Сашо Димитровски Боксер
Уште еден поголем член на кумановското подземје. Не сум сигурен дали имам по нешто за Сашо Боксер напишано, но знам дека официјално и званично немам пишувано за него. За жал од него слика не најдов.
Сашо бил боксер, еден од поуспешните боксери од Куманово и воопшто во Македонија. Повеќекратен бокс шампион. Но, освен спортист Сашо бил и криминалец. И тоа доста познат и голем криминалец. Се занимавал главно со рекет. Како кумановчанец иако постар од него бил и многу близок човек на Горан Мујо. Околу Сашо Боксер има многу многу дела, престрелки и случки.
Покрај големи рекет активности познато е дека Сашо бил и обезбедувач, телохранител на гласачки места и политички личности директно ангажиран од тогашните СДСМ. Поради оваа врска на Сашо му се простиле многу дела и стекнал поверење кај многу големи функционери од таа власт во неговиот град. За возврат на тоа Сашо правел инициденти на политичка основа... Тепал новинари, кршел камери, тепал опозициски политичари итн. Друга позната работа околу Сашо е дека кафеаната Европа во близина на автобуската во Куманово била на Сашо. Тој е убиен во таа кафеана. Али додека да дојдеме до убиството прво следат попратнтие мотиви и обиди за негови убиства.
Убиството на Сашо Боксер
(Обиди за убиство и инциденти)
Пред конечната ликвидација на последниот поголем македонец криминалец во Куманово Сашо Боксер имало и доста други обиди за негово убиство убиство.
Првиот обид за негово убиство е во 2001 пред кумановската гимназија каде наводно револтиран родител пукал кон Сашо за да го убие, но во овој случај тој поминал неповреден а дете од основното училиште кое се наоѓало во близина покрај голема група врсници било погодено од заскитаниот куршум и починало.
Потоа 2003 година во една чајџилница кон Сашо пукал албански мафијаш мислам дека Бајруш Сејдиу ама не сум сигурен каде повторно Сашо поминува без повреди а убиецот си погодува по грешка негов внук од брат кој подоцна починал.
Овој настан за обид за убиство на Сашо незнам од кога е, но отприлика девеесетите со оглед на тоа што тогаш Сашо имал (32) години, но е неизбежен дел од низата обиди за негова ликвидација. Настанот се одвивал така што во бокс клубот (Фајтер) во Куманово Бајруш Сејдиу седел со негови пријатели и роднини и кога влегол Сашо и му пружил рака да се поздрави Бајруш извадил пиштол и пукал во главата на Сашо по што куршумот само го изгребал Сашо по страната на главата а куршумот завршил директно во градите на братучедот на Бајруш кој по неколку часа починал.
Околу Сашо во раните двеиљадити се спомнуваа инциденти и престрелки и низ Скопје.
(Официјалното успешно убиство на Сашо)
На 10 септември 2005 година околу 12 и 30 по полноќ во сопствената кафеана Европа во близина на автобуската станица во Куманово е убиен Сашо Димитровски Боксер. Сашо е убиен така што тој со уште двајца негови луѓе седел во дворот на кафеаната и во еден момент од чиста мира пред влезот на кафеаната запрала кола од која испаднале двајца вооружени лица кои со пиштоли го изрешетале Сашо со најмалку осум куршуми во глава и тело по што убијците екпресно брзо побегнале а Сашо починал на лице место. Луѓето околу него не биле повредени пошто логично тие не биле мета на нападот. Некои тврдат дека Сашо во последно време намирисувал што го очекува и дека тоа го правело нервозен со оглед на низата обиди за убиство. И дека вечерта пред да биде убиен кога стасал во кафеаната тој нервозен уништувал возила паркирани околу кафеаната.
Бајруш Сејдиу е најадекватен можен негов убиец. Не можен всушност јавна тајна е дека тој го уби. На почетокот се сметаше дека се работи за платени убијци и дека толку професионално и брзо само платени убијци можат да завршат работа. Бајруш наводно ги нарачал убијците од Косово. По убиството се носеа нови и нови сведоци се делеше вината на разни наводни сторители и мислам дека роднина на Бајруш го осудија како конечен убиец, но сето тоа за да се заташка вистината на тогаш моќниот и од закон недопирлив Бајруш Сејдиу.
Вечер за убиството на Сашо Боксер.
http://vecer.mk/makedonija/ubien-sasho-dimitrovski-bokser
Вест за убиството на Сашо.
http://star.vest.com.mk/default.asp?id=103782&idg=6&idb=1562&rubrika=Crna+Hronika
Утрински за убиството на Сашо.
http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1875&stID=42919&pR=15
Дневник за инцидентот во б.к. Фајтер каде Бајруш лично се обидел да го убие Сашо.
http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=1995&stID=9919[DOUBLEPOST=1437058330][/DOUBLEPOST]Се догребав едвај до една слика од Сашо. На сликава се Сашо и неговите луѓе, точно незнам али мислам дека Сашо е овој најлево со плаво бела јакна. Ако грешам нека поправат кумановци. Иначе веројатно некој од овие луѓе биле со него кога е убиен.