Крими романи (Aгата Кристи)

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.959
Еве од тука може да симнете 26 книги од Агата Кристи, за жал на хрватски јазик, но сепак мислам дека вреди да се имаат во колекција.
Ги содржи следниве наслови:



Едитирано од модератор: Рапидшер линкови не се дозволени, секаква услуга од тој вид, исклучиво по приватни пораки.


Океј, ако некој ги сака нека ми се обрати по пп или на профил. :smir:
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Имам едно 4-5 романи од неа прочитано и стварно и се восхитувам.
Сега немам многу време,ама летово морам уште од неа да прочитам.
 
Член од
3 декември 2008
Мислења
78
Поени од реакции
6
Нејзините книги се многу возбудливи и одушевува неочекуваниот развој на дејството.Прекрасен креативен стил на пишување и те остава да погодуваш до самиот крај кој секогаш изненадува, што ја докажува нејзината имагинација и креативност. Особен впечаток ми оставија "Убиство во Ориент Експрес" и "Н или М".
Првиот мислам дека има и филмска адаптација. Во секој случај мора да се прочитаат-особено за оние обожавателите на интелигентни трилери.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Од денеска почнав за прв пат да читам некој нејзин роман, и се одлучив тоа да биде „Во хотелот Бертрам“. Делува интересно, сигурно ќе ми се допадне понатамошното дејство на книгата. Обожавам крими романи, досега најубави ми се на Сидни Шелдон, па ќе видиме дали Агата ќе го замени, иако не верувам =].
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
26 септември 2009
Мислења
12
Поени од реакции
0
zasto imas skepsa Apokalipso kon Agata Kristi,pa na ista sasija se site tie krimi romani
i od Arthur Conan Doyle ,Ian Fleming

citajte ja knigata od Somerset Maugham -Ashenden,toj pisatel e predvesnik na Ian Fleming
,a toj istiot bil inspiriran da go napise James Bond
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Агата Кристи е дел од посебен жанр. Тука веќе зборуваме за вкусови; ова според мене е како да дискутираме: дали Артур Кларк вреди како писател? Ако не сакаш SF, веројатноста да не ти се допадне е голема.
Замислете на некоја поетеса да и кажете дека го почитувате творештвото на Агата Кристи? Ќе добиете кисела фаца најверојатно...
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.724
гледам ја нема The Mysterious Mr Quin. Омилена ми е.
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.098
Една од најдобрите писателки на сите времиња,генијална е Агата. Секогаш мистериозна не остава без здив до последната страна. Посебно ги издвоила Десет мали црнци,Уснуло уморство(ја читав на српски) и Убиство во Ориент Експрес.
 
Член од
28 јули 2010
Мислења
179
Поени од реакции
49
Не сум љубител на крими романите. Еднаш зедов еден (дури и не се сеќавам како се викаше,знам дека беше дело на Агата Кристи) и почнав да читам. На 3 страна јас бев тотално изгубена, толку многу имиња, места и настани беа спомнати, што едноставно изгубив концентрација и појма немав шо читам понатака. И се откажав. :) Повеќе не читам крими романи. :toe:
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Агата Кристи е вистински гениј. Во секоја книга што ја имам читано ме има шетано и играно на милион начини без да бидам ни блиску до решение, и секогаш останувам со подзината уста кога ќе ми го стави решението пред очи, никогаш не се повторува, напротив користи различни трикови. Поаро и госпоѓа Марпл се едни од најдобро изградените ликови кои било кога ги имам сретнато во една книга.
Инаку да споделам еден податок со љубителите на Кристи, нејзините дела се најпродавани после Бибилијата (зборувам во светски рамки), а за време на Втора Светска Војна работејќи како медицинска сестра научила доста трикови за отрови кои ги користи во своите книги.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Не сум љубител на крими романите. Еднаш зедов еден (дури и не се сеќавам како се викаше,знам дека беше дело на Агата Кристи) и почнав да читам. На 3 страна јас бев тотално изгубена, толку многу имиња, места и настани беа спомнати, што едноставно изгубив концентрација и појма немав шо читам понатака. И се откажав. :) Повеќе не читам крими романи. :toe:
Па тоа е само во првите 5-6 страни, понатаму се повторуваат истите ликови. За "100 години самотија" да го напишеше ова ај да те разберев, ама за Агата...
 
Член од
28 јули 2010
Мислења
179
Поени од реакции
49
Па тоа е само во првите 5-6 страни, понатаму се повторуваат истите ликови. За "100 години самотија" да го напишеше ова ај да те разберев, ама за Агата...
Не е работата до Агата, до вкусот е. Едноставно не ме привлекува овој жанр. Сум пробала да читам, ама не ми е интересно и сум се откажала. И се држам до тоа.
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
556
Ја обожавам Агата Кристи, писателката од која имам прочитано највеќе книги.
Интересна ми е неизвесноста во книгите, а општо сум љубител на “расветлување на злосторства“.
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
79
Поени од реакции
5
Дали некој знае кај ја има ако воопшто ја има некаде (на Македонски) книгава: Завеса:Последниот случај на Поаро од Агата Кристи ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom