Крушата под круша паѓа...дали?

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Многумина од нас знаат за старата поговорка: Крушата под круша паѓа... Или како што некој милуваат да кажат: Каков татко, таков син. Каква мајка, таква ќерка.
Колку вие сметате дека е ова вистина?
Дали навистина секогаш крушата под круша паѓа, или пак се случува да се стркала малку подалеку од стеблото, и да отиде некаде подалеку?

Би сакал да чујам малку подлабоки размислувања, а не во стилот:
Да не било вистина, немало така да кажат постарите.

Мојата лична филозофија во однос на темава е доста интересна. Сметам дека секој е засебна индивидуа, и дека скоро никогаш никој не останува да биде она што бил тој пред него. Сметам дека не секогаш крушата под круша паѓа. Со еден збор, верувам во разликите помеѓу работите. Знам дека не е исто некој пред тебе да бил едно, а ти знаејќи дека си преодреден за тоа, да бидеш нешто друго.
Сепак, крушата каде и да падне, или се стркала, секогаш ќе си биде круша. А како таква, ќе очекува оние круши кои ќе паднат од стеблото чиј зачеток била таа, да бидат исти како неа.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.138
Поени од реакции
163
Vo prirodata ne postojat dve skroz isti nesta pa taka i "krusite" kolku i da se slicni edna so druga sepak postoi nekakva razlika megju niv.Nitu edna kerka ne e celosna kopija na majkata, moze da ima premnogu slicnosti megju niv no nikogas nema da bidat celosno isti ni psihicki ni fizicki. Megutoa ne moze ni skroz razlicni da bidat, ako majkata e visoka ne moze kjerkata da bide dzudze, ako majkata e emotivna osoba ne moze kerkata da bide krajno bezcustvitelo sustestvo.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Многумина од нас знаат за старата поговорка: Крушата под круша паѓа... Или како што некој милуваат да кажат: Каков татко, таков син. Каква мајка, таква ќерка.
Колку вие сметате дека е ова вистина?
Дали навистина секогаш крушата под круша паѓа, или пак се случува да се стркала малку подалеку од стеблото, и да отиде некаде подалеку?

Би сакал да чујам малку подлабоки размислувања, а не во стилот:
Да не било вистина, немало така да кажат постарите.

Мојата лична филозофија во однос на темава е доста интересна. Сметам дека секој е засебна индивидуа, и дека скоро никогаш никој не останува да биде она што бил тој пред него. Сметам дека не секогаш крушата под круша паѓа. Со еден збор, верувам во разликите помеѓу работите. Знам дека не е исто некој пред тебе да бил едно, а ти знаејќи дека си преодреден за тоа, да бидеш нешто друго.
Сепак, крушата каде и да падне, или се стркала, секогаш ќе си биде круша. А како таква, ќе очекува оние круши кои ќе паднат од стеблото чиј зачеток била таа, да бидат исти како неа.
па...хмм..не сум размислил за ова...
епа вака...детото се раѓа како “плод“ на љубовта на двата родитела, мајката и таткото...така да генот, сакаш нејкеш, ке го наследиш...е сеа, не секогаш ги наследуваме гените од нашите татковци и мајки, некогаш повеќе се прикажуваат гените на нашите дедовци, баби, прадедовци, прабаби...т.е. скриени гени....така да, врти сучи, крушата под круша паѓа, само фората е од која висина ќе падне :)
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Само еден е оригинал другите се верни копии.Сосема е нормално и природно децата да имаат исти карактеристики било физички или психички како нивните родители.Затоа и се викаат гени и често пати за некоја постапка на детето знаат да кажат "не е оно криво гени се во прашање ".Сепак сметам дека секоја личност си е за себе.Точно е дека гените имаат влијание но не се пресудни за крушата баш да падне под круша..може и далеку од стеблото да отиде...
 
Б

Бат Елохим

Гостин
па...хмм..не сум размислил за ова...
епа вака...детото се раѓа како “плод“ на љубовта на двата родитела, мајката и таткото...така да генот, сакаш нејкеш, ке го наследиш...е сеа, не секогаш ги наследуваме гените од нашите татковци и мајки, некогаш повеќе се прикажуваат гените на нашите дедовци, баби, прадедовци, прабаби...т.е. скриени гени....така да, врти сучи, крушата под круша паѓа, само фората е од која висина ќе падне :)
генот да, ама карактерот на пример, не е предодреден генетски. ние, нашите карактери, гледиштата, се наш производ, производ на ситуации во кои сме биле, лични искуства и такви ми ти работи.
можеби изгледа точно, крушата под круша паѓа, ама не за мене.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
генот да, ама карактерот на пример, не е предодреден генетски. ние, нашите карактери, гледиштата, се наш производ, производ на ситуации во кои сме биле, лични искуства и такви ми ти работи.
можеби изгледа точно, крушата под круша паѓа, ама не за мене.
гледиштата се до мозокот, тоа нема везе со паѓањето од крушата :) а карактерот мислам дека е до воспитувањето...така да...
 
Б

Бат Елохим

Гостин
гледиштата се до мозокот, тоа нема везе со паѓањето од крушата :) а карактерот мислам дека е до воспитувањето...така да...
карактерот на човекот се оформува многу подолго од фазата на воспитување која е најделотворна некаде до 6-7 годишна возраст.
Со воспитувањето на детето не му го градиш карактерот....ама дефинитивно родителите треба да му помогнат на детето да се пронајде себе си....ама подоцна, влијанието на родителите е премногу мало, а животот станува се потежок... (на некои 12, 13, 14 години) кога уствари се соочуваме со божемски битни животни проблеми, родителите најчесто само ни сметаат и не не разбираат, се јавува јаз....а карактерот е во ек на полна градба.
Затоа верувам дека порано од таа возраст родителите ни помогнале да ги поставиме стандардите, ама карактерот како финален производ е наш.:smir:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Сите носиме психофизички карактеристики и предиспозиции од предците, но секој е уметник и различно ќе ги помеша боите. Сите носиме и црно и бело, само што некој повеќе го развива црното, а некој белото. Така што предиспозициите и ,,крушарлукот" не мораат да значат ништо. Сепак, семејството е едно од нештата кои дефинитивно не можеш да ги бираш. Тука ја гледам коинциденцијата во животот. Наследните особини се нашите делови од сложувалката која сами понатаму ја спојуваме, а може да даде милион слики. Тие слики се она што останува-нашите дела.
 

*pumpkin*

addicted to blue
Член од
28 август 2008
Мислења
716
Поени од реакции
23
основата во се ја добиваме од родителите, значи начиот на живот, карактерот, физичките карактерисити, се е тоа резултат на она што по генетски пат или пак преку воспитувањето го добиваме од родителите, но начинот на кој таа основа ќе се развива зависи од нас самите, нашите амбиции,индивидуалноста и независноста, па затоа се вели дека крушата под круша паѓа бидејќи секој во севе носи дел и наликува на своите родители, некој помалку а некој повеќе.
 

m.marko21

-STR8-
Член од
16 мај 2008
Мислења
1.177
Поени од реакции
75
Најголемото воспитување го добиваме од нив така да голема е веројатноста да имаме некои нивни карактеристики и да ги имитираме некои нивни стапки, но како што кажавте секое човечко битие е различно едно од друго и никогаш нема да биде клон со друг,но сепак не го одрекувам и тоа што голема е поврзаноста татко-син, мајка-ќерка од лично искуство.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Многумина од нас знаат за старата поговорка: Крушата под круша паѓа... Или како што некој милуваат да кажат: Каков татко, таков син. Каква мајка, таква ќерка.
Колку вие сметате дека е ова вистина?
Дали навистина секогаш крушата под круша паѓа, или пак се случува да се стркала малку подалеку од стеблото, и да отиде некаде подалеку?

Би сакал да чујам малку подлабоки размислувања, а не во стилот:
Да не било вистина, немало така да кажат постарите.

Мојата лична филозофија во однос на темава е доста интересна. Сметам дека секој е засебна индивидуа, и дека скоро никогаш никој не останува да биде она што бил тој пред него. Сметам дека не секогаш крушата под круша паѓа. Со еден збор, верувам во разликите помеѓу работите. Знам дека не е исто некој пред тебе да бил едно, а ти знаејќи дека си преодреден за тоа, да бидеш нешто друго.
Сепак, крушата каде и да падне, или се стркала, секогаш ќе си биде круша. А како таква, ќе очекува оние круши кои ќе паднат од стеблото чиј зачеток била таа, да бидат исти како неа.
Не секогаш, но најчесто да!
Детето е бел лист хартија! А на него пишуваат најмногу родителите (надежно) па така да додека се оформуваме како личност се учиме од нив. Добро скоро се. Ова многу убаво се гледа во пракса, еве ко што гледам девојките во друштво што ми се, сите заличуваат се повеќе на своите мајки, а најмногу оние кои што и не си ги сакаат или ги ценат баш.

Крвта не е вода! Така да кај проработела генетиката, а секаде проработела нема утка.

И еве јас водена од овие две изреки мислам дека и колку да сме ние индивидуи, пак носиме голем дел од фамилијата. Од ова не треба да се срамиме туку да се гордееме.

Па како што викаат христијаните и гревовите ги носиме од нашите дедовци (со ова баш не се согласувам), али ете тоа ти е.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Крушата под круша паѓа, па може и да се стркала, па може и да продолжи да се тркала и да стигне до другиот крај на падината, па може некој да и помогне и да ја пренесе на место каде што ќе има подобри услови од татковите...но, како и да е, кога ќе и направиме напречен пресек и ќе погледнеме длабоко во внатрешноста на навидум различната круша, ќе видиме дека семката е иста, сортата е таа. Значи како и да го вртиме муабетот, факт е дека гените се веќе во нас и колку и да сме различни на некој начин сепак сме слични. За обичните видливи и секојдневни нешта сметам дека сепак е индивидуална работа и зависи од личниот избор, но оние суштински генски нешта се максимално одсликани да не речам фотокопирани на нас.
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
True, true... и EKG-то го потврди тоа.
 

Smile=)

културно-вулгарна
Член од
13 октомври 2008
Мислења
510
Поени од реакции
27
Хмм... Би рекла да.Човекот се раѓа како tabula rasa и многу зависи основното воспитување. Секој од нас ги гледал родителите како пример, и се обидувал да стане сличен на нив..и носи по некоја карактеристика од нив колку и да сакаме да го негираме тоа..:toe:
 
Член од
22 септември 2008
Мислења
185
Поени од реакции
4
Многумина од нас знаат за старата поговорка: Крушата под круша паѓа... Или како што некој милуваат да кажат: Каков татко, таков син. Каква мајка, таква ќерка.
Taka e!!! ama i edno drugo em suto em bode
 

Kajgana Shop

На врв Bottom