Крушата под круша паѓа...дали?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Нормално дека има многу влијание, зашто сепак влијанието и воспитувањето на родителот многу се важни при развојот на детето. Сепак, не мора да значи дека ќе бидат лика и прилика или дека ќе бидат комплетно карактерно исти. Тоа е веќе глупост. Секој човек си е по нешто уникатен и не е копија на никој друг. Секој човек е оригинал, а не копија.
 
Член од
11 декември 2007
Мислења
116
Поени од реакции
2
Нормално дека има многу влијание, зашто сепак влијанието и воспитувањето на родителот многу се важни при развојот на детето. Сепак, не мора да значи дека ќе бидат лика и прилика или дека ќе бидат комплетно карактерно исти. Тоа е веќе глупост. Секој човек си е по нешто уникатен и не е копија на никој друг. Секој човек е оригинал, а не копија.
точно, и јас така гледам на темава.

секој човек размислува сосема различно од наредниот.. но не е дека не превзема особини од околината.. човек не се раѓа со развиен карактер и особини, мора да има на што да се огледува додека не изгради свој стил, но сепак некои од тие особини остануваат, па така се појавила и изреката.
 
Член од
27 февруари 2009
Мислења
35
Поени од реакции
5
Сигурно дека е точно. Секој ден се повеќе и повеќе се уверувам во тоа, гледајќи ги луѓето што ги познавам и нивните деца, а најмногу споредувајќи се со моите родители.
Човекот можеби се раѓа како tabula rasa но и гените имаат МНОГУ ГОЛЕМА улога во натамошното пишување на таа хартија.
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Секако дека Паѓа
Секако дека ова ќе ти биде последен ваков пост.
Ти ги пратам репликите и последните пет во подфорумот Општи муабети се, да, да се разбира, секако дека да, секако дека паѓа, да. Или сврзувај реченици и среди ги своите постови да личат на нешто или истите ќе ти ги бришам.
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Абе паѓа крушата под круша ама па од друга страна..
Ние сме микс на две претходни индивидуи што биле микс на други две а од тие две секоја на други две и тако даље нели.. Е сеа.. Да речеме крушата под круша паѓа али ако крушата се замотка со јаболко и плус на сето тоа новосоздадената единка кога ќе му додаде свој микс се добива овошна салата а не круша.. Можеби до некаде крушата или рецимо јаболкото преовладува.. Ама тоа сепак си останува една овошна салата. Ако ете преовладува крушата.. Наредната новосоздадена единка повторно ќе биде некој микс во кој ќе преовладува крушата но како што реков микс.. Не е чисто овошје..
Тоест сакав да кажам.. Да - Ние наликуваме на предците но имаме и некој свој, нов за нашата фамилија шмек што е како надоградба на сите претходни и што прави да се разликуваме од нив. И секоја генерација така се раѓа со нешто плус или можеби понатака го оформува тоа не е битно.. Битно во никој случај неможе ќерката да е иста ко мајката целосно ни психички ни физички.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.123
Поени од реакции
25.578
Начелно е така, ДНК-та си го прави своето, ама со оглед на тоа што има многу калемења и од врба грозје да излезе не би ме зачудило. Се зависи од домашното воспитување, образованието, индивидуалниот карактер и стекнатите животни искуствата.
 

Sally

Paranoid android
Член од
22 август 2008
Мислења
1.279
Поени од реакции
170
Многумина од нас знаат за старата поговорка: Крушата под круша паѓа... Или како што некој милуваат да кажат: Каков татко, таков син. Каква мајка, таква ќерка.
Колку вие сметате дека е ова вистина?
Дали навистина секогаш крушата под круша паѓа, или пак се случува да се стркала малку подалеку од стеблото, и да отиде некаде подалеку?
Денес кога по улица ќе помине некое девојче облечено несоодветно за своите години, постарите лица често знаат да речат: Ах, не е ни чудо. Мајка и` во наше време не беше нешто подобра.
Често луѓето оваа поговорка ја земаат за пример. Лично според мене, не секогаш е ова точно. Сите ние сме по нешто слични на мајките, татковците, или нешто подалеку од нив, бабите и дедовците. Но не може ниедно суштество, да биде бледа копија на својот предок. Мора по некоја своја особина, маана или доблест да биде оригинален за себе.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Не се согласувам со изрекава во целост. Ако се користи за деца кои за некои постапки се слични со барем еден од родителите, што е со другите постапки? Точно е тоа дека воспитувањето игра улога во развивањето на личноста, но сепак индивидуалното искуство не` прави она што сме. Има доста фактори што влијаат врз оформувањето на табиетот на еден човек, не се само родителите во игра.
 

DANTE

Gym instructor.
Член од
22 март 2006
Мислења
1.318
Поени од реакции
366
се согласувам. ама буквално сум ист како татко ми :)
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.516
Поени од реакции
8.226
немора да значи дека ако си наследил една особина од татко ти дека крушата под круша паѓа...
инаку јас знам да потценувам, тоа сум го наследил од татко ми...
 
Член од
19 јуни 2007
Мислења
3.422
Поени од реакции
116
Па понекогаш оваа теорија држи вода, но многу често ова не е точно.

Пример е една моја другарка чии родители се многу учени и видни луѓе во државава, брат и е многу успешен студент, а таа е црната овца во фамилијата и оценките и се каша попара.

Има и случаеви каде што син/ќерка на „пропалици“ постигнува голем успех во својот живот и потоа станува видно лице во општествениот живот. :)
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.975
Поени од реакции
8.650
Во минатото крушата паѓала под круша, мегутоа денес ветрот е многу силен и има можност крушата да падне и под праска,јаболка,вишна,цреша,орев,бадем,портокал,кајсија,јапонско јаболко, итн
 
М

Мрак

Гостин
Не бе.Во мој случај не.На пр еве музика.Татко ми слушал Мајкл Џексон,Мадона,Дјуран Дјуран.Мајка ми слушала ГНР,Ајрон Мејдн.Јас слушам рап:)
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Не бе.Во мој случај не.На пр еве музика.Татко ми слушал Мајкл Џексон,Мадона,Дјуран Дјуран.Мајка ми слушала ГНР,Ајрон Мејдн.Јас слушам рап:)
Ех, не мислев на тоа... Поентата на темата е карактерот, особините, начинот на размислување.
Музиката е веќе прашање на вкус.:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom