https://infomax.mk/wp/видеодетали-за-престрелката-на-рузве-2/
Да ти објаснам на кратко.
Според пишуваното, началник од УБК (Јовче Ременски - сопруг на Фросина, не е пишан во текстот негов идентитет, ама сам на фб кажа дека се работи за него, и воедно демантираше секаква поврзаност), имал последниов период многу често контакти со Наим.
Пред 3,4 недели имаше акција во катната гаража во Сити Мол, и првична информација беше дека е запленета голема количина на дрога и оружје, па излезе инфо дека брат од обезбедувањето на Заев, и Шеваљ од Грчец биле во возилото со дрогата.
И утредента имаше официјално инфо од МВР дека
само еден пиштол е пронајден.
Според ова од инфомакс, Наим ја нарачал акцијата, а Јовче ја спровел. Иако во убк, Јовче е началник за тотално друга работа, што нема врска со организиран криминал и шверц на наркотици. Сепак несомнено е дека има влијание, и може да нареди такво нешто.
И крајот е дека, наводно и при таа акција, и при претходни притисоци од полицијата врз групата на Шеваљ, им било пренесувано дека Наим им "праќа полицијa" константно, и дека тој стои позади зачестената контрола врз нив.
Резултат: Ликвидација на Наим
Што е вистина, којзнае.