Куклица - македонскиот Стоунхенџ

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.223
Поени од реакции
34.514
Легендата вели дека многу одамна во селото Куклица се случила голема трагедија. Момчето, во кое една девојка била бескрајно вљубена, се оженило со друга, поради што разочараната девојка ги проколнала младенците. Кога дошол свадбениот ден, навидум се било во ред: се собрале сватовите, стасале и другите гости, веселбата почнала. Во моментот кога младенците се бакнале, клетвата се остварила и сите свадбари се скамениле. Скаменетите свадбари и денес сведочат за гневот и за болката на несреќната девојка.

Селаните го викаат местото "Весела свадба" зашто сватовите останале насмеани, а младенците се скамениле во нежна прегратка. Поради овие скаменети "кукли", и местото го добило своето име - Куклица.

На локалитетот има околу 140 кукли!
Со малку фантазија, секој посетител може да си ги дополни празнините во приказната, бидејќи не се знае што се случило со девојката што ја фрлила клетвата. Мештаните раскажуваат дека нивните предци се обиделе да ја растурат клетвата на вљубената девојка, но не успеале.
Научниците, пак, велат дека камените фигури се создале пред 10 милиони години, кога се уште немало луѓе на планетата. Вертикалната ерозија на вулканските карпи создала "кукли" повисоки од десет метри, кои и денес доминираат во питомата околина. Со тек на времето природата од нив извајала ретки ремек-дела.
Како и да е, ваква "свадба" нема никаде на светот и ова место е заштитено од Агенцијата за природни реткости при Министерството за животна средина. Нешто слично има само во Србија, во местото Ѓавоља Варош.
Локалното население кажува дека на секои 5 до 6 години, и во Горно и во Долно маало, двата локалитета што се поделени со еден рид, никнува по една нова фигура. "Највпечатливи се невестата и младоженецот, кои се придружени од деверот и деверицата. Тие се најголеми и се гледаат еден со друг в очи", кажуваат селаните.
 
Член од
30 септември 2009
Мислења
79
Поени од реакции
6
Може некој да ми даде локација на Google Maps или некоја друга Македонска мапа за ова Преубаво место ?
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Прекрасни ремек дела на природата. Ги ставам во мојата приватна „мust see“ во Македонија.
Околината околу ова ремек дело е одлична за голф терени и спа центри.А тоа е прекрасен начин да се привлечат добро ситуирани господа од Балканот и Европа на краток одмор или бизнис средби. Се надевам идеава ќе започне некој да ја реализира.:smir:
-Кратово ... доаѓам :back:
 
Член од
15 октомври 2009
Мислења
822
Поени од реакции
291
Местото е многу убаво , сум бил таму на ексурзија, ако одиш со автобусот има 3 ипол километри да пешачис и 3 ипол за назад.Со кола е проодно мислам, иначе ова место се наоѓа близу крива паланка.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
споредбава ама ептен нее на место ова е дело на природата а стоунхенџ е човечко дело
 
Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
Овдека сум бил од 1998-ма. Тогаш и небеше познато местото немаше ни пат до куклите. И секоја година идам тамо по 3-4 дена. Запознав и некои луѓе стари над 80 години. Некои од нив сеуште се живи, и идам сега највише ради нив. Дедо Стојан на едната страна од куклица, другите 5км подалеку ,Дедо Владе е лик кој подсеќа на Мерлин од цртаниот филм “Артур“ со бела брада и бела коса, крупни плави очи. И со нив седам и пиеме по некоја шљивова зашто они тамо од сливи прават ракија, нема грозје... само сливи. Им носам нешто благо, а некад и скара правам. Секоја година, идам сам, а немам апарат да сликам. А знам дека еден ден ке отидам и ке ги нема.
 
Член од
10 април 2011
Мислења
39
Поени од реакции
88
Hello, I plan to visit Kuklica during my summer holidays and I have some questions about it.
1. If I understand right I must go to Kuklica from Ketenovo (I will trip by car). Must I park my car in Ketenovo or I can go close by Kuklica?
2. How much time (two, three or more hours) I need to go to Kuklica from the parking place of my car and to see it?
Thanks for reply in advance.
 
Hello Vladimir,

It's very hard to get to Kuklica. The road is not very "tourist-friendly", and as far as I can remember there was a ruined bridge on the way to Kuklica....

Photo:

Some people say that the bridge is now restored, but still, I think that you won't be able to make it without the help of a local guide.
 
thanks
 
Anyhow I will try to go to Kuklica and I have two questions.
1. 1. I need hotel near Kuklica because I will arrive at the evening and I will travel with my family (2 children, 9 and 13 years old). So I think that I will be able to search the hotel in Kratovo. Am I right? Maybe you can recommend the hotel near Kuklica.
2. 2. Is the best way to Kuklica from Ketenovo or from Stracin and how many km?
 
I really don't know the answer to these questions, but I'll try to get the info and eventually post in this thread.

Ако некој знае да му препорача хотел во близина на Куклица на Владимир, нека повели со одговор.
Исто така, прашува кој е подобриот пат до Куклица: од Кетеново или Страцин, и колку километри има?
 
I found the hotel in Kratovo.
HOTEL KRATIS
Goce Delcev bb, KRATOVO (КРАТОВО) Tel : +389 31 481 201
 
Kajgana Shop

На врв Bottom