Кронова болест?

Член од
31 март 2008
Мислења
2.505
Поени од реакции
1.725
Чекај де, тазе си ти, има време дур да те изеде болеста. Жал ми е ако сурово звучам ама вистината е таа, нема што да ти мачкам очи.

И да, не смееш луто. Било што луто, вклучувајќи 80% од сосовите на светот, а сосовите се клучен дел за скоро секое јадење.
Не смееш грав, ниту пак било кој мешункаст зеленчук што има кожичка. Грашок, боранија и слично...
Не смееш млеко сега за сега, а за година-две нема да смееш ни млечни производи, вклучувајќи сирења, пудинзи..
Ќе ти забранат и јатки ако веќе не ти забраниле. Ореви, бадеми - ништо од тоа.
Ќе ти забранат исто така и семенца и нивни производи, како што е сончоглед и негово масло. Сусамот е веќе табу за тебе, тоа ни во сон немој да го консумираш.

Кога болеста ќе земе замав, помалку или повеќе ќе бидеш на бајат леб (никако тазе), бистри супи процедени од тестенини, лиснат зеленчук но никако со долги влакна (нема зелка, моркови, тиква) а истото важи и за овошја со влакна. Банани, киви, јаболка, портокали и слично. Нема ни јаготки ниту пак боровинки и слични онакви зрнести шумски овошја. Нема ни храна што создава гасови, поради ова ти е забранет гравот но во таква храна спаѓа и кромидот. Никаква пржена храна не смееш, а од месо само пилешки гради (без масно ткиво) и само ако е добро проварено без зачини.

Е сега удри му математика што смееш да јадеш... Пире од компири правено со вода, мед, бајат бел леб без зрнца, без сусам и поретко варено стекче.

Со други зборови, you're fucked. Мој совет ти е, внимавај на исхраната дур можеш а чим почувствуваш дека станува неподносливо, одма на операција. Знам дека звучи страшно ама ќе си купиш 7-8 години мир по операцијата. Подобро средна диета со операција од што да гладуваш и да се сториш костур.

Јас бидејќи сум тврдоглав, арогантен, на моменти сум убеден дека сум најпаметен и секогаш одам по некаква своја логика, решив да пристапам поинаку на мојата ситуација - едноставно си ги спржив цревата комплетно со се што ми беше забрането (алкохол, газирани пијалоци, пржена и многу зачинета храна - се пропратено со многу анестетици ) дур не отрпнаа од болка, веќе не чувствувам болка ама лошата страна е што нема бегање, сакал-неќел морам на операција. Нешто како екстремен спорт му доаѓа тоа, или плукање во фаца на смртта, како повеќе љубиш

ти збориш за некоја потешка форма на крон, јас за среќа не сум таму. мојот крон е добиен од недобро извршена операција на дебело црево, бидејќи имав предходно улцерозен колит од 12 години.

на 19 правев операција, после 6 месеца пак, за да се отстрани стомата, и после некој месец, бидејќи останало болно место, се направил пак чир, преку кој се направила и фистулата.

се мачев во мкд некое време, година дена, но сосема случајно налетавме на човек со крон, кој се лечел во франција. он имаше стеснување на цревата и болка во стомак, значи друг тип на крон.

отидовме, ми ја открија болеста ( во мкд не знаеја оти имам крон, дури ни хируургот што ме испосече, даде друга дијагноза ).

сега во франција примам ремикаде, примив веќе 5 дози. ремикадето ме дигна. предходно бев закован во кревет до вц едвај станував.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Кроновата болест во иднина најверојатно ќе се лекува успешно со матични клетки од папочно-плацентната крв и ѕидот на папочната врвца...Последно што бев информирана дека сето тоа е сеуште во фаза на експериментални и клинички студии и не сум сигурна дали се одвива како стандардна процедура во некои од западните земји...
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.505
Поени од реакции
1.725
Кроновата болест во иднина најверојатно ќе се лекува успешно со матични клетки од папочно-плацентната крв и ѕидот на папочната врвца...Последно што бев информирана дека сето тоа е сеуште во фаза на експериментални и клинички студии и не сум сигурна дали се одвива како стандардна процедура во некои од западните земји...
уште е експериментално, прашав за ова. ако се најде лек, супер ќе биде.
 
Член од
16 април 2012
Мислења
333
Поени од реакции
217
Со дијагноза Крон сум од летово, оттогаш минус 6-7 кг. Откако ја потсредив исхраната немам некои посебни проблеми, ама уште сум релативно тазе.
Повеќе среќа нареден живот :)
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.505
Поени од реакции
1.725
Со дијагноза Крон сум од летово, оттогаш минус 6-7 кг. Откако ја потсредив исхраната немам некои посебни проблеми, ама уште сум релативно тазе.
Повеќе среќа нареден живот :)
каков крон имаш? шо мака ти прави?
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482
може да се живете со болеста,со средена диета без да губиш килажа :)?Или све е прашање на време колку ќе издржиш..
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
може да се живете со болеста,со средена диета без да губиш килажа :)?Или све е прашање на време колку ќе издржиш..
Секој губи тежина и тоа во првите година-две од болеста. Финтата е што во тие години болката не е толку страшна оти цревото не е многу уништено. Само во ретки случаи цревото се уништува во првите 2-3 години, кај повеќето други подоцна се уништува, со време. Како што цревото се уништува, така болките се интензивираат. Кога стомак те боли логично, не ти е до јадење, губиш апетит. Плус, кога по секое залаче храна добиваш силни болки, самиот мозок одбива храна инстинктивно, како што мозокот ти ја трга раката од врел шпорет на пример.

Контрола на болеста може да се направи краткорочно со стероиди но тие имаат повеќе штетни својства отколку позитивни. Многу од нив се канцерогени или предизвикуваат некроза на ткиво. Терапијата е проследена со имуносупресиви, па имуниот систем ќе ти биде сведен на нула. Дури и грипот може да биде смртоносен па дур ја добиваш терапијата ќе треба да си во стаклено ѕвоно што се вика, секоја инфекција е многу опасна кога имуниот систем е исклучен.

Секако, бидејќи терапијата смее да се зема само привремено а истата не ја запира болеста туку ја успорува, порано или подоцна ќе мора терапијата да се прекине и тогаш болеста пак зема замав. Каде и да е, кај сите доаѓа време за операција каде што инфицираниот дел од цревото ќе ти го отсечат и ќе ти го преспојат. Со други зборови, цревото ќе ти се скрати. После тоа следат неколку години благосостојба, кај некои 3-4 години, кај некои 20-тина, се зависи од човек до човек. Едно е сигурно - болеста ќе се врати, кога и да е. Тогаш пак низ истата процедура минуваш пак. Терапија > пауза > терапија > пауза, и така дур пак не дојде времето за операција.

Проблемот е што немаме неограничена количина на цревото.. Кога нема да има што да се скрати, game over. Исто така, со секое скратување на цревото се намалува неговата способност да апсорбира течности и хранливи материи, па затоа пациентот мора да пие повеќе течности и да јаде поголема количина на храна само за да ја одржи тежината. Столицата исто така е потечна, па после 2-3 операции веќе нема баш многу шанси за нормален живот, барем не по мои критериуми, кога не можеш да истрчаш 50 метри без да си ги извалкаш гаќите.
 
Член од
23 април 2013
Мислења
1
Поени од реакции
0
Дали може некој да каже кој е најдобар лекар во Македонија за Коронова болест?
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.505
Поени од реакции
1.725
Дали може некој да каже кој е најдобар лекар во Македонија за Коронова болест?
тоа прашање зависи од тоа каков успех имал пациентот. некои викат мишевска, некои дерибан, некои василевски...
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Дали може некој да каже кој е најдобар лекар во Македонија за Коронова болест?
Мајка ми последен пат ја прегледуваше др. Аврамовски, јас сум задоволна од него бидејќи неколку пати темелно објаснуваше што и како и посветува доста време на пациентите.
 

DB.

Член од
23 септември 2005
Мислења
173
Поени од реакции
330
Има надеж за лек за болеста наскоро или тешко? :) Гледам нешто Crohn's MAP Vaccine ама не ми делува многу веродостојно дека ќе биди успешно...

Иначе имам Кроново болест од 15-16 години, седум години бев во ремисија но еве веќе неколку месеци имам страшни болки, дијареа и повраќање ослабев 25-6 кила.. После терапијата со кортикостеориди направив гастроскопија и колоноскопија и нема активни улцерации но има псевдополипи, од кои едниот на тенкото црево кој веројатно прави оопструкција и ќе треба да се правам операција за да се отстрани... Има некој искуство со псевдополипи и ваков вид на операција? Дали се опасни, дали е опасна операцијата и сл.. Иако нема улцерации состојбата воопшто не ми е подобрена имам болка, повраќање и дијареа дури повеќе од пред да почнам со терапијата...

Ако има некој совет за полесно справување со болеста е добредојден да го сподели :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom