашувам, која ли ќе биде наредната тема од православна категорија
Што бе и Марија да не е заштитена со копирајт? Зошто да не се дискутира, ова не е православна категорија, туку општо, може да се разгледа како гледаат еве и муслиманите и евреите на Богородица, итн. Впрочем Марија била еврејка, не знам со кое право се манипулира дека за неа не смее да се дискутира.
 
Член од
25 октомври 2008
Мислења
368
Поени од реакции
2
Што бе и Марија да не е заштитена со копирајт? Зошто да не се дискутира, ова не е православна категорија, туку општо, може да се разгледа како гледаат еве и муслиманите и евреите на Богородица, итн. Впрочем Марија била еврејка, не знам со кое право се манипулира дека за неа не смее да се дискутира.

Е ајде да видиме дали ти држи аргументот и дали навистина не сте ја вметнале во православна категорија.
Само колку да се надоврзам од каде е ова копирано - од веб страницата по веронаука на Баптистичката црква

http://www.veronauka.com.mk/pravoslavie/marija.html

Бај д веј, значи повторно се однесува на православието и на ширење верска омраза!!!:tapp::tapp::tapp:

На лагата кратки и се нозете...
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Без паника.

И онака никој не се замара за религија појќе. Посебно сеа младите генераци.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Тешко...
Има и такви на кои религијата им е животна определба.
 
Член од
11 август 2008
Мислења
112
Поени од реакции
14
Хммм, се прашувам, која ли ќе биде наредната тема од православна категорија, на која Чорбаџијата ќе изнесе подоста бласфемии, (за кои НИКОГАШ не го наведува авторот на бласфемиите, а не е тешко да се открие кој е тој...) а која ќе биде добар објект на кој ќе се нанесе подоста плунка!? Стварно, ако не се плука поправославието, ќе нема материјал за поддршка на своите верски убедувања...
Мики јас мислам дека јас ти и уште неколку членови на форумов почитивачи на изворно православие онака како што е пишано во светите книги не треба повеќе да полемизираме со сатанинистички настроени умови од типот на Чорбаџијата и компанија преку кои злото зборува.Тие се сигурно членови на одредени верски групации(секти) кои единствена цел им е да пропведаат прикаски кои само ти знаат да си го протолкуваат нивното значење и цел така да според сето горе изнесено на Чорбаџијата се гледа за каква категорија на личност и човек се работи.Не се објасува секому словот Божјо неможе секој да го прими и неможе секој да ја свати природата Божја,Бог има построги зборови за таквите ние сме немокни едно влакно од црно во бело да го претвориме а не други промени да извршиме.Слава на Бога
 
Член од
14 септември 2008
Мислења
215
Поени од реакции
3
Копирање а? Во ред, ќе го разобличиме твоето лажно толкување.
Не е важно дали е копирано или не, туку битна е содржината.

Тука легендарниот Чорбаџија педантно и Библиски ви ја руши теоријата за обожување на Марија.Човекот никаде не плука по православието, туку со Библиски факти ги побива кривоверните учења за Марија.
 
Член од
25 октомври 2008
Мислења
368
Поени од реакции
2
Не е важно дали е копирано или не, туку битна е содржината.

Тука легендарниот Чорбаџија педантно и Библиски ви ја руши теоријата за обожување на Марија.Човекот никаде не плука по православието, туку со Библиски факти ги побива кривоверните учења за Марија.
Не е битно дека е копирано? И те како е битно, самопрогласени „изворни“! А што тој руши? Ништо, затоа што тоа прво е копи пејст текст, а второ - чекај да видиш кога ќе ти дојде некој православен текст, па пак да се здткате. (како што беа искажаните смешки за свеќите, а на крај испадна и покрај тоа што Христос е новата Пасха, вие не ја славите Пасхата)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Мики јас мислам дека јас ти и уште неколку членови на форумов почитивачи на изворно православие онака како што е пишано во светите книги не треба повеќе да полемизираме со сатанинистички настроени умови од типот на Чорбаџијата и компанија преку кои злото зборува.Тие се сигурно членови на одредени верски групации(секти) кои единствена цел им е да пропведаат прикаски кои само ти знаат да си го протолкуваат нивното значење и цел така да според сето горе изнесено на Чорбаџијата се гледа за каква категорија на личност и човек се работи.Не се објасува секому словот Божјо неможе секој да го прими и неможе секој да ја свати природата Божја,Бог има построги зборови за таквите ние сме немокни едно влакно од црно во бело да го претвориме а не други промени да извршиме.Слава на Бога
Нема никаков проблем, според мене. Овде сме да помуабетиме а од спротивставените ставови, може да се изведе дури и логичнен, рационален (немора и духовен) заклучок за тоа каде е вистината, која и каква е и кој тоа додава или одзема на изворното учење. Пак ќе кажам: верата се прифаќа со дух, со дух се верува во кажаното и напишаното. Ако напишаното или кажаното се учи, тоа бече не е вера, туку наука. На науката не треба дух туку рацио. На верата и трба дух, отоврени духовни очи, а не рацио.

Не е важно дали е копирано или не, туку битна е содржината.

Тука легендарниот Чорбаџија педантно и Библиски ви ја руши теоријата за обожување на Марија.Човекот никаде не плука по православието, туку со Библиски факти ги побива кривоверните учења за Марија.
Убо, Арно ама, толкувањето на библиските стихови е целосно надвор од светоотечкиот дух во начинот на толкување на стиховите. Толкувањето повеќе му личи на прераскажување на кажаното во стихот, без притоа да се долови подлабока мисла од стихот, која најчесто е повеќеслојна а не рамна , мазна и рационална.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom