Критериуми за вреднување добра книга

Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
Низ форумов на теми во врска со литературата честопати сретнувам некоја книга да биде окарактеризирана како добра книга, без некои посебни аргументи, само-добра книга.
Која книга е добра? На кој начин ги вреднуваме книгите пред да им дадеме квалификација дека се добри?
Дали е добра онаа книга која е мека како топол леб? Или, можеби онаа која говори со гласот на баба, како кога ни раскажуваше бајки додека бевме мали? Можеби е добра книгата која ни се обраќа со стилот на вешт додворувач и шармер?.........
Сакам да прочитам според кои критериуми ги вреднуваме книгите во категоријата добри книги. Мислења и аргументи молам!
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Ако книгата не се чита, тоа е сигурен знак дека може да е добра , и обратно ако е бестселер тоа е секако шунд, бидејќи Она што вреди не се чита, а она што се чита не вреди. (А. Шопенхауер)
 

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
Јас во добри книги ги ставам оние што едноставно не сум сакала да ги оставам,да ги испуштам од раце.Сум викала ајде уште оваа страна,уште оваа ама никако да престанам да ја читам.Односно книги кои те држат во неизвесност,едвај чекаш да прочиташ што ќе се случи следно.

Во лоши книги ги ставам тие кои ми се многу глупави па дури и скокам страни и коа ќе почнам да читам пак како ништо да не се случило т.е како воопшто да не сум прескокнала страни.Такви се книгите каде што има многу објаснувања,многу празни муабети каде во 100 страни се случува само еден поважен настан и друго се се безвезе пишувани зборови.:uvo:
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Добра книга всушност е релативен поим. Ако за мене е добра за некој друг ќе биде лоша и обратно.

Книгите што јас ги сметам за добри се оние што имаат длабока поента, за кои и после читањето уште долго ќе размислуваш, книги кои се убаво стилски обликувани и не замараат додека читаш, не се пренатрупани со безначајни ситници туку секој збор го наоѓа своето место и си има причина зошто стои таму. Уметничкото дело да изобилува со метафори, да те тера за момент да се сепнеш и да помислиш: „да, навистина е така.“
Книга со која ќе се соживееш, ќе влезеш во психологијата на ликовите и ќе ја сфатиш нивната ситуација, ќе ја почувствуваш како на свој грб, ќе те натераат да пуштиш солза, да страдаш поради нивните судбини и да ги сожалуваш, да те насмее ако има таква намера, едноставно да се поистоветиш со ликот и да „навиваш“ да успее во замисленото.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Ако ми го задржи вниманието да ја дочитам до крај тогаш е добра книга.Ако на пола читање ја метнам низ прозорец тогаш сигурно не ја бива.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Ја промашувате поентата... кој се критериумите за добра книга, за добра уметност? Што треба да поседува таа за да биде добра. Секако дека ако го задржи вашето внимание ќе ја сврстите во добри, но што ќе ве задржи?

Дали е тоа преполнетоста со метафори, дали е тоа леснотијата со која се чита, дали е тоа мрачниот стил на писателот...
Мое прашање ќе беше, кои критериуми општо сметате дека ќе направат една книга да се сврсти во квалитетна а кои во шунд? :toe:
 

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Ја промашувате поентата... кој се критериумите за добра книга, за добра уметност? Што треба да поседува таа за да биде добра. Секако дека ако го задржи вашето внимание ќе ја сврстите во добри, но што ќе ве задржи?

Дали е тоа преполнетоста со метафори, дали е тоа леснотијата со која се чита, дали е тоа мрачниот стил на писателот...
Мое прашање ќе беше, кои критериуми општо сметате дека ќе направат една книга да се сврсти во квалитетна а кои во шунд? :toe:
Мојот најважен критериум за квалитетна книга е: да ме натера да мислам. Во принцип стилот на писателот (кој нели ја диктира леснотијата на читање) не ми значи премногу. Книгите кои сум ги прочитувала во еден здив без да застанам, во принцип ги сметам за балалајки, не премногу значајни. Значајни за мене биле оние книги кај кои сум прочитувала по неколку страници, па сум прекинувала и сум се губела во сопствените размислувања околу темата и скриените значења..

Од уметност не се разбирам, жал ми е. :toe:
 

Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
Ја промашувате поентата... кој се критериумите за добра книга, за добра уметност? Што треба да поседува таа за да биде добра. Секако дека ако го задржи вашето внимание ќе ја сврстите во добри, но што ќе ве задржи?

Дали е тоа преполнетоста со метафори, дали е тоа леснотијата со која се чита, дали е тоа мрачниот стил на писателот...
Мое прашање ќе беше, кои критериуми општо сметате дека ќе направат една книга да се сврсти во квалитетна а кои во шунд? :toe:
Не ја промашуваат темата. Јас сосема свесно ја поставив така,а упатените ќе ја фатат нишката иронија во воведот, оти сакав да прочитаме како практично ги вреднуваме книгите, а не кои се критериумите за квалитетна уметничка литература според Теорија на литература.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Лоша книга- книга која ќе ме натера да ја читам мислејќи дека следното нешто што ќе го прочитам е всушност она што го барам, а на крај нема да го доживеам тоа, ќе се разочарам и изнервирам.

Добра книга- книга која ќе ме натера да ја земам истата и да не ја испуштам од раце од прочитувањето на првата па се до прочитувањето на последната нејзина реченица. Патем, истата ќе обработува одлична приказна која за момент ќе ме внесе во својот свет а потоа вечно ќе остане врежана во мојата меморија.

Одлична книга- книга која ќе ме натера да мислам, да размислувам и да се преиспитувам себеси, која ќе ми ги отвори очите и која ќе ме просветли за нештата кои се случуваат, а за кои јас посекако сум немала никаква врска.
 
Член од
22 април 2008
Мислења
142
Поени од реакции
17
Јас не знам уствари како да опишам кога како и зошто некоја книга ми е најдобра.
Имам посебен однос спрема книгите кои си ги сакам, самите ми се посебни и специјални предмети по дома, и си ги погледнувам од време на време со посебна почит. Кога ќе ја погледнам корицата ми прави онакво треперливо чувство, уууу, голиц голиц во стомак. Дури и кога ги допирам, ја чувствувам важноста нивна. Некогаш огладнувам за нив и трчам да ги земам да видам пак ’’како беше тоа?’’, а некогаш па ми е страв да ги отворам пак, да не ја скршам магијата еднаш што ме обзела.
А кога ги читам...па критериум ми е книгата да ме занесе, да се подзаборавам кај сум и што сум. Скроз да се унесам внатре, да им се сруши куќата на комшиите да не осетам ( пу пу не дај боже, де:)). со оџагарени очи, без дишење, мозоков да е 200 на саат, ...и да ја оставам на кратко на секои пола страна страна - да си се порадувам и да ја изнамислам....за пак да и’ се вратам.
Колку повеќе една книга го прави овој ефект, толку е добра.

Ова забегано звучи, а?
Ај да си легнев.:nesum:
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
486
Поени од реакции
6
Па, ако зборуваме за фикција, добра книга е таа што кажува добра приказна.

Важни се и ликовите, важен е и стилот, важен е и описот, но ако нема добра приказна за да го поткрепи сето тоа, тогаш се паѓа во вода.

Од друга страна, ако е приказната добра, дури и ако уметничката вредност не е на највисоко ниво, книгата сепак може да ти го задржи вниманието.
 
Член од
23 јануари 2008
Мислења
79
Поени од реакции
1
dobra kniga?kniga koja ke ti go zadrzi vnimanieto poveke od 10min. no sekako dobra kniga moze da bide i kniga koja prvite 30 strani gi citas so maka a potoa stanuva ekstra kniga so ekstra poraka.spored mene dobra kniga e razlicna kniga,najprvin apsurdna pa na momenti i teska ,a potoa kako sozdadena za tebe.pred se pisatelot da dopre do mene.kolku i da e razlicen da se pronajdam vo nekoj segment,i od koga ke ja procitam i poslednata strana onaka zbuneto ifascinirano da jadrzam uste 10 min vo raka a potoa euforicno da se javam kaj drugarka da ja diskutirame
se desavalo po dobri knigi da nemozam da spijam cela vecer od voznemirenost kako proizvod na citanjeto kniga :vozbud:

btw mnogu dobri knigi se rasipani i vazat za ''dosadni'' samo zatoa sto premnogu se zadrzuva pisatelot na ssitnici,opisi na nevazni stvari,pejsazi errrrrrr mrzam koa mora da preskakam strani zaso u 20 strani go tupi kako izgleala masata ili sidot
ali sekoj so svojot vkus :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom