Криза во македонската музичка сцена?

Член од
31 декември 2007
Мислења
441
Поени од реакции
111
Го спомнувам Евросонгот зошто пракаме таму исти песни кои ги има и општо на музичката естрада кај нас,и пак ке кажам како што кажа Крејзи кај нас се сведи само истото оф леле ме напушти,имаш друга изневери ме копнежу мој.Истото што го имавме до сега на естрадата го пракаме и на евросонгот а на крај некој се чуди зошто не сме влегле во финале.Одењето на Евросонг и Беовизии е дел од кариерата која пејачот си ја гради.



Тогаш која е причината за слушање на турбофолк од страна на младите?Баш ме интересира,дека можеби и навистина сум во грешка.
Ништо не викам за турбофолкот,не го преферирам,ама можам да кажам дека србите,хрватите поседуваат одлични пеачи со убави песни кои секогаш биле и се хит иако не ги слушам толку често.Само доколку ми пуштат..
значи да, тие не се разликуваат нешто претерано од песните што се ствараат преку година ,меѓутоа ги бираме најлошите од тој тип на песни кои ги создаваме,најлошите што ги испеале нашите преставници во своите кариери,песни кој не се ни слушливи, ни певливи ,со тешка мелодија ,нешто што не се лепи за уво


Одење на Беовизија подразбира пеење на српски ,градење на кариера надвор од Македонија на Балканот подразбира пеење на српско хрватски ,нивните пејачи пејат исти текстови и дома и во Македонија ,нашите пејат различни текстови на едни исти песни дома и надвор и тука се гледа таа јазична доминација на српско хрватскиот јазик на Балканот ,затоа напишав дека колку и да би била хипотетички јака нашата музика и пејачи сепак поради тоа што пееме на македонски популарноста на нашите пејачи ке им биде ограничена, сведена на Македонија,а тоа значи помала популарност ,а тоа значи ќе се најдат многу кој ќе кажат нашиов е популарен само кај нас, а овој другиов(што пее на српски) дома ,во сите земји кои зборуваат српско хрватски и во оние кој разбираат(Словенија и Македонија) и одма ќе резонираат значи поквалитетен е ,ти така ми резонираш:toe:
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Каква криза, еве се здружија најголемите ѕвезди во два табора и направија два големи хита. :pos:

Неќу да фаќам страна али на Есдеес е боље. Оваа на Вемероу многу е „ние.. ние... ние... реформи.. реформи...реформи“, ептен Геј Геј стил. :)
 
I

Iblis

Гостин
Неќу да фаќам страна али на Есдеес е боље. Оваа на Вемероу многу е „ние.. ние... ние... реформи.. реформи...реформи“, ептен Геј Геј стил. :)
Башка на Есдеес има и дупло повеќе views, значи на мнозинството по му се допаѓа :tapp::tv:
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Тек ке видеме дали ке успее.Може ке се најде некој кој ке го бутне напред.Рано е за предвидување ама сепак тргнал по пат и мислел дека ке успее,а србите само заради нивните убави текстови и глас и многу бројни пејачи затоа и победуваат на Евросонгови а ние не можеме ни да се пласираме во финале.Речиси се секоја година во првите 5.А ние не можеме да се помрднеме од место.
Зошто се ориентирате според Евровизија? Никој од големиве земји не ја сфаќа Евровизија сериозно. Баш ги пратам топ листите во Британија секоја недела. Абе ниеден од попознативе не сака да биде учесник во Евровизија. Блу се исклучок, али тие веќе немаат што друго, им пропаднаа соло кариерите па бараат чаре било како.

--- надополнето ---

Американци или Британци не е битно.Се слушаат Бритни,Енрике, и познати светски поп групи не само заради јазикот на кој пеат туку и имањето сенс за музика,убаво створен текст и музика а не кај нас зуркли и тапани,тоа па тоа.Медиумите си претеруваат секогаш,тоа им е и работата,да величат некој кој си нема појма од пеење.
Абе Бритни и Енрике што имаат едни текстови, што да ти кажам. Tonight I'm fucking you или Hold it against me текстовите се ужас.

--- надополнето ---

Точно, ако отидеш на youtube на било која песна која била популарна во 60,70,80 години ги имаш истите коментари ко и нашите: "нема веќе ваква музика и вакви пејачи,ова беше музика"па дајте кажете ми светски хит од последните години кој е стварно квалитет и има шанси да биде евергрин ајде предлози,ја мислам дека нема многу, се инстант хитови кој траат месец -два:toe:
Од Бијонсе песните. Мене лично не ми се ништо посебно, но мислам дека имаат потенцијал да останат.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Нема криза во македонската поп естрада ма шо вие ???
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
НЕМА КРИЗА ВО МАКЕДОНСКАТА ПОП СЦЕНА.......ЗАШТО ЈА НЕМА......
МОЖЕБИ ИМА НЕКОЈ ИСКЛУЧОК.....АМА ВОГЛАВНО Е........ТИТАНИК
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Па кризата е општа, не фаќа само на македонска музика или поп музика.

Еве вчера на матура, децата играа на омилените песни на нивните мајки и татковци. Дали за 20 години и нашите деца така ќе играат на сегашниве песни?

Хах, кои сегашни песни, да не се лажеме. :)
 
Член од
31 декември 2007
Мислења
441
Поени од реакции
111
Еве искуство од прва рака од интервјуто на Тамара Тодевска,наменето за оние кој инсистираат дека Србите имале добри пејачи и квалитетна музика

Во еден период изгледаше дека ќе се концентрираш на српската естрада.

Не! Сум била таму, ги знам состојбите и воопшто немам такви амбиции. Во Србија не можеш да пласираш квалитетна музика, зашто ако не те пуштат на „Пинк“ и на „Гранд“, не си направил ништо. А, јас не можам да го направам тој компромис. Сестра ми Тијана имаше среќа да го фати последниот воз додека поп музиката се’ уште поминуваше таму, пред десетина години, па сега има простор да се занимава со она што го сака. Денес во Македонија се создава поквалитетна музика, а и повеќе се цени. Во Србија правам по нешто само за да имам причина почесто да одам во Белград и да си ги видам Тијана, зетот, а особено внукот. Бев во реалното шоу „Двор“ и видов кои луѓе се популарни, каква музика пеат и каква слушаат. Пред малку го споменавме Влатче. Белградскиот менаџер Гане Пецикоза виде потенцијал во него на промоцијата на „Русинка“ и се нафати таму да му отвори некои врати. Му организираше прес-конференции и го претстави на одредени луѓе, но Влатко може да се вклопи во филмот на Горан Бреговиќ и на Дино Мерлин, а јас не можам да се вклопам во филмот на Сека Алексиќ и Дара Бубамара.


 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.067
Поени од реакции
25.060
Параграф два за моменталната музичка сцена.

Дека светската музичка сцена е отидена у тотален кјурац долго време не е ништо ново, уште од времето кога мејнстрим хип-хопот и аренбито како излив на фекална канализација усмрдеа се што можеше да се усмрди. За вкусови не може да се дискутира, ама па Џеј Зи, Бијонсе, Паф Деди П Диди, 50 Сент или како год и да се разбудил денес, има вкус на машка чорапа од војска. И додека периодот од 2000 па до денес токму таа музика како пиво во уринарен тракт го превзеде просторот, македонската музичка сцена не остана покуса.
До некаде 1998-ма година Македонската музичка сцена (забавната) живуркаше од Макфест до Макфест од Дарио и Ристо Самрџиев па до Тања Кочовска и Трајче Манев немаше ништо организирано никаква промоција, никаков бизнис, не сметајќи ги 12 Величествени, тук-там некое студијце на Тоше Поп-Симонов и Валентино Скендеровски и некое албумче, како и Шоуто мора да продолжи на МТВ. Знам дека мега-арогантниот копук Антонио Димитриевски мака мачеше да собере 4 албуми за номинација на Албум на годината или 4 пејчаи за 12-те величенствени па имаше и некои трагикомични појави како Ѓоко Ѓорчев (сега 90% од тие што го читаат ова си викаат во себе кој??????) кои освојуваа со пејач на годината. Како и да е, барем се гледаше на тоа каква песна ќе се извади мелодиски, текстуално, аранжерски и барем да има нешто во песната што држи вода и ниво. Се разбира Огнен Неделковски и Глигор Копров беа монопол како Центро и Славија во самопослугарството пред повеќе од 20 години.
Негде (мада мислам дека точно) 1998-ма се случија неколку работи што направија преокрет во нашата сцена. Пред се на Макфест се деси преседан односно претпоставувам од притисоци на новото време и од бизнис маркетиншки цели Магија победија на фестивалот со истоимената песна и засекогаш (барем до ден денешен) ја посраа нашата најдобра музичка манифестација. Истата година Раде Врчак се врати од гурбет од Штатите (САД) со геј фризурче како Ник Картер од Бекстрит Бојс и заедно си Пи Ес ја испеава култната И повторно сам или во чаршијата позната како Чекам да се стемни. Направи и спотче и "работите како лавина тргнаа во нагорна линија".
Се појави антимузикалниот, антиталентираниот, анти-се-што-е-потребно-да-се-биде-шоу-фаца Угро со неговата 100% продукција и неговите 6 броја, и тогаш настапи цунамито. Клик-клак, Ексклузив, Ин, Саша Лаки, Станиша, Рашо, Дани-Овој град е магичен (многу јака пичоња беше тогаш), Сотир Лалевски. Мелани (бомбомба е иначе прв спот каде што се гледа танга на г'з, јесда преку фармерка ама пак јако беше) беа само дел од ѕвездите кои растеа како габи на немиена вагина. На сите песните им се пуштаа на некое радио и/или телевизија се појави и телевизија МС (Мак Спот) која пушташе и ќоро и сакато. Сите беа пејачи тогаш. Баба ми да изгледаше поубаво ќе беше пејачка.
Па некоја година после тоа "менаџериштето" Иво Јанковски отако ги изгуби од своето Трето Уво продукција Анастасија и Архангел, мудро менџерски увиде дека масата сака секс, тралалајки (нинанајки) и јак маркетинг. И по копи-пејст филзофијата на талент шоуата од wesтот на широкиот публикум во чирлидерски аутфит (намерно пошто е облека-фетиш на секој ментално здрав и хетеро мужјак) Елена Ристеска, а наредната година како баланс меѓу половите и за да имаат девојките од 9 до 13 на што да вриштат во зелена тренерка и џигерица а'ла Гермаснките порно глумци од 80-тите-Ламбе.
Во главно деволуцијата продолжи по таа насока и денес имаме ликови како Софија Манева и нејзината Лигав Тип за сркање. Па милион менаџерчиња некои ни 2 грама мозок немаат ама битно препуцавањата на релација пејачи-менаџери-продуценти и меѓусебното мавање со мрсули продолжи. Енд оф корс тоа е шоу кое мора да продолжи а каде е шоуто без медиуми. Па се појавија весници како Крема, Свет-фиромаседониан едишн, тв програми како Ексклузив, Бекстејџ кои се значајни фасилитатори на целата процедура. Ама така функционира една сцена. На тронот останаа Јованов, Тврдич, Гаџа и компанија.
In the mean time somewhere in the wild west... Ријана од фино ќупе ја направија садо-мазо ороспија, се појавуваат Лејди Гага, Кети Пери гола се сунча на облачиња итн. Има една многу функционална формула што им е на сите јасна скандалозно+сексуално+трлалајка народна песна=пари. Во главном женските певаљки нарочито Лејди Гага па и другите се бледа копија на Мадона. Значи ок, Мадона музички гледано нема никаков квалитет, мислам тие нејзините лимонатки песни ако ги испееше некоја ружна и закопчана до грло певаљка ама со моќен вокал немаше да станат хит. Ама Мадона е неприкосновена матица на шоуто и е оригиналот. Овие другиве се само бљеди копии, и ја носат вулгарноста до ниво до кое не знаевме дека постои. Ама генетски-стрвниот пипшоуер човекот тоа сака и на тоа се пали.
Нови трендови во странската музика кои кај и да е ги очекивам кај нас се концептот хаус-хип хоп. По огромниот хит на Дејвид Гета и Кели Роланд-Кад Љубав предузме (намерно ја ставам на српски за да се потенцира поентата во насловот дека турбофолкот воопшто не е пошунд од тоа што генералната маса слуша), тој правец сега се фура на велико. Па згора на тоа сега на цена се поер-рапер дует во хаус песна како што е случајот Енрике-Лудакрис, Гета-Снуп Дог, Ѓоко Таневски-Били Звер итд...
Втор тренд што лично ми ги прави тестисите рандом јужно американско овошје (цитрони, манго (подзабелеша за девојките: не продавницата за облека), папаја) се преработките на стари песни во нови стилови кој во главно е или хаус или мирна верзија. Иако генерално немам ништо против преработките се додека самата преработка има некоја потенцијална поента, димензија или друг шмек и штимул што оригиналот латентно го имал во себе но не можел во дадената форма кога бил креиран да го пренесе или пак доколку самата адаптација му дава нова димензија на истиот.
Ама да се разбереме кога ќе ја чујам Unforgiven од Metallica во спора чил-аут Нувељ Враг (ѓаол) верзија со некој женски вокал што ми ја пее како да ми свршава на хот-лајн телефонска линија е бљувоштина бре. Тој што ја правел преработката го гледал ли спотот на оригиналот како изгледа и колку е само мрачен, па да прави таква дебилна преработка за да ја пуштаат во неделно попадневно ебазење на Сити Радио? Или Dance me to the end of Love од легендарниод Cohen во свинг верзија за денсање. И како сега на дебили да им објасниш дека тоа е подлабока, дури мрачна емотивно-љубовна песна, која како што прочитав си влече инспирација и од Холокаустот да ја правиш на весеље. И тоа не е се. Мамбо Италиано по милионити пат, Мучо Свеј, Бамбино, Love will tear us appart, Billie Jean се само дел од жртвите кои новиве дечки успеаа да ги кастрираат и тоа без анестезија, со голи раце
А после мене ми викаат дека сум кичерист оти сум слушал турбо-фолк. Па поголем турбо-фолк (како поим не како музика) од тоа што се слуша секојдневно нема.
И што е најстрашно-вие не слушате срање. Срањето е одамна измислено. Вие ја слушате копијата на срањето, што е полошо и од самото срање.

Толку имав на кратко (оти на долго ќе им треба на форумскиве газди уште еден сервер) да кажам и да направам паралела и историјат на последнава деценија од светската и македонската музика.

Авторот не е музички образован и не му чуе.
Исто така не одговара за печатни грешки.
Исто, исто така ликовите и сите називи споменати во постот се тотално измислени и не постојат во реалноста. Секоја коинциденција е ненамерна.
 

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Музичка сцена ? Со две поголеми издавачки куќи кој форсираат исти тип на музика и не оставаат место за промовирање на квалитетните македонски артисти - баш и нема некоја сцена. Би ги поделил еднсотавно во 4 категории пеачите на МК сцената.
1) Постари поп/поп-рок пејачи - Овие се толку излитени што немаат направено нешто што звучи свежо 10 години. Дедо ви , татко ви и вие го слушате истиот материјал од артистот кој уствари можда е и нов ама сите песни исто звучат . Претставници : Калиопи , Владо Јаневски , Дарио .
2) Нови поп/Ритам енд Булшит пејачи - Овие пак , за разлика од претходните цело време вадат нешто ново и затоа албум на ваков пеач звучи како турлитава. Фураат некој западњачки филм и се обидуваат да ја задскријат оригиналната MTV преработка на песната што ја пеат. Најчесто опстануваат пошто се форсирани на медиумите , имаат куп пари или дел од нив се симпатични на малолетната публика. Класични претставници се Јован Јованов , Каролина Гочева, Роберт Билбилов.
3) Комерцијален (к)рап - Овие артисти се толку авантгардни што цело време пцуат и се паралелно во West/East Coast филм и во Godfather филм. Од една страна глумат гето , од друга страна се возат со џипови. Претежно овие малди момци имаат IQ испод 90 ама затоа малолетничките што ги слушаат имаат двојно помало. Очигледни претставници се : Тони Зен , Слаткар па дури и Врчак доека беше активен.
4) (Без)надежен бран на нови таленти - Е овдека спаѓаат сите оние кој не влегуваат во претходните 3 шаблона а сепак се срање. Тоа се бендови и артисти кој се трудат да направат нешто ново или копираат стари артисти „незабележително“ и се за нигде во тоа. Без разлика на стилот - неуспеваат . Лигави се , вештачки се и се гледа дека очигледна цел им е да соберат пари . Претставници : Влатче (Морал) , Некст Тајм , оној-со-цвикери-што-го-копира-Тоше-и-не-му-го-знам-името итн.
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
211
Поени од реакции
105
Музичка сцена ? Со две поголеми издавачки куќи кој форсираат исти тип на музика и не оставаат место за промовирање на квалитетните македонски артисти - баш и нема некоја сцена. Би ги поделил еднсотавно во 4 категории пеачите на МК сцената.
1) Постари поп/поп-рок пејачи - Овие се толку излитени што немаат направено нешто што звучи свежо 10 години. Дедо ви , татко ви и вие го слушате истиот материјал од артистот кој уствари можда е и нов ама сите песни исто звучат . Претставници : Калиопи , Владо Јаневски , Дарио .
2) Нови поп/Ритам енд Булшит пејачи - Овие пак , за разлика од претходните цело време вадат нешто ново и затоа албум на ваков пеач звучи како турлитава. Фураат некој западњачки филм и се обидуваат да ја задскријат оригиналната MTV преработка на песната што ја пеат. Најчесто опстануваат пошто се форсирани на медиумите , имаат куп пари или дел од нив се симпатични на малолетната публика. Класични претставници се Јован Јованов , Каролина Гочева, Роберт Билбилов.
3) Комерцијален (к)рап - Овие артисти се толку авантгардни што цело време пцуат и се паралелно во West/East Coast филм и во Godfather филм. Од една страна глумат гето , од друга страна се возат со џипови. Претежно овие малди момци имаат IQ испод 90 ама затоа малолетничките што ги слушаат имаат двојно помало. Очигледни претставници се : Тони Зен , Слаткар па дури и Врчак доека беше активен.
4) (Без)надежен бран на нови таленти - Е овдека спаѓаат сите оние кој не влегуваат во претходните 3 шаблона а сепак се срање. Тоа се бендови и артисти кој се трудат да направат нешто ново или копираат стари артисти „незабележително“ и се за нигде во тоа. Без разлика на стилот - неуспеваат . Лигави се , вештачки се и се гледа дека очигледна цел им е да соберат пари . Претставници : Влатче (Морал) , Некст Тајм , оној-со-цвикери-што-го-копира-Тоше-и-не-му-го-знам-името итн.
Znaete li zasto ne ja biva makedonskata scena??
Zatoa sto ne znaeme da podrzime toa sto e dobro i vredi,a se znae kako se podrzuva eden bend, so kupuvanje niven materijal ( ne download) i idenje na nivni koncerti i nastapi.
Koga na tie luge so stvarno se dobri ke im skisne od toa vie vernite muzicki konzumenti da gi serete, lugeto ednostavno bataluvaat da svirat i se razocaruvaat. E posle otkako ke go snema kvalitetot doaga sundot, ona kopijata, sranjeto i plagijatot. Samite vie dozvolivte toa da vi se servira.Na Tv, na radio,u kaficite kade sto izleguvate..
Najdobar primer se Memorija,Arhangel,Senatorium, koi sto vidoa deka nema aber od svirenje u Makedonija zosto samo znaete da plukate i ljubomorite.. E posle otkako ke skinat oni konci,ke se otkazat, ili ednostavno ke gi snema moze ke vi e krivo ALI ja ipak mislam deka ke recete:
Abe ebati bendot,Ne bile uporni, bile fejkeri,pozeri,tezgari, i na kraj pak ke si slusate Itno mi trebas ti - Jovan Jovanov i kompanija zatoa sto maloletnata vasa devojka e luda po niv :))) A nema da ja karite na VOjna od Arhangel, ili pak na " Bez razum i svest " - Senatorium :)))
Znaci do nas e, ne e do scenata. Nema koj da ja podrzi i posle vaka ke si kukame.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Која македонска естрада, кои сини очи? Поштувам Архангел, Анастасија, Суперхикс,Bei The Fish, Љубојна, Кирил Џајковски... Толку, другото се сведува на "грандиозни" тетоважи, депилиран мишкаст дел, птичји мозга, кришки ајвар и божествени песни од големиот продуцент Геј Геј...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom