Кругови низ полиња во Штипско

El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
942
Вонземско дело или ... ?

„Летам од 2004-та и сум летал над цела Македонија. Никогаш не сум видел ништо слично! Ова е снимено за време на пробен лет над Крабинци, штипско, во саботата на 1-ви јули 2012“, вели корисникот кој го постави видеото на YouTube.


Дали некој од тој предел знае нешто повеќе околу ова и има информации од прва рака ?
Извор: Кајгана

п.с молба до модератаор за соодветна поправка на насловот на темата ...
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.185
Поени од реакции
34.416
Навистина интересно. Премногу комплексна фигура за да ја направи некој селанец, или сам параглајдеристот... И за ова, претпоставувам би му требало долго, долго време да чепка по туѓа нива.

Ќе ми објасниш што е со вторава видео анимација и зошто е во темава?
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Не им се погодил калапот на вонземјаните,некако криво му испаднала.
 
В

влијателен

Гостин
Се гледа дека е косено, не е газено. Со кој памет некој губел време за да го прави ова? Со која цел? За да има посетеност на јутјуб? Не гледам пологична причина. Освен ако не е промоција за нешто. Во спротивно е само играње и губење време.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.873
Искосил ја сопственикот инаку како светот ќе знае дека има нива? Се фали :P :D
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Искосил ја сопственикот инаку како светот ќе знае дека има нива? Се фали :P :D
Мхм. Секој земјоделец од штипско, знае да направи вакви форми у нива. Тоа се пренесува од колено на колено. Со магаре може да се направи ова, самото си иде тоа и си прави вакви форми.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Абе тоа се другарите на Мики Ли Трајчевски од кога он тврдеше дека има вонземјани, сега му докажа на цел Штип. Треба да се побара он да даде изјава..
Викаше дека комуницира и ќе ги донесе еден ден. :cenzura:

Фејк, не фејк од секогаш ми било интересно тоа цртањето во полињата. :)
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.747
Поени од реакции
9.874
Редно беше и нас вонземјани да не посетат..а не само Британија и Америка..:P
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Прво и прво, тема за crop circles има одамна... второ, не изигрувајте умни глави, знаеме дека сте таленти.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.873
Добро секаде пишува мистериозно видео со сомнително потекло, дали има вест дека некој бил на местото да се увери дека е вистина и дали сопственикот знаел? Или да го барам Мики Ли да објасни што е тоа. :icon_lol:
Ме мрзи да одам да видам инаку 8 км е далеку од кај мене барем да се сликам со тоа додека не го искосат целосно да мислат дека сум вонземјанец. :P :pos: :D
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.185
Поени од реакции
34.416
Ме мрзи да одам да видам инаку 8 км е далеку од кај мене барем да се сликам со тоа додека не го искосат целосно да мислат дека сум вонземјанец. :P :pos: :D
Де бе, за 10 минути си таму... Оди да видиш дали е вистина таму и дај фотки од земја, да видиме дали е косена или виткана тревата (житото), исто така - дали воопшто постои.
 
S

Sagan

Гостин
За да се напрај ова ти треба да си имал барем двојче по геометрија у шесто.
 
М

Мартин`

Гостин
Слабо им пушти јачменот годинава на Штипјани и не им се исплаќа да жнеат па некој со премногу слободно време изгледа и креативен решил да искоси еден дел и потоа да го снима за посети на јутуб :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom