Памтам ова кога се случи, многу малце помпа и интерес имаше од јавноста тогаш, да беше сега ќе се збореше со недели...
Памтам жените им останаа живи, искочија од задни седишта цели со стакло и крв на нив...напред мажите изрешетани со калаши, сред бел ден на разкрсница.
Крвна одмазда, тоа е мотивот за вчерашното грозоморно убиство на Бранко Ивановски и неговиот шура Љупчо Атанасовски. Ивановски е осуден на 2 и пол години затвор за убиството на Џелил Сулејмани извршено во април, во Чаир, во расправија за паркинг.
Семејството на вчера убиените е убедено дека станува збор за крвна одмазда во која главна цел бил токму Ивановски. И полицијата се сомнева но истражува.
„Не би сакале да претпоставуваме меѓутоа како и во сите други случаеви така и во овој не ја исклучуваме таа можност“, изјави Борче Пешевски одделение за односи со јавност.
Јовановски и Атанасовски се убиени вчера попладне на улицата Ацо Шопов во Влае, биле сочекани во класична заседа, кога застанале на црвено на семафор, убијците излегле од синиот стокец и ги измасакрирале двајцата на предните седиште.
Изрешетани се и сопругите на убиените Светлана Јовановска и Сунца Атанасовска, сеуште се во критична состојба и во животна опасност, имаат рани по градите, и иако се свесни дишат со помош на апарати. Ладнокрвните убијци смениле и испукале неколку шаржери на калашњиковите.
Се качиле во црн голф без таблички и избегале. Нивните жртви се враќале од „блага ракија“, ден пред пукањето и својата смрт, Атанасовски правел свадба на ќерката. Постојано со нив биле и сестра му Сунца и нејзиниот сопруг Бранко Ивановски, по инцидентот во април во Чаир за да го заштити семејството, Бранко го напуштил станот во Чаир и живеел во селото Бардовци во старата куќа на неговата жена.
Неговите слушнале дека имал закани од пријателите на убиениот Сулејмани, но не дека само тој ќе биде убиен туку и повеќе негови роднини. Во полицијата не пријавувал закани и немал постојана заштита.
„Постојат некои контакти и ние како министерство превземавме одредени мерки на превентивен план до она што со закон ние дозволено“, рече Пешевски
Убијците се во бегство, на местото каде е пукано, ги нема траговите, полицајци денеска ги испрашуваа соседите. Форд ескортот во кој беа убиени двајца, а две жени се тешко ранети е во кругот на МВР- форензичарите бараат нови докази.