За најпопуларната писателка на крими романи...
Агата Кристи (1890 - 1976) е многу плодна британска писателка на мистериозни романи, кратки стории, креатор на Херкул Поаро (белгискиот детектив), и Мис Џејн Марпл. Кристи има напишано повеќе од 70 детективски романи под презимето на нејзиниот прв маж, Колонел Аркибалд Кристи.
Таа има издадено и неколку љубовни романи и една книга за деца. Агата Кристи е родена во Торкеј во државата Девон како ќерка на Американецот Фредерик Алва Милер и неговата жена Клариса Милер.
Нејзиниот татко починал додека таа била дете. Агата учела дома, каде што нејзината мајка ја охрабрувала да почне на пишува уште од рана возраст. На 16 години таа била испратена во едно училиште во Париз каде што учела пеење и свирење пијано. Кристи била одлична пијанистка, но нејзиниот страв од сцената и публиката и срамот ја спречиле да продолжи со музичката кариера.
Во нејзините книги, таа ретко ја споменува музиката иако нејзините детективи Поаро и Мис Марпл покажувале интерес во опера. Кога нејзината мајка ја однела Кристи во Каиро за една зима, таа таму напишала роман. Охрабрена од Еден Филипотс, сосед и пријател во Торки, таа започнала со пишувањето и издала неколку стории.
Од Википедија
Ме интересира дали некој го знае точниот број на објавени романи од нејзе?
Јас ги имам прочитано само „Убиство во Ориент - Експрес“, Убиство со огледала“ и „13 проблеми“. Навистина чудно како сите работи ги вклопува совршено. Сум слушнала дека имала некакви психички проблеми, дека халуцинирала па тоа било мотив за да пишува на такви теми. Читал некој нешто, знае нешто повеќе?