Криминалци и криминални групи во МК

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
"Како се полни буџетот на Нашата Земја"

Ликот М.Ј. (31) кој лагано си возел среде бел ден 50 кг Марихуана во ѓепек, не се ни обидел да ја скрие робата, иначе истиот би требало да биде во затвор, затоа што не било првпат да е фатен за транспортирање, а последно му било учеството во фамозниот филмски грабеж на 2,5 тона марихуана во Јосифово, од Херб Индустри Доо Струмица, инаку фирма на Заеви. Од тие 2,5 тона, наводно најдоа 200 кила во Арачиново, па демек им ги одзедоа и после им дадоа од Владата 500.000 евра неповратни пари, за справување на Општина Арачиново со пандемијата. Каков меѓународен шверц, какви приказни, штом им требаат пари на овие од врвот има голема заплена на марихуана, ни мексичките картели, абер немаат колку ја бива оваа Влада за работа со дрога.
П.С. Скроз случајно осум пати по ред на иста локација фаќаат голема килажа на марихуана, каде е запленетата марихуана... Откако се дојдени на власт, сте слушнале ли на вести Мвр нешто да запалат... Ова е тоа што новинариве и медиумите во Македонија, немаат храброст ни да помислат да го истражат и објават, само објавуваат фејк сценарија како што ќе им се каже.

ФОТО | Запленета дрога во вредност од околу 200 000 евра, пресечен меѓународен транспорт од Албанија за Грција
Vecer | 21.10.2021

 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Нешто околу ова?

 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
Една информација што дојде од близок круг на Франкфурт Мафија

Во Декември 2010, кога се случува Диригент 1, и кога му влегле специјалци дома на Зоран Манасков Скршениот, ги пречекал легнат на кауч и со провокации во контекст "Ајде бе влезете, знаев дека ќе дојдете", сакал да укаже дека му е најавено апсењето. Една од приказните како настанала акцијата Диригент е дека Франкфурт Мафијата одбила да биде рекетирана, што овој наслов т.е. изјава во судница тоа и го поткрепува.

Обвинетите во „Франкфурт мафија“ до судијата: Радникот и Мијалков ти ја напишаа пресудата!

„Она што го напишал „Радникот“ или Мијалков, вие само го прочитавте“. Со овие зборови еден од обвинетите во случајот „Франкфуртска мафија“ на денешното изрекување на пресудата ги собра аплаузите на останатите обвинети.

Кружеа муабети и дека тројното убиство во "Биг Фиш" во Септември 2010, три месеци пред Диригент, всушност било од рекет (лежење затвор) паника, а не поради лихварски долг и закани. Луѓе што се бавеа службено со случајот рекле дека, Јордан Јорданов Ркулот бил погоден дијагонално во грб, а полицаецот Владо Милошев бил унаказен во глава, Влатко Андреевски само 2 куршума, еден во дланка и еден во вратот од кој подоцна починал во болница. Тони Денковски го паметат како вечно незгоден тип, наводно едвај чекале Франкфуртџииве да го пикнат во затвор на зезање, чекале момент да му наместат нешто како причина. Извесен период пред убиството Ркулот и Скршениот имале недоразбирања и мирно не биле во добри односи, исто така кратот период пред убиството, Ркулот се движел низ градот со телохранител, поточно со Горан Ангелов Ќосето, зошто имал потреба од обезбедување пред да биде убиен, лик кој не бил никогаш проблематичен станува интересно прашање. Генерално гледано најверојатно и Ркулот и Скршениот одбиле да им платат рекет на Мијалков и Радникот, но секој на свој начин си платил подоцна со беља на своја глава. Се зборуваше дека контактите на Скршениот со ДПМНЕ му ветиле дека ќе излезе од затвор и дека чекал од нив некои докази дека е невин, па откога се тоа пропаднало, застанал на страна на СДСМ што и му се исплатило, кога дојдоа на власт го извадија од затвор порано и тогаш веднаш го завземал Велес со растурање на секаква дрога, а сагата се одвивала се уште.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
Нема ден да нема глупост... Пропаднати крими тури за сериозен криминал без некое посебно криење дека државата стои зад тоа. Владава забрзано собира пари за нешто, баш ќе биде интересен периодов што следи.

ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ И АЛКОХОЛ СПАКУВАН ВО ДИПЛОМАТСКАТА ПОШТА НА МНР Порталот МКД открива нов скандал

Порталот МКД пишува дека ова не е единствен случај и дека станува збор за разработен канал на извесна група во која има инволвирано лица од МНР, со цел шверцот на акцизни стоки да биде прикриен со „дипломатски имунитет“.

МАКЕДОНИЈА
Од Плусинфо Објавено 22/10/2021 19:24:07


Мислам дека оваа вест ја објавија наназад, без волку детали, нека биде ова апдејт на првичните информации.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.981
Поени од реакции
14.767
нема информации бидејќи овде се вмешани браЧата од МНР, за нав никој не смее да писне. Ни ене им ги знаеме релациите и дубарите, а нивните ќутат коо заливени
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
Се стегнал обрачот и околу доминантната екипа Грчец-Дуќанџиќ, полицијата за убиството на Ејуп Бислими од Септември годинава имала 2, 3 осомничени лица, едниот бил познат лик во Топанско Поле, извесен лик со прекар Џуџе, инаку од кога се случило убиството Оки и екипата му нашле некаде престој за да не го фати полиција. Меѓудругото Оки почнал да преговара и со Скендер Зејди Зеид, член на партијата Алијанса за Албанците.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
Превземено од Твитер.

"Полиција го запре мерцедесот
SR 3333 ZZ пред Валандовско брдо......


Еден полицаец од ПС Валандово е разместен од полицаец во крим техница само заради тоа што му пиша казна на Вице Заев за неносење маска во кола. Инаку е разместен затоа што крим техника зимаат најниска плата во полицијата !!"

Интересно е ова, секоја власт си игра режим. Малку е Оф Топик мислење, но ја разбирате поентата, традиција на лечење мафијашки комплекси на поединци од власта.
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
746
Поени од реакции
533
Едно искрено прашање до тие што често споделувате инфо во темава, зошто не се спомнуваат партиските криминалци ? И за тие на функција мислам, небитно дали политичари или полиција или што и да е. Буквално врие од криминалци по сите градови низ државава во сите сфери од сообраќаец до градоначалници (без разлика биле плави или црвени). Барем да се дискутира за локалци може ќе се заинтересира некој "медиум" да прочепка да се потврди нешто да има некој медиумски притисок.
 
Член од
30 јануари 2019
Мислења
82
Поени од реакции
107
Превземено од Твитер.

"Полиција го запре мерцедесот
SR 3333 ZZ пред Валандовско брдо......


Еден полицаец од ПС Валандово е разместен од полицаец во крим техница само заради тоа што му пиша казна на Вице Заев за неносење маска во кола. Инаку е разместен затоа што крим техника зимаат најниска плата во полицијата !!"

Интересно е ова, секоја власт си игра режим. Малку е Оф Топик мислење, но ја разбирате поентата, традиција на лечење мафијашки комплекси на поединци од власта.
Сопственикот на посоченото возило нема ни најмала поврзаност со фамилијата Заеви.
Друга интересна работа е што луѓето имаат многу лоша претстава кога ќе се спомне презимето Заеви, "кланот" Заеви.
Никој од потесното семејство нема мафијашки комплекс да покажува или игра моќ, што не е случај за нивни блиски потрчковци т.е соработници.
Некој полицаец пишал казна на Вице Заев? - Не дека нема право, но никој не би пишал казна напротив им се умилкуваат сите на секаков начин само и само да добијат едно повратно здраво ако се разминат низ град.... :)
 
Член од
5 февруари 2019
Мислења
68
Поени од реакции
160
Сопственикот на посоченото возило нема ни најмала поврзаност со фамилијата Заеви.
Друга интересна работа е што луѓето имаат многу лоша претстава кога ќе се спомне презимето Заеви, "кланот" Заеви.
Никој од потесното семејство нема мафијашки комплекс да покажува или игра моќ, што не е случај за нивни блиски потрчковци т.е соработници.
Некој полицаец пишал казна на Вице Заев? - Не дека нема право, но никој не би пишал казна напротив им се умилкуваат сите на секаков начин само и само да добијат едно повратно здраво ако се разминат низ град.... :)
Zaborai da pises uste da glasame za Shilegov :D
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
Се шират многу муабети за лихварот Африм Ајредини, па еве нешто од добар извор и за него. Бил човек кој има доста познаници во Словачка, лик близок со градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети. Африм Ајредини едно време живеел во Братислава Словачка, имал ресторан таму и се запознал со доста тамошни криминалци, почнал уште таму да се занимава со препродажба на коли, потоа кога си дошол назад во Македонија почнал со лихварство и станал познаник на Шеваљ Муареми и нормално близок со Блерим Беџети. Африм исто имал и прилика да биде вплеткан во конфликтот со Агим Красниќи, но он тоа не го прифатил поради негова сигурност. Сега имал и авто плац во Скопје, па го знаеле по тоа дека новите коли ги носи од Словачка, а конекциите на Африм за земање дозвола за оружје, оделе преку високи функционери од полициска станица Ѓорче Петров. Наводно имал можност да отвори диско клуб во Братислава, но сакал да се врати во Македонија и да продолжил со бизнисите кои ги работел и порано.
 

Schürrle

can't be touched
Член од
19 ноември 2008
Мислења
3.020
Поени од реакции
2.059
Превземено од Твитер.

"Полиција го запре мерцедесот
SR 3333 ZZ пред Валандовско брдо......


Еден полицаец од ПС Валандово е разместен од полицаец во крим техница само заради тоа што му пиша казна на Вице Заев за неносење маска во кола. Инаку е разместен затоа што крим техника зимаат најниска плата во полицијата !!"

Интересно е ова, секоја власт си игра режим. Малку е Оф Топик мислење, но ја разбирате поентата, традиција на лечење мафијашки комплекси на поединци од власта.
Mercedesov e na sinot na Vasko Pisev:icon_lol:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom